Дали врска на далечина може да успее?

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
За некои луѓе врската на далечина може да биде многу тешка, па така многу парови кои пробале да ја одржат љубовта на овој начин не успеале во тоа. Истражувачите пак тврдат дека врската на далечина не е невозможна мисија. Клучот за опстанокот на ваквата врска лежи во начинот на кој размислувате. Наместо далечината да ја гледате како проблем, треба да ја гледате како предност. Еве неколку причини за тоа.

Ваквата врска може да ве направи среќни. Во ваквата врска ќе имате многу повеќе време за да посветите на себе, во што спаѓа и здравиот начин на размислување и живеење. Ви се отвораат и портите за надградување на образованието и напредок во кариерата, што во иднина сигурно добро ќе ù дојде на вашата врска. Со други зборови, можете истовремено да се чувствувате среќно и исполнето, но истовремено и сакано, иако од далечина.

Врската може да ви биде совршена. Оние луѓе кои се сингл често се плашат од љубовта бидејќи им е страв да се врзат и да чувствуваат одговорност, додека на оние кои веќе се во врска им недостасува слобода. Вие можете да ги имате и двете работи.Никој не ве спречува во ништо. Често може да се чуе како некој кажува „Планирав да продолжам со образованието, но мојот партнер сакаше да основаме семејство“. За вашата врска ова нема да биде проблем, бидејќи можете слободно да продолжите да си го живеете сонот, без страв дека тој не е по плановите на партнерот.

Врската може да ви стане посилна и поздрава. Незадоволството на еден партнер од која било причина, може да ја уништи врската. Вие имате шанса сето ова да го избегнете, бидејќи вашата врска нема да го има притисокот од секојдневните стресови и проблеми, од кои често можат да произлезат кавгите.

Двајцата ќе станете поинвентивни и пооригинални на љубовен план. Врската на далечина бара од двата партнери оригиналност во пронаоѓањето начин за искажување на љубовта. Токму затоа овие врски се посебни.

1-dali-vrska-na-dalechina-mozhe-da-uspee-www.kafepauza.mk_.jpg2-dali-vrska-na-dalechina-mozhe-da-uspee-www.kafepauza.mk_.jpg

Ваше мислење?
 
Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
зависи има случаи кај успева има случаи кај не
зависи од интензитетот кај парот колку се сакаат едн со друг
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and emzzy

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
мене не ми успеаааа:place
се трудевме, се сакавме, тој почна премногу често да си иди од толку далеку...
и поминаа две години....и ни пукна филм изгледа....
да беше тоа на овие години сигурно ќе завршевме срекно ама ете...
сепак незаборавно беше, вистинска бајка...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ако се мисли на врска на далчина засекогаш, мислам дека не може да успее. Пред се, која е поентата ако никогаш не се видите со партнерот? Доколку станува збор за врска на далечина на пократок период, на пример, пола година/година, може да успее. Мора да се има трпение и разбирање.
Иначе, не се сложувам многу со горенаведените причини. Како прво, во здрава врска, мора да се најде/има време и за самиот себе си, па дури и кога парот живее заедно. И мислам дека секогаш се случуваат конфликти, од време на време. Па дури и мислам дека повеќе би имало, доколку би биле разделени. На пример, "Каде беше ти на skype вчера во 18.00, јас те чекав!" или "Каде си бил/а вчера, кои се овие на сликата на кој/а си тагнат/а на фб?!"
 
Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Според мене тешко дека може да успее, мене би ме јадело цело време сомнеж дека тој што го сакам може да е со друга, дека може да ме лаже... а и кога најмногу ќе ми треба тој нема да биде до мене, ќе биде далеку и уште потешко би ми било... имам другарка што има партнер од друга држава, одат скоро 2 години... и тешко и е многу, се гледаат само летото... :eek треба да имаш многу силна волја и да се сакаат и двајцата премногу и да си имаат доверба за да може да опстане една таква врска :unsure
 
Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Ако се мисли на врска на далчина засекогаш, мислам дека не може да успее. Пред се, која е поентата ако никогаш не се видите со партнерот? Доколку станува збор за врска на далечина на пократок период, на пример, пола година/година, може да успее. Мора да се има трпение и разбирање.
Иначе, не се сложувам многу со горенаведените причини. Како прво, во здрава врска, мора да се најде/има време и за самиот себе си, па дури и кога парот живее заедно. И мислам дека секогаш се случуваат конфликти, од време на време. Па дури и мислам дека повеќе би имало, доколку би биле разделени. На пример, "Каде беше ти на skype вчера во 18.00, јас те чекав!" или "Каде си бил/а вчера, кои се овие на сликата на кој/а си тагнат/а на фб?!"

а што ако е до тебе пак најубо ќе биде :giggle
нема врска зависи од тоа колку се вљубени младите од тоа најмногу ;)
 
Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
зависи колкава далечина и на колку време се разделени, секако е индивидуално..
на мене многу ми е битен физичкиот контакт, минувањето време заедно и се тоа...
никогаш не би си дозволила сериозна врска во која ќе се гледаме само неколку пати годишно
иако мислам дека после долга врска, кратко време да бидете одделени (пример еден од парнерите отиде во странство на работа 2-3 месеца) е добра можност да ја тестирате вашата љубов, дали сте заедно само од навика или имате потреба еден од друг..
довербата, љубомората, причината поради која се далеку еден од друг исто така играат голема улога...
 
види шо разлика било порано девојките чекале цела година додека машкото било во војска денесе на чекаат ни еден месец (facepalm)
 
Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
хахха па да, денес е различно од лани не пак од пред децении... + кога мажите оделе во војска тоа било обврска и должност, а кога знаеш дека мора да иде, и дека сите одат ќе чекаш зошто да не.
и не се согласувам дека не чекаат ни еден месец, дечко ми е на студии во друг град, некогаш се немаме видувано по повеќе од месец па еве уште сме заедно, како што кажав погоре многу голема улога играат довербата, љубомората, колку се далеку и колку често се гледаат