Дали психички ги анализирате луѓето?

alekjov1234

Староседелец
3 август 2012
138
48
1,028
Многу добро знам да ги проценам луѓето, тоа мислам дека ми е добра карактеристика, бидејќи е подобро да знаеш со кој си имаш работа :)
 
990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Мамата, цел форум аналитичари. Македонија, земја на психо-аналитичари.
Македонија - земја на фејкери и квази интелектуалци.

Он топик: Не се трудам превише да ги анализирам, пошто не ми е гајле. Секој со свој карактер.
 
~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Прво гледам говор на тело. Ако изгледа заинтересиран, продолжувам со муабет, ако не фала многу пријатно. Ама мора прво да го анализирам човекот пред да дојдам до заклучок логички
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Не анализирам, судам.
Да бидеме искрени, провиден народ сме бе, не нудиме некаков материјал за анализирање.
Оп-труп, сите работи на маса ги распостелуваме, и што треба, и што не треба, само битно да се остави впечаток на интересна личност, поразлична од другите (ко пример јас сега што правам (think)), ама постојат мал милион ситници кои издаваат.
Од прв впечаток дознавам многу за некого, ама не носам заклучок, првенствено зошто (речиси) секој од нас поставува бариера при прва средба, па не се добива целосна слика.
И пак ќе се навратам, провидни сме. Прв пат во живот го гледам, умрев да дознаам дека има некој таму чичко во Германија и секое лето оди во Египет или Дубаи, а го гледаш него со едвај 20 години, нема две чисти водички в очи, се смее дека последно ја прочитал Зоки Поки ко да е најсмешно нешто на свет, па, кој ќе е впечатокот?
Ете, еден прост, провиден пример. Не остава простор за анализа и нема никаква потреба да се навлегува подлабоко во “што сакал да каже авторот“, веќе рефлексно го остава тој впечаток.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

Со болдов и не би се сложил, баш напротив. ние распостелуваме сето она што сакаме другите да го видат за нас, а длабоко во себе себично го криеме вистинското лице. Као народ сме конзервативни и по делување но и по размислување. Криеме ноги, опсесивни сме со нашата слика и прилика во друштво, ја немаме онаа храброст да ги прикажеме некои од мааните за да бидеме пореално прифатени од другата страна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Lena

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Јас доволно е да знам што е во хороскоп личноста што ме интересира и ќе почнам да си анализирам и да си гледам видеa јутуб. Така барем можам да си објаснам зошто во одредена ситуација некој изреагирал како што изреагирал или зошто има толку променливо расположение :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BadBoy007

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Не се ни обидувам да го правам тоа затоа што немам знаење за тоа-струка и диплома.
 
BadBoy007

Активен Член
26 септември 2016
209
166
43
Секогаш ги анализирам луѓето психички... оние што ги запознавам за првпат. Прво што гледам е да елиминирам или потврдам дали личноста е социопат или психопат. Ако е едно од овие 2, се знае дека треба да го сведам контактот на минимум или да ги избегавам за да си заштедам време, енергија, нерви и пари. Со такви манипулативни говеда без совест, осет, емоции, одговорност итн. така треба да се игра. Не се ни они криви, утепај ги не можат да се сменат. Понатаму добро е да можеш да процениш кој е биполарен, кој има анксиозност, multiple personality disorder и такви срања. Ќе знаеш како да се поставиш со тие луѓе или да ги сечеш во корен.

Останати психоанализи правам кога како... по потреба. Но битно е прво да се уверам дека личноста е ок и дека има совест и дека не е manipulative deceiving piece of shit without remorse, shame, guilt итн.

Да знаеш психички да ги анализираш луѓето е екстремно корисна алатка во животот. Препорачувам сите да си ја изучат оваа алатка или ако ја поседуваат, да ја усовршуваат секојдневно. :)

Со квалитетна психоанализа до квалитетни луѓе во животот. (y)
 
Последна промена: