1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Дали жената треба да дои и во јавност или само во приватност?

Дискусија во форумот 'Бременост' започната од Дејви, 11 март 2016.

  1. EmilijaS

    EmilijaS Истакнат Член

    Зачленет на:
    20 јануари 2016
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    39
    Да дои во јавност :kafe
    Како што ние јадиме во ресторан, низ парк, во трговски, така и бебињата си имаат потреби за храна. Нормално нема жената да вади и на маса во кафеана да дои, ама на клупа во парк, во трговски, со марама - оти да не?
     
    #11 EmilijaS, 19 март 2016
    Последна промена: 19 март 2016
    На ●Untouchable° и Selene им се допаѓа ова.
  2. Дејви

    Дејви Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    10 март 2016
    Мислења:
    308
    Допаѓања:
    187
    Па затоа што ке има љубопитни погледи од околината.
     
  3. ●Untouchable°

    ●Untouchable° Староседелец

    Зачленет на:
    24 август 2015
    Мислења:
    1,186
    Допаѓања:
    1,131
    Дали ќе има предлабоко деколте, дали ќе дои бебе со марама- што е далеку по долично од првонаведеното...
    Секогаш имало и ќе има љубопитни погледи и коментари.
     
    На EmilijaS му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Дејви

    Дејви Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    10 март 2016
    Мислења:
    308
    Допаѓања:
    187
    :x Еми така си е, сите биле бебенца некогаш и сакаш-несакаш ке ти забегат очи натаму.
     
  5. EmilijaS

    EmilijaS Истакнат Член

    Зачленет на:
    20 јануари 2016
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    39
    Барем према тоа што имам забележано, на една мајка не ѝ е гајле дали некој ќе ја гледа или не. Тоа што некој љубопитно ќе ја гледа, најмалку неа ќе ѝ биди грижа зошто привилегија дава на гладното дете, не на љубопитните луѓе.
    Исто така, љубопитните погледи ќе се намалат ако ова стани секојдневие, а не ако на жените доилки им е срам да ги дојат нивните деца за некоја икс трета особа, небитна и несврзана за нивниот живот, ако ја види.
     
  6. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    абе гладното дете и дома требит да се нарани, не само надвор :biggrin
     
  7. EmilijaS

    EmilijaS Истакнат Член

    Зачленет на:
    20 јануари 2016
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    39
    Треба, ама има ситуации кога ете ради куп обврски се задржува мајката со детето 3 часа надвор, а реалтивно на толку време јади едно дете и почнува да плачи. Да го остај да плачи зошто е срамота (?) таа да го дои зошто некои љубопитни луѓе ќе ја гледале неа?
    А постојат и марами, а и сигурно нема градата на мегдан да ја извај па за да се има шо да се види туку на некоја клупа во парк, задскриена со марама за доење покриено врз главата на бебето и врз градата.
     
  8. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    види, немој да ме сфатиш погрешно, ама морам да прашам, ради какви обврски во парк, трговски и слично?
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EmilijaS

    EmilijaS Истакнат Член

    Зачленет на:
    20 јануари 2016
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    39
    Првично, најобична прошетка во парк со детето зошто тоа е нели, здраво за него.
    Закажан состанок, безразлика дали за работа во време кога жената е на породилно отсуство.
    Потреба да купи алишта за малото.
    Потреба да оди до маркет кој е можеби доста оддалечен од неа па мора да го земи и него зошто сопругот е на работа.
    Да не си играме мајтап, има обрврски и има секакви ситуации.
    Само мене ме чуди, зошто ние јадиме во ресторан надвор, а не само дома. Хм.



    пс. Да заборајв да додам и лош сообраќаен метеж.
     
    #19 EmilijaS, 20 март 2016
    Последна промена: 20 март 2016
  10. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    Не си играм мајтап, напротив, ептен сум сериозна. Има ситуации и се случува, ама да си кажиме право, многу почесто се случува заради тоа шо не сакаме да си ги менуваме навиките и да си скратуваме од задоволствата за да се прилагодиме на потребите на бебето.
     
    На misterija му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: