Дали и зошто (не) сте религиозни?

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Грешиш. Најчесто атеистите знаат многу повеќе за религиите, отколку самите верници.

За да можеш да негираш нешто обично би требало да знаеш што негираш и зошто, зарем не?:)

Онтопик: Самиот не се сметам за атеист затоа што не сакам никакви генерализации и ги одбегнувам колку можам повеќе. За мене религиите немаат никакво значење. Духовно возвишување, мамбо-џамбо, духовни логики (само да не ми излезе МIKI1 од некаде, кој ќе се расправа цела недела)...не е тоа за мене. Тоа е спротивно од мене. Јас не можам да имам грижа на совест, не можам да правам нешто и да се плашам што мисли горниот за тоа, не можам да се потпирам на верба за да остварам нешто, не можам да се заблагодарувам на некој горе за моите дела, не можам да се понижам и да признаам дека има „нешто“ кое заслужува да бидам слуга на истото. Не можам да бидам религиозен затоа што се` што сум правел досега би паднало во вода.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Во една училница на колеџ еден професор предава лекција по филозофија....
„Дозволете ми да ви објаснам кој е проблемот што науката го има со религијата.“ Професорот атеист по филозофија замолчува за момент а потоа го замолува еден од неговите студенти да стане.
- Ти си христијанин, нели синко?
- Да господине - одговорил студентот.
- Значи ти веруваш во Бога?
- Секако.
- Дали Бог е добар? - прашал професорот.
- Секако! Бог е добар.
- Дали Бог е семоќен? Дали Бог може да направи се?
- Да.
- Дали ти си добро или зло?
- Библијата вели дека сум зло.

Проферсорот извикнува гласно. Аха! Библијата! Тој размислува за момент. Еве нешто за вас. Да речеме дека тука има болен човек и вие можете да го излечите. Можете да го направите тоа. Дали ќе му помогнете? Дали ќе се обидете да му помогнете?

- Да господине. Ќе се обидам.
- Значи ти си добар ...!
- Не би рекол.
- Но зошто да не се каже така? Ти ќе му помогнеш на болен и осакатен човек ако можеш. Повеќето од нас би го направиле тоа кога би можеле. Но Бог тоа не го прави.
Студентот не одговорил па затоа професорот продолжил.
Тој не го прави тоа нели? Брат ми беше христијанин кој почина од рак , иако се молеше на Исус да го излекува. Како тогаш Исус е добар? Можеш да ми одговориш на ова?
Студентот останал да молчи.
Не, не можеш да ми одговориш нели? - рекол професорот. Тој зема голтка од чашата со вода на својата маса за да му даде време на студентот да се релаксира. Да почнеме од почеток младо момче. Дали е Бог добар?
- Да ... господине, - рекол студентот.
- Дали сатаната е добар?
Студентот не се двоумел за ова прашање. „Не“
Тогаш од каде доаѓа сатаната?
Студентот одговорил : Од Бога.
Тоа е вистина. Бог го создал сатаната нели? Кажи ми синко, дали има зло во овој свет?
- Да господине.
- Злото е насекаде , нели? А Бог создал се нели?
- Да.
- Значи кој го создал злото? Професорот продолжил, „Ако Бог создал се, тогаш Бог го создал злото, штом злото постои, и според принципот дека нашите дела не дефинираат кои сме, тогаш Бог е зло.“
Повторно студентот нема одговор.
„ Дали постои болест? Неморал? Омраза? Грдотија? Сите овие ужасни нешта, дали тие постојат на овој свет?“
Студентот застанал на нозе.
„Да“
„Значи кој ги создаде?“
Студентот повторно не одговорил па затоа професорот го повторува прашањето:
„Кој ги создал?“ се уште нема одговор. Одеднаш професорот оди набрзина во предниот дел од училницата. Класот е хипнотизиран.

„Кажи ми ,“ тој продолжува кон друг ученик. „ Дали веруваш во Исус Христос синко?

 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Гласот на студентот го издава и трепери.
„Да професоре, верувам“
Пофесорот престанува да шета„ Науката вели дека ти имаш пет сетила кои ги користиш за да го идентификуваш и да го набљудуваш светот околу тебе. Дали некогаш си го видел Исус?“
„Не господине. Никогаш не сум Го видел“
„Тогаш кажи ни дали некогаш си го слушнал Исус?“
„Не господине , не сум.“
“Дали некогаш си го почувствувал Исус, си го вкусил Исус или стопил твојот Исус? Дали некогаш си го почувствувал со сетилата Исус Христос или пак Бога?“
„Не господине, за жал не сум “
„И сепак сеуште веруваш во него?“
„ Да“
Според правилата на емпирискиот, потврден докажан протокол, науката вели дека твојот Бог не постои. Што ќе кажеш на тоа синко?
„Ништо “ одговорил студентот. „Јас ја имам само мојата вера“.
„Да, Верата“, повторил професорот. „И тоа е проблемот кој науката го има со Бог. Нема доказ, само вера.“
Студентот застанал тивко за момент, пред и самиот да постави прашање.
„Професоре, постои ли топлина?“
„Да“
„А постои ли ладно?“
„Да синко тука е премногу ладно.“
„Не господине, не постои“
Професорот го врти своето лице кон студентот, очигледно заинтересиран. Во училницата одеднаш станува многу тивко.
Студентот почнува да објаснува.
Можете да имате топлина во изобилство, дури и повеќе топлина, супер-топлина, мега-топлина, неограничена топлина, бела топлина, малку топлина или да нема топлина, но не постои нешто што се нарекува „ладно“. Можеме да одиме надолу до 273 степени под нулата, што не е топлина, но не можеме да одиме повеќе од тоа. Не постои ладно, инаку би можеле да одиме под ладно подолу од најниските -273 степени. Секое тело или објект е подложно да учи кога има или пренесува енергија, и топлината е таа која прави телото или предметот да има или пренесува енергија . Апсолутна нула (-273 степени) е тотално отсуство на топлина. Видете, господине, ладното е само збор кој го употребуваме за да го опишеме отсуството на топлина. Ние не можеме да го мериме ладното. Топлината можеме да ја мериме во термички единици бидејќи топлината е енергија. Ладното не е опозит на топлина, господине, само отсуство на тоа.“

Тишина низ целата просторија. Пенкало падна некаде во училница, звучеше како чекан.
„Што е со темнината, професоре. Дали постои такво нешто како темнина?“
„Да“ одговорил професорот без двоумење. „Што е ноќта ако не темнина?“
Повторно грешите, господине. Темнината не е ништо друго, туку отсуство на нешто. Може да имате слаба светлина, нормална светлина, светла светлина, трепкава светлина, но ако немате светлина постојано вие немате ништо и се нарекува темнина зар не? Тоа е значењето кое го употребуваме за да го дефинираме зборот. Во реалноста, темнината не постои. Ако постоеше, вие ќе можевте да ја направите темнината потемна, зар не?
Професорот почнал да му се смее на студентот. Ова ќе биде добар семестар.
„Па која е вашата поента млад човеку?“
„Да професоре. Мојата поента е, вашите филозофски премиси имаат недостатоци на самиот почеток, и вашиот заклучок мора да е погрешен.“
Лицето на професорот не можеше да го скрие изненадувањето овој пат. „Недостатоци? Може да ми објасниш како?“
„Вие застапувате премиса на двојност“ објаснил студентот. „Вие расправате дека има живот и дека постои смрт, добар Бог и лош Бог. Вие го гледате Божјиот концепт како нешто конечно, нешто што не може да го мериме. Господине, науката не ни може да ја објасни мислата. “Се употребува електрична енергија и магнетизам, но никогаш не се гледа, а уште помалку да се разбере барем едното. Да се види смртта како опозит на животот е да се игнорира фактот дека смртта не може да постои како материјална работа. Смртта не е опозит на животот, туку само нејзино отсуство. “Сега кажете ми професоре,... Дали ги учите вашите студенти дека тие еволуирале од мајмуни?“
Ако се однесува на природниот еволутивен процес, млад човеку, да, секако дека да.“
Дали некогаш сте ја набљудувале еволуцијата со вашите очи, господине?“

Професорот почна да ја тресе својата глава, се уште смеејќи се, како да сфаќа кон што води аргументот. многу добар семестар, навистина.“
Бидејќи никој никогаш не го набљудувал процесот на еволуцијата како оди и не може да докаже дека процесот продолжува, зарем не го предавате вашето лично мислење, господине? Зар не сте научник туку проповедник?
Училницата е во галама. Студентот останува смирен додека конфузијата се стивнува.
Да продолжам со поентата што ја кажавте претходно на другиот студент, да ви дадам пример на што мислев.“
Студентот погледнува низ просторијата. „ Дали постои некој во училницата кој некогаш го видел мозокот на професорот?“
Класот прснува во смеа.

„Ако постои некој кој некогаш го слушнал мозокот на професорот, го почувствувал , допрел или помирисал мозокот на професорот? Изгледа дека никој не го направил тоа. Па, според поставените правила на емпирискиот, стабилен, потврден протокол, науката покажува дека вие немате мозок, со сета почит господине. Па ако науката кажува дека вие немате мозок, како да им веруваме на вашите предавања, господине?“

Сега училницата е во тишина...

Професорот само гледа во студентот, неговото лице е нејасно. Конечно, по голема пауза, професорот одговорил „претпоставувам дека ќе се земе во обѕир верата“
Сега вие прифаќате дека има вера, и всушност, верата постои со животот, продолжува студентот. „Сега, господине, дали постои такво нешто како злото?“
Сега несигурен, професорот одговара, „Секако дека постои. Го среќаваме секој ден. Тоа е во секојдневните примери на човечката нехуманост кон човекот. Тоа е во мноштвото криминал и насилство насекаде низ светот. Овие манифестации не се ништо друго туку зло.“
На ова студентот одговорил, „Злото не постои господине, или најмалку не постои само по себе. Злото едноставно е отсуство на Бог. Тоа е како темнината и ладното, збор кој човекот го создал за да го опише отсуството на Бог. Бог не го создал злото. Злото е резултат на тоа што се случува кога човекот ја нема Божјата љубов присутна во неговото срце. Тоа е исто како што ладното што доаѓа кога нема топлина или кога темнината доаѓа кога нема светлина.

Професорот седна.

Алберт Ајнштајн
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
„Ако постои некој кој некогаш го слушнал мозокот на професорот, го почувствувал , допрел или помирисал мозокот на професорот? Изгледа дека никој не го направил тоа. Па, според поставените правила на емпирискиот, стабилен, потврден протокол, науката покажува дека вие немате мозок, со сета почит господине. Па ако науката кажува дека вие немате мозок, како да им веруваме на вашите предавања, господине?“
Да, но гледајќи го мозокот на некој друг Хомо Сапиенс во мртовечница или растурен на автопат - логички е дека и јас поседувам мозок бидејќи сум Хомо Сапиенс, безразлика што не сум го видел со свои очи...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
На ова студентот одговорил, „Злото не постои господине, или најмалку не постои само по себе. Злото едноставно е отсуство на Бог. Тоа е како темнината и ладното, збор кој човекот го создал за да го опише отсуството на Бог. Бог не го создал злото. Злото е резултат на тоа што се случува кога човекот ја нема Божјата љубов присутна во неговото срце. Тоа е исто како што ладното што доаѓа кога нема топлина или кога темнината доаѓа кога нема светлина.

Професорот седна.

Алберт Ајнштајн


Е сега, последователно на муабетот, фактички она што студентот го објаснал го достигнала науката. Сигурно не го пишува во религијата, што значи студентот не испаднал прав верник и не се потпрел на неговите религиозни учења туку се потпрел на науката со цел да ја издигни религијата што е голем парадокс. Кога се земаат 2 работи како спорни и двете треба да изјаснат нивни ставови, каде науката секогаш објаснува и дефинира а религијата бара цитат низ страниците и го толкува. И кога тој цитат е побиен, завршува полемиката со “Јас верувам, а вие не, јас во рајот вие во пеколот“.
Религијата фактички е метафора, ако ја сфаќа човек буквално сигурно ќе се изгуби од реалноста. Како што гледаме има : Бог-сатана, има лошо има и добро. Истите примери ги имаме во светот со : Големи-мали,мажи-жени, добри-лоши,ден-ноќ и сл.

Значи, ден без ноќ не постои, ноќ без ден нема, мажи без жени не би постоеле и се останато, така и бог си има своја опозиција.Дури и нашето тело има лева и десна страна, во случајов ако ја сметаме сатаната за лоша, тоа е исто како да речиме мојата десна рака ме служи добро и со неа пишувам а мојата лева, треба да ја отфрлам. А истата таа рака брка еден тон други функции па што не ги можи десната. Се си има намена и функционира како целина, иако се двете работи сами по себе спротивни. Исто како да каже човек “не е убаво да спиеш, цел живот буден да го поминиш“. И тоа не е можно,телото има потреба од одмор што значи невозможно е самото постоење во овој свет и оваа реалност без спротивностите. Секако религијата има сосем дург одговор на ова истото кој не е компитабилен со реалноста и вистината.


Во библијата пишува дека сатаната, кој бил злобен, направил лошотија по човештвото. Во библијата не е опишано дека направил ниту едно лошо дело сатаната, напротив напишано е само за една работа, која е многу корисна за човештвото. Господ им рекол на адам и ева, дека може да јадат од сите овошја освен од забранетото јаболко. Ако го каснат ќе умрат. Ова е случајот каде бог ГИ ЛАЖИ!
Сатаната, се претворил во змија, и му кажал на адам и ева, дека бог ги лажи, и нема да умрат, туку ќе станат умни и разумни и свесни за своето постоење односно рамни на бог, и затоа тој им го забранил. Значи во случајот имаме бог кој лажи и се плаши од луѓето кои ги создал да не го надминат, што е пример за егоизам. Ева откако каснала од јаболкото, почнала подобро да размислува и гледа на работите а исто и после неа адам. Значи змијата им направила добро, им ги отворила очите. А нивниот создател, лут на нив ги исфрлил на земјата да се снаоѓаат како сакаат. И поради разумот кој го добија, можеа да се снајдат и прехранат на земјата.

Следува инцест-парадоксот, кој вика дека сите луѓе на светот се намножија од адам и ева. Значи од 2-ца обични луѓе, незнаеме каков тен, ама на светот постојат и црни, и бели, и плави, и секакви луѓе. Значи адам го имал и рецептот за различни луѓе да направи и намножи по земјата и ги однесе на сите далечни краишта, па дури и да остави некое племе во пустина кое ќе страда за вода, мала прошетка до северни јужни полови да направи и ескими...

Исто така, кога адам имал 2 деца, и носеле поклон за господ, едниот уловил животно, а другиот му однесол овошје, и во тој случај господ не го бендисал едниот поклон, па настанало братоубиство.Значи имаме и бог кој се поткупува. И во случајот, кој гледа се слуша се и знае се, сепак не го спаси адам од убиството на брат му.

После тоа, адам и ева како што имале 4-5 деца ако не и поеќе, од нив се намножила планетата, преку инцест со браќа и сестри, што значи целото човештво е инцестно постанато. Има голем број на парадокси во библијата.....


И во контекст н цитатот од студентот, кој верува во христос а не го почуствувал, а муи рекол на професорот дека и топлината не ја гледа а знае оти постои. Тоа е фиктивен доказ, топлина може не гледаме затоа што е енергија, но сепак постои и ја ЧУСТВУВАМЕ. Студентот верува во христос, но не го вбидел ни на сон, ниту го почуствувал ниту му помогнал, освен на слика на некој ѕид.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Мортидо

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Верник сум ама знам дека не сум религиозен и дека не сум таков каов што налага да кажеме библијата,верувам во поголема сила,несватлива за нас ама сепак функционира на некој за неа познат начин.
Зашто верувам?
Зашто така чуствувам,толку едноставен е одговорот.

Би требало модераторот да го смени или насловот или па реченицата од воведот зашто се различни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Не, затоа што поголемиот број самодекларирана религиозна маса се „религиозни“ само по потреба.
И тоа многу повеќе оди на нерви на „неверник“ кому истите се обидуваат да му докажат дека греши што не верува, отколку на било кој помалку или повеќе религиозен.
Ај сме направиле нешто неубаво, ќе постиме за да ни прости Господ.
Ни треба помош за нешто кога ни е јајцето на газот, ај ќе се молиме на Господ да помогне.
А во меѓувреме, распашана команда ќе си играме, па после ќе му го мислиме кога ќе ни се стемни.

Иако не идам од некое религиозно семејство, ко мала знаев да фатам да се молам, а после тоа се чувствував глупаво зошто знаев дека неколку збора упатени во воздух, нема да ме однесат никаде ако не мрднам сама.
Баш ко „вицот“ што беше за детето и точакот.
Моли се, моли се...нема точак од дедо Боже. Затоа полесно е да го украдеш, па после да се молиш да ти прости.

Едит: Благодарам на забелешката Aristokrat, средено. :)
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Днска се пости, епа ја посту сс мисле, неам мрсну душу и не мислу на никога лошо, тој е мој пост.
А ке си еду што сакам, а не што ми налага библија
Не сам мноо религиозан, не сам комај ич
Моја верба у убави нешта ме прави религиозан , не спрема цркфу и бога, него спрема добри људи
Верују поише у доброга човека , човек на човека е сфе, и бог и сфет дух, амин : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Верувам, го почитувам и го сакам мојот Бог, но факт е дека, не сум онаков каков што налага тој(Библијата)
Зошто верувам... затоа што немора да видиш некого за да го осетиш неговото присуство, и неговата рака поставена на твоето рамо кога ти е тешко.
Кога ти се затворени очите, влегува некој и седнува до тебе, го гледаш или го чуствуваш?
Мислам дека е второто :)
Така и јас, не сум го видел, ама му го чуствувам присуството, и така се чуствувам...сигурно :)