Дали сметате дека (не)интелигенција е предуслов за среќа?

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Што мислите кога постои конкретен проблем кој подобро го решава?
Дали првичната мисла ви е дека интелигентен човек пронаоѓа подобро решение од помалку интелигентен?
Јас се слагам дека е тоа така, сметам дека е неоспорлив факт, но зошто повеќе среќни ни се чинат приглупите и покрај нивните несовршени решенија кога се работи за животни прашања?

Дали ви се чинат повеќе насмеани, расположени и неоптоварени додека паметниот проблемот го детализира, споредува меѓу можни решенија, донесува заклучок и доколку не е добар, мислово "се јаде" многу подолго од првиот?

Зошто човек што правилно и лесно расудува е повеќе несреќен од човек што лагано ги решава проблемите во живот?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Се согласувам со тоа дека интелигенцијата и подобрите решенија одат заедно. Со оглед на тоа што сметам дека среќата реално не постои туку дека е само чувство на задоволство од себе си, од моменталната ситуација, исходот на некоја работа која си ја сработил и сл. велам дека човек што правилно расудува и детализира знае дека секогаш може подобро од тоа што го направил и знае дека нема совршено и секогаш се обидува да доврши некој детал од нешто. За разлика од него, некој кој лагано носи одлуки не се ни грижи многу за деталите и последиците па затоа и може да си приушти повеќе да биде задоволен од тоа што му се случува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Во некои ситуации не ти треба да бидеш премногу интелегентен за да собереш два плус два и да го добиеш решението.

Најчесто тие ситуации и немаат некое примарно значење за самата индивидуа.
Најискрено за клучни нешта, сметам дека спојот на интелегенција, изчеличени ставови, видик поширок од сопствениот нос, го решава проблемот.
Убаво рече и момаков над мене, оние приглупите најчесто и не се замараат со последиците, не ја тупат.
Доволно им е да ја шетаат нивната моронска насмевка и да се задоволуваат со површности.

А среќата е релативна.
И нејзе ја кројат ситуации, моменти, лични убедувања.
Некои луѓе дали се интелегентни или не, ретко ја задоволуваат дневната доза на среќа со мали нешта, можебни незначајни...а потрагата по своето лично убедување за среќа може да те донесе во страшно бунило и замаглена илузија.
Така да, не верувам дека тоа има врска баш со нечија интелегенција.

Иако кога ќе размислам поубаво, по некое непишано правило оние со поголемо ај кју трагаат по проширени линии на своите лични задоволства, секогаш се стремат за нешто повеќе...ама јас најискрено тука не секогаш се согласувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Во некои ситуации не ти треба да бидеш премногу интелегентен за да собереш два плус два и да го добиеш решението.

Најчесто тие ситуации и немаат некое примарно значење за самата индивидуа.
Најискрено за клучни нешта, сметам дека спојот на интелегенција, изчеличени ставови, видик поширок од сопствениот нос, го решава проблемот.
Убаво рече и момаков над мене, оние приглупите најчесто и не се замараат со последиците, не ја тупат.
Доволно им е да ја шетаат нивната моронска насмевка и да се задоволуваат со површности.

А среќата е релативна.
И нејзе ја кројат ситуации, моменти, лични убедувања.
Некои луѓе дали се интелегентни или не, ретко ја задоволуваат дневната доза на среќа со мали нешта, можебни незначајни...а потрагата по своето лично убедување за среќа може да те донесе во страшно бунило и замаглена илузија.
Така да, не верувам дека тоа има врска баш со нечија интелегенција.

Иако кога ќе размислам поубаво, по некое непишано правило оние со поголемо ај кју трагаат по проширени линии на своите лични задоволства, секогаш се стремат за нешто повеќе...ама јас најискрено тука не секогаш се согласувам.
е браво бе девојче,се си напиша како што јас мислам,сега ке треба и јас се исто да напишам само со поинакви зборови и изрази
 

