1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Дали Бог е незаинтересиран и бесчувствителен?

Дискусија во форумот 'Религија' започната од balerina, 3 јуни 2014.

  1. balerina

    balerina Староседелец

    Зачленет на:
    1 април 2014
    Мислења:
    144
    Допаѓања:
    96
    Многу луѓе мислат дека одговорот на ова прашање е 'да‘. Тие си велат 'Да беше Бог заинтересиран за луѓето, зарем светот немаше да биде сосема поинаков?‘ Насекаде околу нас гледаме војни, омраза и беда. Освен тоа, и ние самите знаеме што значи да се разболиме, да страдаме или да ни умре некој близок. Затоа многумина велат 'Ако се интересираше Бог за нас и за нашите проблеми, немаше ли да спречи да се случуваат такви работи?‘ Што е уште полошо, понекогаш верските водачи ги наведуваат луѓето да мислат дека Бог е бесчувствителен. Како? Па, кога ќе се случи некоја трагедија, велат дека тоа е Божја волја. Всушност, тие го обвинуваат Бог за сите лоши работи што се случуваат. Но, дали е виновен тој? Што мислите вие за тоа???
     
    #1 balerina, 3 јуни 2014
    Последна промена: 3 јуни 2014
    На melpomena му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Тоа верникот треба да си знае, ако Бог е семоќен а не спречува зло тогаш го спонзорира злото. Како тоа?

    Или е семоќен или не е.
    Ако е семоќен или е добар (го елиминира злото по природата на својата семоќност и љубов кон својата творба чоекот) или не е (не го елиминира злото)
    Може да биде 1.семоќен и лош 2.Ограничено моќен и добар. Трето нема.

    Предвидувам дека `слободната воља` ќе вмаршира во муабетот како рисјански теолошки обид за објаснување на постоењето на зло при постоење на семоќен Бог кој уствари е Љубов. Но слободната воља при постоење на семоќен ентитет е невозможна. Ако таа постои тогаш би се претполагала семоќност и семудрост и кај човекот што нормално е глупост.
     
    На Electra, existence и balerina им се допаѓа ова.
  3. Pica pica

    Pica pica Староседелец

    Зачленет на:
    2 јуни 2013
    Мислења:
    1,559
    Допаѓања:
    2,090
    Тоа што прашуваш потекнува од Адам.
    Првиот Адам е телесен,па нормално да се грижи за телесното,а да го обвинува тоа што не го разбира,односно духовното.:(
     
  4. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Понекогаш едно размислувам-Зошто мораше Исус да умре,нели можеше Бог таткото негов да најде друго решение,и зошто го прати на земјата каде луѓето ги создал да имаат слободна воља и размислување.
     
    На Abraxas му/ѝ се допаѓа ова.
  5. FallenAngel

    FallenAngel Староседелец

    Зачленет на:
    5 декември 2012
    Мислења:
    601
    Допаѓања:
    401
    Бог го сака оној кој е праведен и добар. Лошите луѓе не припагаат на бога. Ти се предадени на ѓаволот. Господ му дава на секого шанса да се подобри и никогаш не не заборава. Тој е со нас во секој миг. И кога се смееме и кога плачеме. Не е бесчуствителен туку праведен. Неговата љубов е голема. Сите ние сме негови деца.
     
  6. RoxieHeart

    RoxieHeart Староседелец

    Зачленет на:
    6 мај 2014
    Мислења:
    60
    Допаѓања:
    58
    Демонстрација на понудата. Барем јас тоа така го разбирам.
     
  7. Pica pica

    Pica pica Староседелец

    Зачленет на:
    2 јуни 2013
    Мислења:
    1,559
    Допаѓања:
    2,090
    Амин!
     
  8. $3Я3|\||)&p&†Y

    $3Я3|\||)&p&†Y Староседелец

    Зачленет на:
    12 мај 2012
    Мислења:
    3,683
    Допаѓања:
    3,863
    Тоа болдираното. Нели бог не создал сите ?
     
    На Electra и Outrider им се допаѓа ова.
  9. FallenAngel

    FallenAngel Староседелец

    Зачленет на:
    5 декември 2012
    Мислења:
    601
    Допаѓања:
    401
    Бог ги создал Адам и Ева и рекол размножувајте се. Да не каснала од јаболкото можеби денес не ќе сме рагале мачно, не ќе сме се срамеле од своето тело, ме ќе сме си завидувале еден на друг. Јаболкото е всушност ѓаволот. Злото. Противникот на доброто и бога. Тие кои сепак го љубат господ и не прават гревови и ги почитуваат десетте божји заповеди се праведни и сакани од бога. Секое дете од мало ако имало нормални родители е учено на добри манири, а негова е одлуката дали ќе му го сврте грбот на бога или ќе остане верен на неговата милост и немилост.
     
    На balerina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. $3Я3|\||)&p&†Y

    $3Я3|\||)&p&†Y Староседелец

    Зачленет на:
    12 мај 2012
    Мислења:
    3,683
    Допаѓања:
    3,863
    Аи леле .. види го ти ѓаволот и у јаболко знаел да се претвара. Одам кај него утре да ме научи како да се претворам у улична сијалица.
     

Сподели: