Дали самите си ја правиме сопствената среќа?

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
"Јас сум си многу среќна личност“
Вака секој ден одма после будење.
Шо има врска ако шефот ми се издрал, некој близок мој има неизлечива болест, љубовта ме напуштила. Мене пак ми е топ.
Баш ме занима поради што си толку среќен, наведи некоја, не мораш сите..само немој од оние фазони, демек денот е сончев и ти си среќен:)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
  • Ми се допаѓа
Реакции: misti.diva orhideja

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
И да и не. Колку што постојат фактори врз кои можеме да влијаеме и да ги смениме за посреќен живот, толку постојат и фактори кои може да влијаат врз нас.
Од кај да знаев јас дека плановите ќе ми ги поремети толку силна анксиозност, што не само психички, туку и физички ме оневозможи да се посветам на било што. Тука отидоа и планови за патување, за работа, за врската, итн. Имаше период кога станав и агорафобична, па дури ни дома не се чувствував „безбедна“ од панични напади и константна физичка малаксаност, болки низ цело тело, грчеви и да не набројувам пошто е друго темата.
Муабетот ми е дека во тие моменти и не можеш да размислуваш среќно и да направиш нешто убаво за себе. Гледаш само да преживееш од ден за ден.
Од друга страна ги имаме пак оние ликови на кои сите работи им се понудени на тацна и нивно е само да пружат рака, но не го прават тоа. Некои сакаат да глумат жртви, некои да тераат од ден за ден, без некакви планови за иднината, трети можеби се борат со невидливи демони иако однадвор изгледаат здраво.
Среќата во глобала зависи од нас, но само ако сме здрави и спремни за предизвици. Па дури и тогаш не е чудно ако наидеме на неочекувани пречки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider