Дали гледањето порно во пар е сè уште табу?

Glory

Истакнат Член
8 септември 2013
27
13
103
Според некои анкети и статистики, веќе е потврдено дека и жените сакаат да гледаат порно филмови и имаат свои омилени категории. (inlove)
http://www.crnobelo.com/zivot/ljubov-i-seks/25869-kakvi-porno-filmovi-gledaat-zenite
Но, кога станува збор за гледањето вакви филмови во пар, повеќето го избегнуваат. Само околу 35 % немаат проблем заедно да гледаат порно филмови, да научат некои нови пози или да ги користат само како стимулација.:cool:
Причините за тоа понекогаш се срам, здодевност или ниската самодоверба која им ја предизвикуваат перфектно средените порно актерки.:wub:sram
Што мислите? Колку е океј да се гледа порно во пар? Го правите ли тоа? Ви помогнало за нешто? Или не би признале дека гледате дури ни на само?:eek
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Јао, што сме симптоматични и проблематични.
Низ животецов ми минале многу глупи мисли низ глава, ама никогаш, ни на крај памет, не ми текнало порничот да го гледам ко конкуренција. (facepalm)
Гледањето порничи воопшто, е табу овде. Гледањето во пар е веќе врвот на невкус, кич и немање взаемна љубов и почит, па таквите парови треба да се покрстат. Наместо во темница да ја тераат мисионерската под чаршави, порничи ќе гледаат заедно...
102.gif

Со тој феномен се запознав преку одредени персони чија најголема мака беше токму делот што момакот воопшто гледал порничи (apparently, во жениве ќе да е проблемот). Не знам бе, смешни ми се и тие што им текнува да се споредуваат со глумиците (очај и посесивност lvl over 9000), како и оние „Ама мојот не гледа порничи, јас сум му доволна. :wub“ Абе, како да ви кажам...:D

Кај нас, општо сексот ко појава е океј само додека е во тајност. Проговориш ли дека си имал/а односи со партнерот со кој сте заедно веќе 6 години? Booo, you whore...па уште и порничи ќе гледаат заедно. Мрш у манастир одма.
Идење со разни е океј, сепак не е порнич и не се говори јавно за тоа, so it's safe.

Лонг стори шорт, ајде за срам ќе разберам, сепак секој во различен кош припаѓа, ама здодевност - не. Ај па Добро Утро Македонијо да се пушти...или не, можеби на таа водителката ќе мисли братов после, па ќе има уште некој покушај со секира. :eek Тоа е тој страв. А тек па да им кажеш дека е нормално на човека да му се симпатични и други луѓе, без притоа да си мота еротски филмови во глава за нив... :eek:
Зборам за размислувањата на жени пошто со нив сум зборела на таа тема и сум сакала истовремено да пукнам од смеење и да ги затепам со стол.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Еј значи да ти е мерак да ја читаш Електра. Во секоја тема има километарско мислење. :)
Очекувам во оние темите за што јадевте/пиевте и таму да пише некое мислење така подолго малце. :)
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Се’ она што се случува помеѓу две индивидуи зад затворени врати и истото е своеволно, по сопствена воља и желба, пришто на двајцата им причинува задоволство е сосема оправдано и “нормално“...
Тоа е ставот на мојот професор доктор по психијатрија од времето кога студирав и тој став ете до ден денес ми остана зашто стопроцентно се сложувам...
Па така, дали парот ќе си игра садо-мазо, дали ќе играат улоги, дали ќе користат секс помагала и играчки, дали ќе се снимаат или ќе гледаат порнич заедно, според мене е сосема ок...нивна работа, нивно право...
А стварно иритираат “часните сестри“ кои не гледаат порно и кои му се дурат на дечковците или мажите оти гледале порно...Мислам, хелоууу...
А уште посрцки пак се оние кои се комплексираат од порно глумиците...Да се искомплексирам зашто типката од источна Европа набутала 5 кила силикон, ги напрчила муцките и газот и стенка како да е на дугме, само што ќе ја пипнеш она свршува? И таа демек е за завист или љубомора?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and *Hera*

