Дали имате навика да лажете?

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
know-someone-lying.jpg

Лагата - Нешто со кое честопати ќе се среќаваме во текот на нашиот живот. Знаеме да лажеме како би извлекле некоја материјална корист ( пример пари од родителие), знаеме да лажеле кога сме заљубени, како би добиле нешто што посакуваме, итн.. Но честопати знаеме и да бидеме излажани од некоја друга личност!

Колку често имате навика да лажете, што добивате со тоа и како би се чувстувале кога би дознале дека некој ве лаже/ или дека вие сте излажале некого т.е. реакцијата?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee and Ludaca

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Сега никој нема да пише оти сите не лажат и мразат ако ги лажат.
Дабоме, колективен одговор: „Не лажеме бидејќи немаме корист од тоа, секогаш сме искрени им се свидело тоа или не на другите, не е убаво да се лаже и ние не лажеме бидејќи ако лажеме имаме вошки и спиеме на таван. А и мразиме кога некој не’ лаже, но за среќа имаме шесто сетило да насетиме дека не’ излажале (откако некој ќе ни каже.)“
Е сега реално, сите лажеме. Но, има разлика од лага до лага.
Јас си користам бели лаги ако не ми се оди некаде или не ми е по кеф нешто да правам. Но ги користам оние кратките „Имам проект/имам за учење“ и толку, не ми се замара да објаснувам и да измислувам приказни. Со поблиските, а посебно во врска, почитувам и преферирам тотална искреност, само тука нема простор за лаги па ич!
Единствено кога некои поблиски другарки ќе напнат, па ми пукне филм и останатото не е во контекст на темава. Дома имам лажено т.е. скриено само неколку оценки за кои сум знаела дека ќе ги поправам, па да не кревам општонародна паника и никој да не биде повреден. Како мала излажав за да извлечам пари за чипичан и тоа е.
Во глобала, лажам, но никогаш за лоши цели и со скриени намери. (Освен за чипичанот!)
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Сум лажела, лажам и ќе лажам се додека има потреба за тоа.
Ситни лаги, крупни, вакви такви, лага си е лага. И да бидеме искрени, многу пати ни помогнала...
И сум била излажана.
Какво е чуството?
Убаво, фино, како никогаш дотогаш не е. Па, какво може да биде чуството кога знаеш дека си бил излажам?
Дека пред некого си испаднал наивен, будала...? Дека си наседнал?
Никакво. Грозно. Лошо.

Има лаги преку кои може да се премине и такви преку кои не може да се премине.
А да преминеш преку лага која не е така мала и наивна е исто што и наседнување на лагата т.е. испаѓање будала.
Ти знаеш дека не е така, ама молчиш. За нечие добро, твое или на лажачот.
Е само во таква ситуација не сум се довела. Да знам дека ме излажал/а и да молчам.
Да се правам на Тошо. Тоа кај мене го немало и верувам дека ќе го нема.
А дека некој не бил излажан, не верувам.
Барем ние што сме членови на вакви форуми сме биле излажани барем еднаш.
Е за овде шестото сетило не помага, зашто нит го знаеш, нит го познаваш тој таму пред компјутерот.
Ниту поглед му пратиш, ниту движења, ниту го слушаш.
Во виртуелноста лажењето е најлесно.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Не.., и не можам да ги смислам тие што лажат..
Човек што лаже во моите очи е човек со ниска вредност и без морал..
Такви не свесни лажачи не сакам во моја близина, и фала богу сум ги елиминирала сите...
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Не лажам по навика ,лажам по потреба :)
Знам некад да кикснам па за да не се обрукам да подлажам хахахахха....Како на пример сум паднала сама а на сите им кажувам дека и другрка ми паднала со мене ;) хсахахахах
 

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Да да, и тоа како. Ама само кога имам потреба, не ми е навика. :giggle