Дали знаете да простувате и колку често го правите тоа?

Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
правам грешки, секогаш се извинувам и простувам така ќе биде и овој пат нека ми прости што бев со мојата порака неразбран,
избришиме веќе од твојот живот слободно ќе ти простам знам дека ќе ти олесни
 

Anacal

Полноправен Член
19 јануари 2013
45
29
18
Простувам само на оние кои сметам дека заслужиле да им биде простено и дека навистина се каат што погрешиле, инаку ретко кога простувам. Како што реков - бирам на кого ќе простам.
 

radioactive

Истакнат Член
14 април 2013
54
39
118
Доколку се работи за нешто кое длабоко ме повредило и оставило трага врз мене...никогаш. За ситници можеби, а можеби и не :)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Секогаш ми била глупава реченицата -простувам ама не заборавам- по малце нелогична и малку повеќе дволична.
Дали тоа значи дека ако некој ме изневерил, ќе му простам, ама нема да му го заборавам и на секоја следна караница ќе му го вадам на нос?

Гледам сите се изјасниле дека простуваат, браво убаво е да имаме повеќе луѓе како вас...
Јас и да кажувам и да пишувам и себеси да се убедувам дека простувам, секоја постапка ме убедува на спротивно. Дека ни знам да заборавам (освен во случај во кој ќе се изјаснам подолу) ни знам да простувам. А не ни сакам, тоа не ме прави подобар човек, него наивна мета за искористување.
Сакам да се одмаздувам, ни помалце ни повеќе, онолку колку што ми згрешиле. Тогаш сум на рамно и можам да заборавам и да тргнам понатаму. Да простам не можам, па нека ме прави тоа и ужасен човек!
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Сакам да простувам, христијански било. Но за жал длабоко во себе морам да признам не простувам. Само ја подзатворив вратата на срцето за тие кои ми згрешиле. Не се гордеам со тоа. Во секојдневниот живот само ги ставив на дистанца која ја чувствуваат и самите, без чувство на бес или на одмазда. Среќна сум што успеав од тоа да се ослободам. Убаво е да се простува, но кој може да го направи тоа вистински. Јас се може да ти дадам, но да ти простам ако си ме изиграл не можам. Нека ми простат за тоа.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Зависи. Анализирам. Од повредата, начинот на кој е нанесена, кој ја нанел, причина зошто како.... И дали постоела задна намера. Признавам не се правам на Дева Марија и да го вртам и вториот образ. Но некогаш во дадени околности, зависно и од горенаведеното простувам и по одредено време, заборавам.
 

Enduu

Староседелец
4 септември 2012
23
7
603
28
Да, зависи од ситуацијата и околностите. Треба, и убаво е да простуваш. Меѓу тоа, внимавај на какви луѓе им простуваш, бидејќи постојат такви што знаејќи дека имаш меко срце и ќе им простиш, постојано продолжуваат да те повредуваат, правејќи те наивен/а. Ги има многу, барем во мојот живот..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Простувам секој ден.......го поедноставувам живтот.......неможам да живеам во напната ситуација....едноставно....неможам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina