Дали вреди да си добар?

Препознатлива

Истакнат Член
27 јуни 2012
119
94
328
На овој свет кој е полн со лаги, насилство, глад и сиромаштија не вреди да си добар, иако уште од мала ме учеле дека ако сум добра со добро и ќе ми се врати...
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Секогаш помагам во сооднос со можностите и на луѓе кои добро ги познавам. Штом еднаш осетам дека некој тоа ни малку не го цени, пристапувам со обратна тактика.
Никогаш не се залетувам си луѓе кои првпат ги гледам, јбг несигурни времиња дојдоа.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Вреди, и тоа многу. Но, зависи како ќе се поставиш во чинењето на таа добрина. Ако имаш самодоверба и самопочит нема да се плашиш дали доброто ќе ти се врати со лошо, ниту пак ако дојде до тоа, тоа ќе те скрши, туку напротив ќе се смееш на нивната простодушност. Верувајте, оние кои на добро враќаат со лошо имаат очаен живот и се мразат самите себе си.
Постојат наивни мирни души кои прават добрина каде ефектот може да биде обратен ако налетаат на ликови кои не го ценат тоа. Тогаш тие се со етикета лузери, глупаци зошто чинат добрина и сл. Има и ликови ко чинат добрини поради осаменост и потрага по пријателства, дури и се потчинуваат на други луѓе за да добијат нивна наклоност. Жал ми е за таквите. ... Како што реков, се зависи како ќе се постави човек. Прави добри дела, биди добар, но секогаш стој исправено и не дозволувај некоја битанга тоа да го злоупотреби.

... а оние кои намислуваат и чинат лошо, тие се луѓе без сопствен живот и идентитет, ниско ниво на самодоверба, очајни се и патат од завист.

... и ова ... имам приметено некои луѓе кои прават добрина, но со таа добрина ја демонстрираат својата доминантност, а оние кон кои чинат добро ги гледаат како потчинети ... од вакви ликови посебно ми се повраќа.
 

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Јас сметам дека треба да се биде добар. Можеби ќе те газат но некој сигурно ќе се најде што ќе те цени. Ако правам добро јас се чувствувам поубаво и исполнето:zelen