Дали купувате македонски производи и какви искуства имате со истите?

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Дали купувате МК производи и дали до сега ви се допаѓаат, дали сте имале добро или лошо искуство, некои маани што сте забележале итн......

26409g.jpg
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
sliki6.png
sliki9.png
sliki14.png
sliki31.png


тоа се мои омилени производи од Ресенски Агроплод (сега со додавки Свислајон)
а сега.......прилепско а светско :) (колегата мој, ко работел Шведска во некој маркет начекал стоби флипс, цена 1,20 евра)
_41.rui0i02.04.jpg
agn0m0Sg4S1.jpg
2sna0al_2l1.04.jpg


Елит (топло чоколадо) исто така од Прилеп
image_1329314975_35.jpg


сладолед од милина (ПП)
производи од прилепска пивара :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не се нешо нај нај по квалитет, ама еве рецимо има некои со специфичен вкус. Рецимо, смоки као нашиот стоби флипс никаде не сум нашол. И ми се свиѓаат. Исто и за јогуртот. Каков збрегов, каков хрватски, само во македонија се наоѓа асален јогурт. И кисело млеко.
За сирењето не праам муабет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ace_rot and lady_blue

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Чоколокумот од Европа! :sreken И се што е од Европа всушност. Исто и од Витаминка, особено Луна кремчето. Вива сокови! Нема подобри густи сокови. :sreken Исто и на Пелистерка газираните се превкусни, речиси идентични со Кока-Колата и Фантата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Јас не пијам алкохол па затоа ќе ве прашам вас што пиете. Како е ова новото Скопско Радлер?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ace_rot

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
skopsko01.jpg

Еден од нашите најдобри производи и секако нашето најдобро :D Иначе секогаш правам да речам позитивна дискриминација и гледам да купувам македонски производи. Зашто да купувам на пример српски јогурт, сок, сирење кога имаме и ние? Иритира понекогаш фактот што нашето е поскапо од увозното а тоа се коси со здравата економска логика ама тоа е. Не треба да патиме од комплекс на инфериорна вредност дека се што е наше не чини. И додека сите се жалат како немало работа, не се отварале фабрики, па како да се отворат кај ќе продаваат? Во развиените земји постои да некој вид на дискриминација кога исклучиво се купуваат домашни производи. Знам дека не може да се споредиме со нив ама до пред 20 години кога сите биле вработени преку 90% од сите производи во продавниците биле од домашно потекло.
Со купувањето на домашни производи, допринесуваме за зголемено производство, подобрување на квалитеот на производите, отварање нови работни места, градење на наши македонски брендови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood and 4FUN

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Па најдобар јогурт и кашкавал имаме на Балканот. И тоа ми го имаат речено странци. И стварно е така. Бучен Козјак до сега најдобар јогурт што сум го пиел. Кумановскиот кашкавал исто така ми е еден од најдобрите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ace_rot

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Тоа е поради квалитетната вода што ја имаме, затоа имаме вкусен јогурт, квалитетно пиво и сокови. Затоа и нашата кока-кола пред некоја година беше прогласена за најдобрата кока-кола во СВЕТОТ и не ја самопрогласивме ние, тоа беше од страна на компанијата :D Ама таков народ сме ние, не знаеме да си го цениме нашето додека не дојдат странците да ни кажат...