Дали верувате во глупоста наречена „љубов“?

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Да се разбериме, излишен е било каков коментар на тема љубов и чувства воопшто.
Индивидуално е.
Инаку јас верувам и покрај тоа што не ми се случила сеуште.
Порано или подоцна сите ги погодува, така да не се секирај. Твојава е на пат да те погоди. :zelen
он: Верувам во љубовта и ако сакаш и ја цениш љубовта што ти ја пружаат, таа не може да биде глупост. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Blondie, Primrose and Lady*

Dionaeam

Полноправен Член
20 јуни 2013
33
69
18
Упорно и упорно си поставуваме цели кои треба да ги исполниме за да бидеме среќни...Разбудете се! Среќата е пред нас. Ќе бидеме среќни тој ден кога ќе сме спремни да изгубиме се, тој ден кога од никој нема да бидеме зависни, најмалку од материјалните вредности. Апсурдно е да ни пречи на патот до среќата едно парче книга.
(y)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Во оваа прилика ќе се самоцитирам.
Љубовта не се сменила, не е тоа предмет кој со текот на времето изгубил боја, избледел, се уништил...
Како што кажав еднаш, љубовта е.
Како што сум јас, како што си ти, тој, таа...

Она што е извитоперено е очајниот обид на човекот да создаде нови вредности диктирани од помислата на моќ, матријалност, авторитетност.
Во тој уништувачки поход, да биде се, заборава да биде она што е суштинско, да биде обичен.

Љубовта никогаш не престанала да бива, луѓето ја изгубија битката со неа, не си дозволија да бидат благословени со неа, со убавина, со витештво, инспирации, соништа...
А, тоа е навистина жално.

А, ти пријателе, што веруваш или само ја криеш својата немоќ и потреба во таков дебилен израз, дека љубовта е глупост, или си премногу мизерен или јако сјебан од некоја. Друга логика немам.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
1.„Љубовта“ е апсурд на денешницава. Не постои, исто како што не постои Дедо Мраз или Пепелашка. 2.Баш би сакал едно објаснување од страна на дечките кои „се заљубени“, што мислат дека е љубовта?
3.Од самата помисла на зборот, од самото пишување тука на форумов, добивам расипани нагони за смеа, за чудење. Ние суштествата наречени луѓе, немаме поим што е тоа љубов. Она што го нарекуваме љубов е само една желба, едно очекување да бидеме среќни.
4.Дали човек што го посветил животот работејќи како помагател на луѓето на кои им е навистина потребна помош знае навистина да сака? Дали ја работи работата заради пари, дали заради љубов? Или пак тоа е само неговото его. Егото од кое не можеме да избегаме. Егото кое ни вели: „Чувствувај се задоволно, денес му помогна на Петре, му ја поправи колата за џабе.“
5.Секој ден пробуваме да сме посреќни од вчера. Се бориме за среќата...но како? Со тоа што ќе си поставиме неколку услови? На пример: Ако годинава не завршам со факултетот, нема да бидам среќен. Ако во рок од три месеци не соберам 500 евра нема да бидам среќен, итн.
5.1.Упорно и упорно си поставуваме цели кои треба да ги исполниме за да бидеме среќни...Разбудете се! Среќата е пред нас. Ќе бидеме среќни тој ден кога ќе сме спремни да изгубиме се, тој ден кога од никој нема да бидеме зависни, најмалку од материјалните вредности. Апсурдно е да ни пречи на патот до среќата едно парче книга.
Малку забегав од љубовта кон среќата, но во суштина тоа сакаме да го добиеме со помислата на љубовта.


1. Денешницава... секогаш тој изговор со тоа како денес било вака а вчера било боље. А нема никаква врска. Дедо мраз и Пепелашка се продукт на маркетиншка пропаганда.
2.Љубовта се доживува индивидуално. Нема опис, нема збор. Едноставно е чувство кое те помрднува од статика.
3. А кој би имал поим? Љубовта е овоземаљска суштина. И не мора да значи дека со неа треба да очекуваме да бидеме среќни.
4. Оној кој помага, свесен е за својата среќа. Оној кој работи од љубов, ни дефицитот на матерјални средства не му претставува проблем.
5. The pursue of happiness... вечитата смисла за животот. Само ретко кој знае и да ја изужива од почеток до крај. Но хеј... барем се трудиме да живееме среќно.
5.1. Целите се мали точки водилки кон она што се стремиме. Да ги немавме, ќе талкавме во место, безидејно, ќе молевме милостина од горе или било каде да ни` се створи во животот, и ќе бевме среќни исклучиво од случајностите.

Што не мора да значи дека среќата исклучиво се пронаоѓа во детерминираноста и погодување на тие цели. Таа не е избор. но кога се случува, е катализатор да бидеме подобри луѓе од сега. Исто важи и за тагата. А особено за љубовта.
 

