1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Дали сте задоволни од нашето здравство?

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Marick14, 7 август 2012.

  1. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Најново 36 милиони евра за барокна зграда на народна банка и 9 милиони за `антички` амфитеатар, 45 милиончиња и тоа без анекси, со нив секако ќе биде накај 55-60...
    Се њама пари, криза е, затоа мора да умираат деца...
     
    На Io Sono и Altaïr им се допаѓа ова.
  2. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Ме зафркаваш ли ти мене? Не е нормално ова жими се.
    Јас ти викам информациите ги добив од самиот себе, што значи дека јас бев на лице место и видов што и како се случува, или ако сакаш уште појасно за да разбереш, мене ми се случи тоа.
    Сега појасно ти е?
    Ако некој иначе си отишол пред крајот на работното време, или му е досадно, или не му се работи. А тој сељакот специјалистички, мисли дека е многу јак и може што сака да прави, штом се вработил на такво место мора значи МОРА да седи до крајот на работното време.

    И не лажи, ти ги бранеше и министерот и докторите.
     
  3. misterija

    misterija Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    27 јануари 2016
    Мислења:
    741
    Допаѓања:
    613
    Алтаирчо, нешто ми мафташ..хахаххаа..како си бил ти лично таму, имаше закажано на мој термин!?
    Не си имал закажано, ете јас ке ти кажам....е што е работата??
     
  4. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Зошто докторот не беше тука за време на работното време?
    Мајка ми имаше итен упат, не треба мој термин.
     
  5. misterija

    misterija Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    27 јануари 2016
    Мислења:
    741
    Допаѓања:
    613
    Докторот мора ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги примисите пациенти што му се на список за тој ден од мој термин....за секој пациент прави извештај, за тие што не се прегледани треба да даде изјава и објаснување зошто не е извршен прегледот..откако поврзаа компјутерски цело здравсрво директно со фондот, контроли се прават секојдневно! Значи да не те бунам и да не давам, казни постојат,жалби постојат..а за приоритетен ако имала мајкати, тој важи пет дена...е сега ако докторот ги завршил сите пациенти и немал други за тој ден, слободен е...а сестрата ке и закаже на мајкати.
    Мој термин е многу добра работа, само нашево Македонче незнае да чека ред, незнае да дојде точно на време и...
     
  6. misterija

    misterija Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    27 јануари 2016
    Мислења:
    741
    Допаѓања:
    613
    Ова нема везе со темата здравство, може друга политика на друга тема....и мене не ми се допаќа барокното расипништво и многу др,небитни работи..не само за деца ти што ги спомнуваш, воопшто за подигање на стандардот на сите граѓани треба најпрво, други осетливи прашања а тоа е нешто друго за кое немам врска ниту моќ да сменам...е само да се нервирам...
     
  7. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Како може слободен да е? Си пишува работно време немој да ме зафркаваш, и да нема пациенти не смее да си оди пред да му заврши работното време, тоа е исто како да си избегал од работа. Што ако важи упатот 5 дена? Штом е итен значи потребна е помош моментално, а не да седи она 4 дена дома па после да оди, да го чека докторот да дојде затоа што тој не можел уште 2 саати да поседи, не дека го терал некој да седи туку морал да седи ама ај. Не ме мафтај мене, немам 5 години и имам мозок, не ми кажувај мој термини ова она, кога е итен случајот не е потребно закажување, а докторот МОРА да прими таков пациент иако нема закажано. Ете затоа мора да седи до крај на работно време.
     
    На Аркантос му/ѝ се допаѓа ова.
  8. misterija

    misterija Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    27 јануари 2016
    Мислења:
    741
    Допаѓања:
    613
    Приоритетен упат не е итен случај..итните случаи одат на дежурна служба без упат.
    Пациенти со приоритетен упат се прегледуваат последни, предимство имаат закажаните со мој термин а потоа, ако не е многу касно, мислам на крај на работно време и ако сака пациентот со приоритетниот да чека неколку саати, тогаш него го прегледуваат ама најчесто му се закажува во рок од пет дена.
    Оди кај докторот и прашај го зошто не бил на работно место на тој ден и во толку саат, да ти олесни на душата.;)
     
    На corki и Prashina им се допаѓа ова.
  9. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Не сум знаел дека некој со приоритетен упат се прегледува последен. Значи предност има некој старец кој нема што да прави дома па си закажал на доктор да си направи муабет. Иначе и тука беа зачудени како тоа си отишол пред 14 часот, и тука ни рекоа да не чекаме туку одма да влеземе кај него, секако ако беше тука ќе влезевме ама не беше, досадно му било. Жити здравството скапано.
     
  10. misterija

    misterija Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    27 јануари 2016
    Мислења:
    741
    Допаѓања:
    613
    Алтаирчо, ако ти е мерак да плукаш по здравството и тоа ти претставува одредени убави чувства на душата, кажи и да не се мачам да ти објаснувам....Нема предност никој друг освен тој што си закал во тој термин, во толку и толку часот..не мешај работи сега.......а за скапано здравство, искрено ќе ти кажам, јас познавам и многу поскапано од ова што е сега.
     

Сподели: