Дали купувате брендирана облека?

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
273
204
1,043
само патики Ванс и неколку тренерки пума
 
LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Брендирана гардероба носам од малечка. Имав и се уште имам луѓе во странство кои ми носеле. Порано мајка ми се грижеше за тоа што ќе ми се донесе, а потоа и јас самата си нарачував.
Потоа следеше еден период кога ми беше важно да имам што повеќе парчиња облека и престанав да ги чекам пратките, туку купував од овде. За ултра кратко време таа облека завршуваше во канта бидејки веќе не беше за употреба.
Сфатив дека подобро е да имам едно поквалитетно (а со тоа и поскапо) отколку сто и едно неквалитетни и ефтини.
И си се вратив на брендовите.
Не ми е цел гардеробер брендиран, да се разбереме, ама повеќето парчиња се.
За жал, слабо стоиме кај нас со брендови, па моите шопинзи се надвор од државава или некој ми ги носи од странство.
Од тука најчесто купувам патики и тренерки (Најк, Адидас, Пума) и толку. Всушност, тоа е тоа што го има овде, а може да се нарече брендирано.
Никогаш не нагласувам од каде ми е облеката, но се имам соочено со ситуации кога сум била наречена ископлексирана и недорасната затоа што сум носела брендирана облека. Тоа е најбедното нешто што сум го слушнала во животов.
Не носам фустани на Dior и чевли на Louboutin. Носам најнормални парчиња на Bershka, Zara, Geox, Guess и сл. бидејки таму наоѓам соодветна облека за моја возраст и за мој вкус и начин на облекување.
Не ми значи ништо знакчето и етикетата, ми значи парчето кое го носам да е убаво и убаво да ми стои и да е квалитетно
Не ми значи ни цената која сум ја платила бидејки да ми значела немаше да ја кинам етикетата туку ќе шетав со неа.
Моите можат да ми овозможат да носам облека каква што сакам, а јас сум личност која е спремна да плати и повисока цена во замена за убаво и квалитетно парче облека.
Стојам на тоа дека се што е поскапо е и поквалитетно и дека „све што је лепо, кошта!“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112 and важна

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
купувам само облека во која ми е убаво........не сум роб на марки и останати булшити
 
важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје

Колку убаво кажано, слична ситуација и кај мене со тоа што јас не купувам облека од странство...зошто би го правела тоа, кога си имаме и овде најк, адидас, армани итн?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LadyInPink

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Во Македонија никогаш нема да купам брендирана облека пошто е прескапа а е фуш!!! А и онака не сум некој фан на брендови, купувам бренд само кога стварно ми се свиѓа парчето. Многу почесто копам облека од нигде никаде па гледам јас да го избрендирам парчето (cash)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Никогаш не сум купувала брендирана облека едноставно не ми се толкави можностите па тоа да си го дозволам.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
претежно ми е брендирана облеката ... почнав повеќе да си ја богатам колекцијата на брендирана облека од кога почнав сам да си заработувам ... не дека не би купил или не би носел нешто што не е бренд !!!

абе седи не ме знаеш :cool: :zelen
Он топик- не ми воопшто битно дали ќе биде бренд или не,битно е да ми се свиѓа и да ми стои убаво :)
 
Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Сакам парчиња брендирана облека. Целата облека не ми е брендирана, но ташна, чевли, накит, наочари , патики, часовник, по некоја блуза, пантолони -ДА.
 
Точка

Истакнат Член
20 декември 2013
41
69
318
Па, не, обично не купувам брендирана облека. Како прво, заради тоа што брендот како бренд ништо не ми значи, го купувам тоа што ми се свиѓа и што мислам дека ќе го носам. Да, веројатно поквалитетна е брендираната облека, ама тука па важна улога имаат паричките (а може и најважна :D). Не ми се даваат не-знам-колку-многу-пари за одредено парче облека, само затоа што било не-знам-која-марка. :)