Дали мажите озборуваат повеќе од жените?

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Во природата на жените е оговарањето (рекла-казала) но за жал и мажите оговараат.
Најчесто оговараме за жените....фудбал.....политика (предизборна кампања)....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Посоодветно би било ,,озборување‘‘ од ,,оговарање‘‘. ;)

Инаку дали мажите озборуваат повеќе од жените, не знам, статистички податоци немам, ама гледам бројот на мажи озборувачи расте.

Јас лично озборувам, да од тие лошите сум што си озборуваат дур си пијат кафе. :kafe Ама сега па, да се разбереме има и те каква разлика од тоа дали дискутираш за горе долу познати теми ( од типот нечии лапсуси, аутфитови, кој каде, со кого, зошто, чисто да си во тек со настаните де :giggle, ама се додека тоа останува во кругот во кој се наоѓаш) или при муабетот т.е. озборувањето често употребуваш хипербола и изнесуваш ,,факти‘‘ без некоја основа. Првото може да биде забавно (кој не трачари?), второто во никој случај.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Генерално, жените озборуваат повеќе од мажите. Но, како и секаде така и овде постојат исклучоци.
Да, познавам мажи и момчиња кои озборуваат повеќе од најголемата озборувачка на светот.
И тоа не се сведува само на Х и У девојки и жени, туку на цели семејства, цело соседство... Ги знае сите проблеми, а и нивните решенија, кој кога дошол, кој кога излегол, кој кога легнал, кој кога запалил светло и така натаму...
Мислиш жена слушаш... А маж е!
 

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
273
204
1,043
незз кој повеќе ама знам пред 3 4 год коа бевме на екс ние женските се собравме во една соба да играме карти ги викнавме и машките они не дојдоа остана во соба и преку цевките од тоалетот ги слушавме како цела вечер го изоговараа цело школо
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Знаеме да искоментираме за некоја девојка, особено кога сме на некој објект или во некој стан на монтажа и има некоја згодна тетка или тетката ако има згодна ќерка шо се фрцка во фустанче кратко.Што да правиме кога провоцираат :D
А глобално гледано жените се прваци во оговарање.Имам и доказ.
Летово што пројде бев во викендичка со мој најдобар другар и со 2 девојки.Јас и другаров излеговме на цигара и на мала прошетка.Само што тргнавме ми текна дека ги заборавив телефоните.Се враќаме, овие двете уште при наше искачање почнале да оговараат.
Ама зборење триста на саат и оние стандард женски муабети: Абе овој мојов ненаситен, јаде ко стока и пак не се дебелее, јас од две кришки се дебелам.
Или : прво будење цигара во уста ме умира се гушам.
А па овој мојов цело кебе го зема.
Вчера се надрвија неможеше овој да најде кај треба да го пикне и слични такви муабети :D

За 10 минути си ја раскажаа цела историја за само 3 дена што сме во викендичката.Се направив будала и влегов да си ги земам телефоните и правевме поголема прошетка само за да си се изнакажат и да типуваат што ќе се случува со секој од нас наредните 20 дена :D

ЖЕНИ!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
жалам но вистина е
мажите се‘ знаат да прават подобро од жените
па и озборувањето, не е исклучок, од правилото
 

bubili

Активен Член
29 февруари 2012
92
137
43
најубавиот град
Вака,ако (не береме туѓи круши) како ќе ни биде интересен животот......генерално баш ми е гајле за другите,си гледам само за мене....помина времето кога живеев за другите.....;)
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Има и алапачишта и алапачки, само што за различни теми оговараме ние мажите додека жените повеќе оговараат други жени:)