1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Дали верувате во глупоста наречена „љубов“?

Дискусија во форумот 'Љубов и секс' започната од онјаЛ, 23 јуни 2013.

  1. онјаЛ

    онјаЛ Полноправен Член

    Зачленет на:
    22 ноември 2012
    Мислења:
    69
    Допаѓања:
    85
    „Љубовта“ е апсурд на денешницава. Не постои, исто како што не постои Дедо Мраз или Пепелашка. Баш би сакал едно објаснување од страна на дечките кои „се заљубени“, што мислат дека е љубовта?
    Од самата помисла на зборот, од самото пишување тука на форумов, добивам расипани нагони за смеа, за чудење. Ние суштествата наречени луѓе, немаме поим што е тоа љубов. Она што го нарекуваме љубов е само една желба, едно очекување да бидеме среќни.
    Дали човек што го посветил животот работејќи како помагател на луѓето на кои им е навистина потребна помош знае навистина да сака? Дали ја работи работата заради пари, дали заради љубов? Или пак тоа е само неговото его. Егото од кое не можеме да избегаме. Егото кое ни вели: „Чувствувај се задоволно, денес му помогна на Петре, му ја поправи колата за џабе.“
    Секој ден пробуваме да сме посреќни од вчера. Се бориме за среќата...но како? Со тоа што ќе си поставиме неколку услови? На пример: Ако годинава не завршам со факултетот, нема да бидам среќен. Ако во рок од три месеци не соберам 500 евра нема да бидам среќен, итн.
    Упорно и упорно си поставуваме цели кои треба да ги исполниме за да бидеме среќни...Разбудете се! Среќата е пред нас. Ќе бидеме среќни тој ден кога ќе сме спремни да изгубиме се, тој ден кога од никој нема да бидеме зависни, најмалку од материјалните вредности. Апсурдно е да ни пречи на патот до среќата едно парче книга.
    Малку забегав од љубовта кон среќата, но во суштина тоа сакаме да го добиеме со помислата на љубовта.
     
    На Prashina и Dionaeam им се допаѓа ова.
  2. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,104
    А дали си бил вљубен? Ко ќе бидиш, тогаш пишувај
     
    На Badgirl, WomanInRed, Blondie и уште 12 други им се допаѓа ова.
  3. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,338
    Допаѓања:
    3,836
    Ако ми веруваш не можев да те дочитам....
    Јас само ќе се цитирам за нешта што ги напишав поодамна тука:
    1.
    2.
     
    На Loner, lora, Aleksis и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. онјаЛ

    онјаЛ Полноправен Член

    Зачленет на:
    22 ноември 2012
    Мислења:
    69
    Допаѓања:
    85
    Се вртиме околу тоа дека ја сакам мама и таа ме сака мене. Прашањето ми е што е тоа што ме тера да ја сакам? Гените? Моќта на рационалниот разум? Дефинирај ми „рационалност“...
    Зошто на сите ни треба уште некој што ќе биде со нас? Верувам дека и кога човек е сам, не значи дека е осамен. Два различни поими кои цело време ги мешаме.
    Сите ја бараме среќата, сите ја бараме слободата. Преку што? Преку тоа што ќе му се довериме на некој значи дека ќе бидеме среќни? Тоа значи дека ќе бидеме слободни? Уствари не сум сигурен и колку ја сакаме таа слобода. Дали воопшто можеме да живееме во слобода.

    Arkantos која е смислата да се плашиме од смртта? Веќе долго време пробувам да го истерам тој страв кој лежи некаде длабоко во мене. Пробувам да дознаам зошто се всадил во мене. И никогаш не дојдов до поразумен одговор од тоа дека сум човек со чувства и потреби. Нормален човек. Пробувам да се замислам како лежам на земја како група коски. Би требало да почувствувам олеснување. Кога ќе го почувствувам тоа наместо страв, ќе можам да се сметам за пример на тотално слободен.

    А, Ночной охотник, не е проблемот сакањето како сакање. Туку што е тоа што не тера да сакаме. Која е формата на љубовта...
     
  5. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,104
    Формата сам и ја даваш :)
     
    На Slims му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,674
    Да верувам.
    И да те корегирам.
    Љубовта не е глупост.
    Љубовта е нешто свето кое постои во секој од нас.
     
    На Nevazna, Blondie, Mila Kunis и уште 5 други им се допаѓа ова.
  7. Badgirl

    Badgirl Староседелец

    Зачленет на:
    4 јануари 2013
    Мислења:
    1,477
    Допаѓања:
    3,258
    Не би кажала дека љубовта е глупост (shake)
    И се согласувам за ова што го напиша...:)
     
    На Martin_MKD и Ночной охотник им се допаѓа ова.
  8. Slims

    Slims Активен Член

    Зачленет на:
    19 април 2012
    Мислења:
    192
    Допаѓања:
    177
    Најсвеж пример: Пред некое време еден човек се согласи да направи еден дел од мебелот и за возврат побара една голема нула. И тоа него го направи среќен. Зошто?
    Заради тоа што него парите што ќе ги добие на крајот не го прават среќен, туку него го исполнува среќата оној момент додека го обликува тоа парче дрво и го претвара во нешто убаво. И на мене некој да ми рече да му направам нешто што ме полни со задоволство, не би му побарала пари, затоа што всушност јас не му правам услуга нему, туку тој мене.

    А на што го бараш значењето ти всушност? На среќа или на љубов? Пошто среќата ти е чувство кое е последица на многу причини, а добиената/возвратената љубовта е една од нив.
    А слободата не мешај ја со љубовта. Апсурдно е. Самиот поим да си заљубен, значи да си заробен на некој начин.
    За слободата самиот си даде најпогодна дефиниција, само ја изрази преку стекнувањето на среќа од добивањето на слобода.
     
  9. Primrose

    Primrose Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    680
    Допаѓања:
    1,288
    Да се разбериме, излишен е било каков коментар на тема љубов и чувства воопшто.
    Индивидуално е.
    Инаку јас верувам и покрај тоа што не ми се случила сеуште.
     
    На Loner, Y1K991, The Tramp и уште 1 член му се допаѓа ова.
  10. Mameha

    Mameha Староседелец

    Зачленет на:
    9 јуни 2013
    Мислења:
    364
    Допаѓања:
    813
    Љубовта е најубавото чуство кое може да му се случи на човекот.
    Јас верувам во неа, иако уште мене ми се нема таква љубов случено.
    Љубовта не е глупост, таа е многу повеќе за да би се опишала со еден збор само.
     
    На Loner, Nevazna, $3Я3|\||)&p&†Y и уште 1 член му се допаѓа ова.

Сподели: