Дали сте зависни од интернет?

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Бев порано зависен.......дури не си купив компјутер се скапав пари давање по кафулиња. Да, интернетот е мој живот, а и Швицарска!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Badgirl

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Не сум можам брзо да си најдам замена за интернетот и со месеци да не се уклучувам, но проблем ми е кога ќе се уклучам и кога ќе треба да се исклучам, немам абер за гасење.
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Не е толку зависност колку што е проста потреба.

Поради начинот на кој што јас, а верувам и многу, го имаат изградено животот - интернетот е едноставно нешто од кое многу често се јавува потреба. Ако снема интернет можам да излезам, да прошетам до некаде да си купам за јадење. Да талкам низ маало со слушалки, да се јавам на некого да излеземе, да изгледам некој од стоте филма што ги имам складирано на лап-топ, да читам. Не знам, да се заиграм нешто на телефонот. Да пијам чај со моите. Да спијам, сонувајќи свет со беспрекорна интернет конекција.

Занимација ќе се најде делоумно лесно, меѓутоа од внатре нé јаде (или бареме мене ме јаде) некое чувство дека нешто пропуштам. Дека некој ќе прави некакви договори, дека нешто ќе напишат или прикачат во групава од факултет што сме, а нема да видам. Дека ќе ми стигне некој важен мејл од било кого, не знам - Кралица Елизабета на бисквити и чај ме вика.

Баш поради тоа што животот до некаде ни се темели на интернетот ќе дремеме низ дома чекајќи да ни го средат интернетот, да дојде конекција. Или оние кои имаат 3G од време на време ќе се вклучуваат колку да се осигураат дека се е во ред, бидејќи инаку ќе се самоуништи светот. Нешто како оние бројките од LOST.

Не сме толку зависни од интернетот, колку што има работи во денешно време кои зависат од него. Како ќе правам семинарска? Нема белки да земам до Браќа Миладиновци да одам и да пребарувам книги како некој примитивец.

А и да треба да одам - веќе со години не ми важи членската карта.
А и да ми важи, како ќе проверам без интернет jsp.com.mk за тоа кога имам 24ка?
 

Armagoddamn

Староседелец
28 октомври 2015
162
33
1,028
Јас сум 19 години, живеам во сопствен свет изолиран од светот од општеството, навикната на болка, јас сум всушност мазохист. Не се жалам, сепак ова ги премина границите
Тоа малку се претвори во зависност, таа осаменост премина во болка и психолошко измачување.
Ништо не допира до мене. не знам да го користам интернетот на нормален начин, висам по социјални мрежи. до пред 2 месеци четував со непознати луѓе.
Не ми беше важно што ќе правам на интернет, дали песни ќе слушам, дали туторијали ќе гледам , дали на фб ќе објавам нешто или на твитер. евепред месец дена се придружив на инстаграм.
Го изгубив здравјето, психичкиот мир, мирната совест, се соочувам со кошмари секоја вечер
помалку јадам, пијам, поважно ми е да бидам на интернет
не сакам да го правам тоа а го правам тоа. самата се уништувам тоа најмногу ме боли
Немам пријатели, всушнот не ја ценат мојата различност, а јас не ја ценам нивната, дома со семејството се караме, и така наоѓав причина да го трошам времето на нет. ама очигледно погрешен потег беше тоа. затоа сега страдам како наркоман без кокаин
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
До 20 и кусур години илјада пати ќе си го смениш ова мислење и кога ќе го читаш ќе се чудиш како си можела да пишуваш вакви работи. Ова од лично искуство. ;)
Инаку интересна тема е ова. Дали сме зависни од интернет?
Од кај да почнам. :) Делува ко зависност а уствари е само навика еве јас по цел ден сум online по социјалниве мрежи од кои сега за сега ми спаѓаат само форумов, фејсбук и јутуб но не сум зависна од нив просто не знам за што друго да го користам интернетот.
Некои симболични работи како на пример година на регистрација, активност, популарност итн не врзува за овие мрежи и не тера да мислиме дека ако се откажеме сето тоа што сме го постигнале ќе падне во вода, џабе сиот тој труд, џабе сето тоа време... можеби и од таму доаѓа тоа чувство на зависност но реално е само една психолошка состојба. Нормално не сме луди :) туку несвесно се приврзуваме за нереални работи кои после нормално дека ни сметаат во понатамошниот живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Armagoddamn

Староседелец
28 октомври 2015
162
33
1,028
epa zavisnost e, Koj zavisnik bi priznal deka e zavisen - nikoj
Jas eve priznavam no posilno e od mene,

jas poluduvam ako snema net
 
Последна промена од модератор:

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Сериозно?
Охоо јас едвај чекам да снемам интернет, а уште повеќе па и струја и да биде вечерно време та да си легнам така темно одма ќе заспијам и бар ко човек ќе се наспијам, а не вака веќе цел саат се исклучувам и никако да се исклучам
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Armagoddamn

Староседелец
28 октомври 2015
162
33
1,028
Сериозно?
Охоо јас едвај чекам да снемам интернет, а уште повеќе па и струја и да биде вечерно време та да си легнам така темно одма ќе заспијам и бар ко човек ќе се наспијам, а не вака веќе цел саат се исклучувам и никако да се исклучам
Многу се нервирам, мислам дека дојдов до тој степен дека ме измачуваат психичи проблеми, дека живеам живот само пред мониторот, до некаде се чувствувам ОК, посакувам да не се предадов, но веќе касно е.... морам на rehab
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Мислам дека во ова време нема кој не е зависен од интернет ,а и така функционираме зарем не ??
Скоро секоја комуникација е преку социјалните мрези ,сите дневни настани исто ,ппа кој знае иднината што ни носи !!!