Дали и зошто (не) сте религиозни?

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Си имам една иконичка од светецот на чиј ден сум родена и си ја чувам како очи во глава. Во неа верувам. И толку. Таа е мојот Бог и мојата виша сила, пред неа се молам, верувам дека ме штити.
Во црква одам многу ретко, попови многу не почитувам, Библијата ми е научна фантастика...ама ете, во светецот мој си верувам колку и да звучи апсурдно.
 
Anacal

Полноправен Член
19 јануари 2013
45
29
18
Не верувам во Бог и не сакам да одам во цркви затоа што ми е језиво. Библијата еднаш случајно ми се има најдено во рака, па дури ни сите 10 заповеди не ги знам. Не верувам во Бог затоа што не сум растена во религиозно семејство. И покрај тоа ги „славам“ сите христијански празници, плус од едната страна сум православна, а од другата страна католик, па славам два Божиќа и слично. Не постам, не се молам, не палам свеќи во црква, не се крстам, иако често ги користам узречиците како „Боже мој“, „Бог да чува“ и слично.. не знам зашто, едноставно во навика ми се.

Немам некоја рационална причина за тоа што не сум религиозна, едноставно не сакам слепо да верувам во нешто и да му се потчинувам. А и страшно многу ме нервираат слепо религиозни луѓе кои сметаат дека се е производ на Бог и дека како сака тој, така ќе биде. Ми се чини дека се со плитки умови таквите луѓе (се надевам нема никој од тука да се навреди).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: goodgod

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Религиозна сум.Одам во црква на празници ова она,али не сум до толку многу да се залагам.Чисто онака,ради ред.Причина баш и немам,така ме научиле моите дома.
 
goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Религиозна сум.Одам во црква на празници ова она,али не сум до толку многу да се залагам.Чисто онака,ради ред.Причина баш и немам,така ме научиле моите дома.
Тоа значи дека почитуваш, а веруваш?
 
The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
123
Љубопитен сум и сакам баш да се преброиме како стоиме по ова прашање на форумов.
Анкетата е тајна, се гласа само еднаш, отворена е 2 недели.
Кој сака може слободно да си каже дали верува или не, но ненавлегувајте во прашањето зошто верува. Значи темата не е дали постои господ и дајте аргументи за или против.
Ниедно од наведените значи: не знам, не можам да одлучам, агностик сум и итн.
Ако некој има забелешки, дали во врска со понудените одговори или нешто друго слободно кажете, ќе поправам или ќе побарам од модераторите да средат.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153

:^) дека е анкетата?
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Се консултирав и со администраторот, но само „Да“/„Не“ анкета на тема затворена за било какви мислења (згора и постоечка), не е дозволена.
Кој е верник, а кој не, може да се пролиста и види и низ темава, па доколку имате да се искажете во врска со тоа, направете го тука.
Тоа е тоа. :)