1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Дали жената треба да дои и во јавност или само во приватност?

Дискусија во форумот 'Бременост' започната од Дејви, 11 март 2016.

  1. Дејви

    Дејви Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    10 март 2016
    Мислења:
    308
    Допаѓања:
    187
    Па, би сакал да ги видам и двете мислења во дебатава.
     
    На Loner му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Savana

    Savana Нов член

    Зачленет на:
    11 март 2016
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    15
    Јас сум за доење во јавност, немам проблем ако му е време на бебето да се дое, си наогам место да си седнам, се покривам и го дојам, градата не ми е извадена, не ми се гледа, осетлива сум за другите во околината, ама сметам дека е важно да се ослободиме од предрасудите во врска со доење во јавност. Во последно време бебето сака да е тишина, ако некој е околу на, тешко се доиме зашто сака да види се што се случува околу него, па мора да си барам место каде ќе бидеме сами за да си се најаде на раат бебушка.
     
    #2 Savana, 11 март 2016
    Последна промена: 11 март 2016
    На Mnogo Bitno, Loner, malo и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. malo

    malo Староседелец
    Најфотограф

    Зачленет на:
    13 септември 2012
    Мислења:
    1,280
    Допаѓања:
    2,063
    И јас сум за, не гледам ништо лошо во тоа да се дои бебе во јавност и многу ме нервираат коментарите дека било одвратно или непристојно... Тоа си е природна работа, бебето има право да добие храна секогаш и секаде каде што му е потребно и мајката има право да му го овозможи тоа.
     
    На Mnogo Bitno, Loner и Savana им се допаѓа ова.
  4. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,656
    Бебето не бира кога ќе е гладно, а не може да се затвориш дома постојано и само да чекаш да заплаче за да доиш, па нема зошто да пречат жени што културно ќе најдат место да си дојат покриени и без некакви атеншн хор потреби.
    Сосема нормално и природно е. Дури и срам да те фати сељачана кога ќе зазјапа во таква мајка, па на кутрава ѝ паѓа незгодно, мислиш криминалец е.
    Ама затоа ми иде да се расфрлам шамари по оние што мислат дека само тие се мајки со Бебе Исус, позлатени вагини и гради од кои тече света вода, и дека сиов свет треба да се прилагоди спрема нивните потреби. Па топло му било демек на бебето, намалувајте клима, па донесете ми чаша со две коцки лед, лимон и капкалка за бебето, па прозор отворете ми, па окупира три маси оставајќи количка сред пат, без гајле си вади цицка сред ресторан/кафич, го лупа бебено на неа ко да е партал, и си го гледа соговорникот во очи дури овие пробуваат да се однесуваат ко цицката да не им е во видно поле. А, не се ретки ваквите, за чудо.
    И после ти упаѓа со она дека таа е мајка и дека ѝ е дозволено било што пошто најдобро се грижи за своето бебе. |-(
    Мене ми е реално смешно тоа ставање на пиедестал, демек жена, мајка, краљица (уби Боже изразов), не знам, светости, ау-бау, Семе Синапово стаф. Не си ни прва, ни последна што се оплодила, нема зашто да се издигаш од земја за посебни (лични, не за бебето) привилегии.

    И чисто пријателски, Дејви, нема да те убие ако напишеш подолг вовед по темиве. Бар дај свое мислење, да се добие некаква основа за дискусија. :)
     
    На Хоуп*, Selene, Saladin и уште 5 други им се допаѓа ова.
  5. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Староседелец

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,721
    Допаѓања:
    752
    Сосема ве поддржувам , таков ни е погледот наш околу еве таквата пракса , нема дилеми околу тоа дали е ок или не е , нормално дека е ОК !
    Само не е ок на тате ако му се пријаде тоа да биде кај што ќе сака ! (wave)
     
    На Savana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,275
    Допаѓања:
    1,896
    Јас си го доев малиот кај што ќе посакаше, на гости, во парк, во кафуле...
    Фино лепо ќе си се повлечев некаде или ќе се завртев со грб, ќе си го надојам и готово...
    Нема потреба до устручавање, нити пак правење случај од тоа...
    Мене особено кога го доев надвор ме нервираа погледите од стринки во годинки, кои и самите биле мајки, и доеле, а те гледаат ко небаре клекнав да уринирам...демек брука сум...
     
    На Хоуп*, Savana и malo им се допаѓа ова.
  7. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Староседелец

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,721
    Допаѓања:
    752
    Pa nemaat rabota drugo so da praat babetinite i toa cekaat da mozat sus bus vidi ova vidi ona , za greota se !
     
  8. Дејви

    Дејви Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    10 март 2016
    Мислења:
    308
    Допаѓања:
    187
    Абе не се само бабетините што ке зјапаат.:ladno
    И јас мислам дека природното си е природно и треба да им се даде на бебенцата да цицаат каде и кога сакаат а и на публиката да си посматра.(bandit)
     
    На Mnogo Bitno му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ●Untouchable°

    ●Untouchable° Староседелец

    Зачленет на:
    24 август 2015
    Мислења:
    1,186
    Допаѓања:
    1,131
    Во секој случај ги поддржувам мајките кои се грижат за своите деца нормално, каде и да се.. тоа што не им е грижа што баба Трајана кажала туку им е грижа за малата душа која расте само од мајчиното млеко!
    На фб некој имаше објавено видео, местенка.. девојка која дои бебнце и девојка со бааги длабоко деколте..
    Имаше реакции као како може во јавност тоа е гадно а типов шо имаше оргснизирано се на крај разголенава ја викаше и вика:
    Значи за оваа што од разонода се разголила не е срамота а за оваа што живот дава срамота е!
    некои се засрамуваа а некои упорно..
    Не секси е оваа на другава треба да и е срам.. сепак според мене ова би го рекле само луѓе без совест..

    ама ми е криво шо не можам да го најдам видеото..
     
  10. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    Природна работа, фала богу, немам ништо против. Иако лично не можам да се сетам дека сум ги доела во јавност. Интимен чин ми било доењето и секогаш си сакав да сум си со бебето сама и раат. А сум одела и по гости и по кафичи, но стварно не се сеќавам да сум се нашла во ситуација кога било потребно да дојам пред други луѓе. Не бара тоа на пола саат да цица. Најдој си го дома, стави го во количка и само што ќе излезеш надвор ќе го фати воздух, убаво му е и ќе си заспие. А кога се поголемки пијат и сокче и чајче па не мора одма да се раслечеш на сред улица :biggrin
    Ама која како си сака, нејзино право.
     
    На Selene, malo и existence им се допаѓа ова.

Сподели: