Дали би простиле пијанство на партнерот?

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
хахаха..каква огрлица, не доаѓа во предвид..на оние кучиња скитници ќе им го фрлам кастрираниот дел:rofl не се бламирам јас да носам таква креатура:rofl
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Па види, не дека имам некои многу тешки пијанства, ама се дешавало на напиено да сакам работи и луѓе што реално вака не можам ни да ги смислам.
Атмосферата и алкохолот го прават своето, ама сепак не е никакво оправдување за моменти на слабост.
Е сега, ова е малце покомплицирано од моите тричасовни симпатии во рандом локал, така да треба да си разговараш и да ја земеш предвид должината и цврстината (смејте се, мајке ви) на вашата врска, колку си верувате, каков ѝ е контактот со бившиот, што била неговата реакција на тоа, итн.
Генерално не е убав самиот чин, ама ете, ако се десило еднаш тогаш некако, а нема индикации дека стварно сака да се смири, претпазливо пробај како ќе се одвива понатака, па ако не иде...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable° and escape

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Ако е пијан да,не го мислел тоа,би простила
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Очигледно е дека не си слушнала за узречицата-Тоа што на трезно го мисли, на пијано го кажува!
Ама и ја се јавувам на бившите кога сум пијана ама несакам да им се вратам

Кога сум пијана и ја се јавувам ама тоа не значи дека сакам да се вратам тоа е само момент на емоции
 
Последна промена од модератор:

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Проблемот не е во јавувањето и барањето на бившите туки во пијанството.
Во случај да одам со дечко пијаница па јас би била пресреќна што таа личност сака да се тргне од мене, а дали ќе биде со некоја бивша девојка или некоја нова не ми менува ништо.
Поточно јас попрво не би можела да простам пијанство и секое наредно дејство во таква состојба е без никакво значење барем за мене :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Пред некоја година, беше напишан постов:
Постоел еден експеримент кој прилично добро ја детектира лагата а тоа е 200.000 евра експериментот.
Имено, пример имаме лик кој изварал типка и потоа се правда дека не можел поинаку, само еднаш било, алкохол етц.
Но ако него му се понуди избор меѓу куферче со 200К евра и изневерување секако дека ќе го одбере куферчето и ќе си оди дома без да изневери. Што значи дека изварал сосема свесно, како што изборот го направил сосема свесно. И можел да избере и поинаку...

Исто е и кај сите ситуации, некој украл пошто искушението било прејако, некој се дерел на домашните или ги шамарел децата а после се правда дека не знаел поинаку, некој морал да испие пола литро вотка... сите би паднале на тестот со 200К евра што значи дека 99% од срањата кои се дешаваат се дешаваат како последица на сосема свесна одлука на оној кој напраил срање.
Оние 1% кои остануваат се оние кои навистина не можат поинаку, без разлика на 200К еура, навистина болесни (а не conveniently so) скизо, клинички депре, нимфоманки, нивните машки паднани заболени од сатиријаза, клептомани, тешки патолошки лажови и слични битија на кои им е потребен третман.

Така да, ако некој ве булшитира само применете го овој (мисловен) процес, така најлесно ќе дојдете до тоа дали некој заслужува простување или кофа со г**на која со инка би му била истурена во уста (party)

Толку ми остана во сеќавање, секогаш на ваква тематика на истиов ми текнува. Нема друго што да се дискутира, шат даун е ова на сите муабети со оправдување "пијан/а бев".
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Ама понекогаш од излив на емоции ги бараме бившите,тогаш сме тажни,весели,па се потсеќаме на некои моменти не само машките има и женски што им пишуваат пораки или ги бараат
 
Последна промена:

blacklady

Нов член
23 март 2017
1
0
1
28
Немам ништо против ако излезе и ако се опијани,ама јавување на бивши?
Е тука ке настане хаос :x Не простувам ни под разно :)