Дали општествено прифатливите работи се истовремено и исправни?

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Општествено друштво значи заедница. Таа заедница создава норми, односно правила по кои фунционира истата, но во голем дел ги заобиколува.
Темата е со широк дијапазон, затоа ќе се задржам на суштинското.
Дали сметате дека нештата кои општеството ги прифатило како исправни, навистина се?
Ако навистина се, тогаш зошто земање на мито е општествено неприфатливо, но на локално ниво често се практикува?

Некогаш било општествено одобрено да се тепа жената, да се казнуваат луѓе со сечење на делови од тело или аристократијата била со начело дека останатиот дел од луѓето се нееднакви. Денес тоа е отфрлено, но за сметка на тоа се вовлекува хомосексуалноста, училишта за секс - одобрени институции за оргии и маска за прикривање на проституција. Парадоксално е што од друга страна сеуште се наметнуваат правила или Божји закони - Не кради, не врши прељуба, не лажи итн.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Факт е човекот дека не може да живее сам, вон границите на едно општество. Но сепак стриктното држење на правилата доведува и до автоматизација на човековите размислувања - се случува нешто налик на рефлексивно размислување - рефлексивно по страна на општеството. Рецимо ако се рече зошто ја тепал жената, он после толку време што поминал во општеството во кое тоа се одобрува, ќе нема соодветен логички одговор. Затоа не се` што воведува едно општество е исправно. Општеството како такво треба да ти пружи да се испробаш самиот на се` што можеш како единка да го постигнеш за себе, без притоа да ја загрозуваш околината. Но тоа е повеќе утопистичко сфаќање. Сведоци сме за драстично менување на структурата поради единка или сосема мала група на единки. Драстично до онаа мера што ги преоѓа сите граници на логично размислување, и како такво е погубно само за себе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood and Реми

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Јас отсекогаш си велам: Ако е мнозинство не значи дека е во право.
И од една страна, една персона ако ги следе цело време сите правила и норми по пишан ред, како таа ќе размислува сама за себе и ќе донесува некои одлуки, кога таа ќе биде слободна, во секој смисол?
Јас ретко се придржувам спрема правилата, зашто мислам дека бар овие во нашава држава се тотал булшит.
Оваа тема е нешто слично као со муабетот за реалноста, дека реалноста ја сметаме ваква затоа што мнозинството ја прифатило како таква. Сепак дали е?
Како и да е, општеството ни е сјебано и ќе си остане сјебано па колку и правила да воведат и колку и демек да пробуват да се придржуват сите. :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас ретко се придржувам спрема правилата, зашто мислам дека бар овие во нашава држава се тотал булшит.
If I may ask...
Спрема кои правила ретко се придржуваш? Наброј ми еве, неколку општествени норми кои ги одбегнуваш.

Ај да почнам јас да кењам.

Повеќе луѓе, комуна. После некое време правила за функционирање. После некое време граници. Граници? А? Парчиња земја кои се нечија сопственост? Што е следното? Јас општествата ги гледам како најголемите убијци. Не, не во буквална смисла. Општествата се убијци на креативноста, убијци на слободата, убијци на слободниот ум и разум, убијци на сопствените желби и ставови. Се раѓаме во општество и почнуваме да ги прифаќаме тие стандарди и норми на општествоти кои ни се наметнати уште пред да се родиш. Се раѓаме и живееме. Живееме? Не, не живееме. Ние се однесуваме како сериски произведени производи кои немаат своја личност, немаат свое јас. Својата личност е потисната и немоќна од прангите на општеството.

Ако некој успее да ги совлада тие пранги и успее да го изгради своето јас, веднаш е осуден од општеството. Да, осуден е затоа што се издвоил и не сака да живее таму. Па што е тогаш општеството? Затвор? Да, наликува на затвор но не е тоа. Полошо е од тоа. Нешто како санаториум од кој единствениот излез е да не живееш воопшто. Ако некој се осмели да направи нешто како пример еве да шета гол веднаш ќе биде приведен од полицијата. Ај што ќе биде приведен тоа е најмала ситница, туку веднаш од луѓето ќе биде осуден. Ееееј каде бе вака? Сите се раѓате со облека? Уф, заборавив, гааадно е. Гадно е? Милион пати погадно е да гледаш како сите се облечени и се плашат да се соблечат, ама измислени се посебни места каде е дозволено да бидиш гол и никој да не те осудува. Се викаат нудистички плажи. Е сега ова е веќе апсурдно. Како тоа има посебни места? Па еве јас сакам да си седам (не велам стрикно за мене, не сум јас нудист, само го искажувам апсурдот на општеството) гол во парк на тревата. Зошто не можам? Има луѓе? Е што на плажа да не нема луѓе? Има деца? Истото прашање како претходно.

Друго нешто. Некој сака да користи халуциногени супстанци за да си ја поттикне фантазијата. Ако некој дознае дека го прави тоа, веднаш е осуден како наркоман. Чекајте бе, дали тоа што го зема е природна супстанца? Да, се наоѓа во природата. Како тогаш е тоа забрането? Како може да се забрани одреден вид на растенија и супстанци? Зошто некој направил таква глупост воопшто? Тоа е исто како да забраниш да се јаде пилешко месо. Јас би забранил, затоа што тоа е поголем убиец отколку некоја психотропна супстанца. Да, да убаво прочитавте. Помислете само на оние адитиви во исхраната на кокошките кои се товат. Помислете само на генетските модификации кои влијаат на ДНК структурата. Ама не, тоа е општествено прифатливо затоа што „никому“ не штети.

Да продолжам да кењам за општествата сигурен сум дека нема да ви се чита толку долг пост, затоа велам засега толку.