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Да верувам.
И да те корегирам.
Љубовта не е глупост.
Љубовта е нешто свето кое постои во секој од нас.
И уште нешто.
Среќата е нешто кое е производ на нашите мисли.
Размислувај среќно,ќе бидеш среќен.
32510246.jpg


онјаЛ, конфузен си малку друже. Отвараш тема во Љубов и секс, во втората реченица спомнуваш заљубеност но понатаму воопшто не говориш за романтична љубов туку за нешто сосема друго... Има повеќе врсти на љубов, за каква точно зборуваш?
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Зошто на сите ни треба уште некој што ќе биде со нас? Верувам дека и кога човек е сам, не значи дека е осамен. Два различни поими кои цело време ги мешаме.
Сите ја бараме среќата, сите ја бараме слободата. Преку што? Преку тоа што ќе му се довериме на некој значи дека ќе бидеме среќни? Тоа значи дека ќе бидеме слободни? Уствари не сум сигурен и колку ја сакаме таа слобода. Дали воопшто можеме да живееме во слобода.

А, Ночной охотник, не е проблемот сакањето како сакање. Туку што е тоа што не тера да сакаме. Која е формата на љубовта...

Прво и основно не ја нарекувај ни во лудило љубовта глупост зашто се најдовме поголемиот дел овде навредени - ако љубовта е глупост тогаш сите ние кои веруваме во неа сме глупаци...
Второ некако измеша љубов и материјални добра за да бидеме среќни...
Ама најмногу ме заинтригира и морав да те прашам...ти си сам?? Сам живееш изолиран од сите и си среќен??

Сигурно си го гледал филмов..
220px-Cast_away_film_poster.jpg

...Ако си го гледал тогаш знаеш дека човекот си направи топка со лице за да има да си зборува со некого...значи еве да ти одговорам ДА! на сите нас ни треба некој...Ни треба некој да не’ сака и ни треба некој да сакаме...Љубовта не секогаш значи среќа некогаш не прави мизерни ама сепак ја бараме зашто вака или онака таа е онаа движечката сила што не тера напред...
А што е она што не тера да сакаме? Која е формата на љубовта? Е таквите прашања се апсурд и глупост пријателе, а не самата љубов.
 

онјаЛ

Полноправен Член
22 ноември 2012
69
85
18
Мала пеперутко, немој никако да мислиш дека сакам да навредам некој. Не дека сум добар човек и бла бла бла, немам корист. Темата ја отворив за да дознаам нешто повеќе за луѓето кои веруваат во љубовта. Затоа што во мојот тесен круг на пријатели ниеден не верува во неа. Од љубовта пробав да стигнам до среќата, нели тоа е една од добрите нејзини страни. Можеби сум толкав скептик во љубовта, затоа што ги презирам врските. Немаат иднина, не во овие мои години. Верувам дека (скоро) сите што пишавте во темата ја имате доживеано таа љубов, имаат најдено совршен (на ваш начин) партнер со кој можете и планирате да ја продолжите иднината на врската.
Од друга страна не сум тип на човек кој пред да си легни и при будење да и пиши на партнерката порака дека многу ја сака и мисли само на неа. |-(
Не живеам ни сам ни изолиран, туку пробувам да не зависам од никој за да бидам среќен.
И откако dystopian ме разбра за каква љубов зборувам цело време, на сите би ви го препорачал да го прочитате Антони Де Мело.
9780385249379.jpg
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Мала пеперутко, немој никако да мислиш дека сакам да навредам некој. Не дека сум добар човек и бла бла бла, немам корист. Темата ја отворив за да дознаам нешто повеќе за луѓето кои веруваат во љубовта. Затоа што во мојот тесен круг на пријатели ниеден не верува во неа. Од љубовта пробав да стигнам до среќата, нели тоа е една од добрите нејзини страни. Можеби сум толкав скептик во љубовта, затоа што ги презирам врските. Немаат иднина, не во овие мои години. Верувам дека (скоро) сите што пишавте во темата ја имате доживеано таа љубов, имаат најдено совршен (на ваш начин) партнер со кој можете и планирате да ја продолжите иднината на врската.
Од друга страна не сум тип на човек кој пред да си легни и при будење да и пиши на партнерката порака дека многу ја сака и мисли само на неа. |-(
Не живеам ни сам ни изолиран, туку пробувам да не зависам од никој за да бидам среќен.
И откако dystopian ме разбра за каква љубов зборувам цело време, на сите би ви го препорачал да го прочитате Антони Де Мело.
9780385249379.jpg
Ни јас не знам зошто толку голема скептичност имаш кон љубовта...ти посакувам во скора иднина да ти се смени ставот...
А кои се тие твои години за кои нема иднина во љубовта...??
А Будење сум ја читала неколку пати точно знам за каква самосталност зборува и за каква независност во однос на други ама исто така никаде не пишува да останеме да живееме сами нели? Никаде не спомнува да не стапуваш во врска и да не веруваш во љубовта нели?
Инаку далеку од тоа дека ние или нашите партнери се совршени...напротив ич не се совршени...баш за тоа и зборува Де Мело, да работиме на себе за да ја заслужиме туѓата љубов нели?
Далеку од тоа дека и јас се лигавам со пораки и такви работи и јас не сум таков тип и мојот партнер не е таков тип па ете за наша среќа функционираме...Љубовта нема пишани правила,не е шаблон така да секоја љубов и секој пар си е приказна за себе со свои услови и правила....
Многу разочарано делуваш и искрено ми е жал заради тоа, а уште поискрено ти посакувам да и пружиш на љубовта шанса...