Abe CreP

Истакнат Член
14 февруари 2012
111
84
328
28
И ја се согласувам дека интелеѓенцијата и среќата идат заедно, мислам погледнете ги само луѓено што вријат од пари, на пример , има ДЕЦА, да ДЕЦА кои имаат ставено игри за кои се плаќа за да ги играш на интернет, а ја искористиле кредитната на родителите, и сеа се милионери, мислам мое мислење...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Прво треба да се разграничи интелигенција со едукација. Затоа што може некој „приглуп“ со многу поинато низ животот да има повеќе знаење од некој интелигентен кој прво е во години поназад од првиот.
Инаку, да. Се сложувам дека посреќни се интелигентините. ќефалото им работи повеќе, иако знаат многу, истотака го имаат капацитетот да ја замаскираат таа интелигенција. Рецимо, глупиот можеби помалку се замара, но може итекако да наебе ако западне во точка кај што самиот за себе нема спас. Додека интелигентниот може да се провлече.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Мене ми се чини дека интелигенцијата е обратнопропоционална со среќата, задоволството и исполнетоста која човек ја чувствува.
Да, среќата е релативна работа и зависи од секакви ситуации, моменти, доживувања, видувања, размислувања.
Но, сепак. Некако општо земено, би рекла дека интелигенцијата воопшто не е предуслов за среќа.
Интелигентна личност е постојано немирна личност. Немирна во духовна смисла. Неспокојна. Една мисла води кон друга, еден одговор кон нови прашања, еден совладан предизвик кон нов поставен предизвик.
Интелигенцијата турка напред. Поттикнува постојано движење кон непознатото и постојано искачување од едно скалило на друго.
И со секој направен чекор напред, се поместува прагот на чувствувањето. Колку си погоре, толку погоре сакаш да бидеш, колку си подалеку, толку подалеку сакаш да стигнеш, Колку повеќе осознаваш толку повеќе сакаш да осознаеш, колку повеќе дознаваш, толку повеќе сакаш да дознаеш.
Интелигентните личности се секогаш чекор понапред од останатите. Колку е поголема интелигенцијата толку е таа дистанца поизразена.
Ако јас сум просечно интелигентна личност, а ти натпросечно интелигентна личност, многу бргу ќе ги исцрпиме темите на заеднички муабети, интереси, размислувања... Ти ќе размислуваш на начин кој за мене ќе биде несфатлив. Ти ќе размислуваш 300 на час, а јас 50 на час. Секому му се потребни „енергии“ блиски на сопствената.
Мислам дека генијалците се несреќни луѓе. Токму поради тоа што се многу понапред и токму поради тоа што се движат натпросечно брзо.
Секое исполнување си носи следно празнење. После секое празнење капацитетот се зголемува. И потребно е повеќе, дури и многу повеќе за одново да се исполни.
Среќа, задоволство, исполнетост... сите тие се чувства. Не стојат во место.
На пример ситуација - во диско, музиката трешти, во почетокот ти се чини дека е неподнослива, телото ти реагира зголемувајќи го прагот на чувствување, по извесно време се препушташ на гласноста и доживуваш силно задоволство. На крајот сосема се навикнуваш и ти се чини нормално, просечно, обично. Телото се смирува и не реагира. Потребно е ново зголемување на гласноста на музиката за да ја доживееш како прегласна и да ја почувствуваш реакцијата и на телото и на чувствата.Прагот ти е веќе поместен и неможеш да го вратиш назад. Оти неможеш да заборавиш.
Затоа оние кои се помалку интелигентни, да не речам приглупи, се чинат посреќни.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Јас мислам дека интелегенцијата и среќата не одат заедно.

Луѓето со поголем IQ никогаш не се задоволуваат со помалку. Секогаш одат по нешто повеќе, да дознаат нешто плус, да направат нешто поголемо од неопходното. Решението на еден проблем им создава ново прашање во нивните умни глави за кое тие одново мозгаат решенија, идеи, мислења, видувања.
Тие никогаш не се задоволуваат со просечни нешта, живеат побрзо и се чекор понапред од оние со помал коефициент на интелегенција.

Додека, пак, луѓето со помал IQ едноставно не се замараат толку многу со работите. Ако можат за некој проблем да најдат решение ќе го најдат, ако не-нема. Тие не одат подалеку од тоа. Се задоволуваат со она просечното и доста им е.
Едноставно среќни се со она што го имаат, со она што го знаат и не сакаат да мислат многу за нешто што е на повисоко ниво од нивниот коефициент на интелегенција.

Среќата е релативна работа која ја сочинуваат многу нешта како разни моменти, доживувања, чувства, ситуации, размислувања, видувања итн.
За да си среќен некогаш не ти треба којзнае колкав коефициент на интелегенција. Напротив. Сметам дека колку тој е повисок толку си понесреќен. Зашто си редок. Зашто, во главно, луѓето се просечно интелегентни.
А оние поинтелегентните не ги сакаат просечните работи.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Интелигентни и среќни? Мало морген.
Дури интелигентниов се замара што, па како, па зошто, па разгледува секакви можни опции, па прави селекција, крои планови итн. помалку интелигентниот веќе се’ средил. На нив што се вика, им прдне некоја идеја на памет и нема толку лево-десно шетање и тупење, или успее или ја посере работата, ако успее среќен си е, ако не, си најде брзо нова занимација и пак си е среќен. А интелигентниов имал поголеми очекувања, па не испаднало како што треба, па ајмо пак тупење во круг, што, зошто и како, и кога ќе видиш, отишол возот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence and Хоуп*

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Интелегнтните луѓе не се ни среќни ниту пак живеат долго сите такви луѓе не ја дочекале ниту 60 година живејќи под стрес и голема сиромаштија што ли им било на нив тука среќно единствено да ги направат другите среќни и да го победат времето т.е да ја купат вечностат со своите дела.