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Јао, што сме симптоматични и проблематични.
Низ животецов ми минале многу глупи мисли низ глава, ама никогаш, ни на крај памет, не ми текнало порничот да го гледам ко конкуренција. (facepalm)
Гледањето порничи воопшто, е табу овде. Гледањето во пар е веќе врвот на невкус, кич и немање взаемна љубов и почит, па таквите парови треба да се покрстат. Наместо во темница да ја тераат мисионерската под чаршави, порничи ќе гледаат заедно...
102.gif

Со тој феномен се запознав преку одредени персони чија најголема мака беше токму делот што момакот воопшто гледал порничи (apparently, во жениве ќе да е проблемот). Не знам бе, смешни ми се и тие што им текнува да се споредуваат со глумиците (очај и посесивност lvl over 9000), како и оние „Ама мојот не гледа порничи, јас сум му доволна. :wub“ Абе, како да ви кажам...:D

Кај нас, општо сексот ко појава е океј само додека е во тајност. Проговориш ли дека си имал/а односи со партнерот со кој сте заедно веќе 6 години? Booo, you whore...па уште и порничи ќе гледаат заедно. Мрш у манастир одма.
Идење со разни е океј, сепак не е порнич и не се говори јавно за тоа, so it's safe.

Лонг стори шорт, ајде за срам ќе разберам, сепак секој во различен кош припаѓа, ама здодевност - не. Ај па Добро Утро Македонијо да се пушти...или не, можеби на таа водителката ќе мисли братов после, па ќе има уште некој покушај со секира. :eek Тоа е тој страв. А тек па да им кажеш дека е нормално на човека да му се симпатични и други луѓе, без притоа да си мота еротски филмови во глава за нив... :eek:
Зборам за размислувањата на жени пошто со нив сум зборела на таа тема и сум сакала истовремено да пукнам од смеење и да ги затепам со стол.
Ако гледањето порнич е врв на невкус, зошто онда додека готвиш го гледаш Миланче на Канал 5 тв. ?????
Оди па прекрсти се ...
-Или па не готвиш ?
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Не гледам порно ни сама ни со него, не затоа што глумам часна сестра или имам предрасуди, туку затоа што порното не ме возбудува и не ми е интересно. За разлика од порното ја сакам еротиката и уживам да гледам еротски филмови. Во еротиката има некоја магија, уметност...има приказна, емоции, нежност и за разлика од порното не се гледа се, те става во исчекување и не си сигурен дека се ке ти покажат од секој можен агол.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не ми е јасно како може во пар да се гледа. А ич не ми се јасни па двајца машки или повеќе и ќе седнат порнич да гледаат.
И што прават тогаш, еј види ама ја секса, вака и јас некогаш ќе правам. А и уствари од кај знам, можеби и се плескаат. :)
А за дечко и девојка да гледаат порно заедно исто не ми е јасно како може. Порно се гледа сам, некој гледа повеќе некој помалце ама битно сам се гледа. :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Мене па интересна појава ми се тие кои што сакаат да ги прикажат табуата како лоши. Сигурно не сакам да знам дали некој гледа или не гледа порно и дали и кога имале односи и такви ствари. Има нешто што се вика приватност и не треба да се сервира на тие што не се учесници во истата. Веројатно не очекувате некој пар дур седите да ви кажуваат што прават во кревет зашто нели сексот и гледањето порничи во пар не треба да се табу теми.

Табуата постојат и се одржале толку време со причина, затоа што повеќето од луѓето сакаат да имаат барем парче живот кое нема да биде споделено со светот. Е сега кога станува збор за пар и заеднички живот, според мене би требало да не постојат забранети теми меѓу нив двајца (ама само меѓу нив двајца) како би можеле да се „разголат“ пред партнерот затоа што според мене едни од клучните работи за здрава врска се довербата и доброто меѓусебно познавање.

Предрасудите кои што ги спомна @Electra настануваат поради табуата, а токму поради тоа што луѓето не сакаат да бидат жртва на предрасуди чуваат свои информации подалеку од допир со останатиот свет. И кога ќе погледнеш одозгора предрасудите и табуата коегзистираат зависни едно од друго (табуата постојат поради предрасудите и предрасудите постојат поради табуата), па кога би го снемало едното би го снемало и другото, ама кое треба да е првото што ќе исчезне?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and MoonFairy