Дали сметате дека (не)интелигенција е предуслов за среќа?

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Кога си интелегентен може ќе се снајдеш, ќе најдеш решение, ќе живееш подобро, ама секогаш ќе целиш на подобро, ќе се замараш и потценуваш и никогаш нема да бидеш задоволен, додека ако си помалце интелегентен ќе си се помириш и ќе си бидеш задоволен од тоа што си го постигнал без да се замараш и осудуваш што би било кога би било, па место вака онака да направев и слично.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Или си среќен или не си...
Интелегенцијата нема врска со среќата...
Ако тргниме од тоа дека помалку интелегентните се посреќни во животот тогаш скоро цела Ромска нација е пресреќна на пример...(не сакам ни да омаловажувам ни да навредувам едноставно ги спомнав бидејќи се најслабо образовани)...
Башка, среќата е релативна работа...
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Мислам дека неинтелегенцијата е предусловот за среќа. Интелегенцијата придонесува за поширока анализа на проблемите и избирање на најповолното решение од предложените, воедно размислувајќи на сите засегнати аспекти од проблемот. Но ако еднаш интелегентната личност се сплетка во својата мрежа на сфаќања - готово е се. Да го објаснам мојот став - Ако постои некој проблем, логично поинтелегентната личност ќе го реши побрзо и поефикасно (што сепак би го земале со резерва, како претпоставка). Но, ако дедукцијата и разглобувањето на тој проблем придонесат до спротиставени размислувања, би се јавил сомнежот кој може да се прелие во сите аспекти од генералното размислување на интелегентната личност, а самата личност ( поради нивото на интелегенција) е свесна за таа двострана (или повеќекратна) битка која се јавува во него постојано што би придонело таа личност да не биде среќна. Затоа покрај интелегенцијата би ги додала како клучни фактори перцепцијата и карактерот на личноста и веројатноста да се случат одрадени настани.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and True_Blood