Грчка митологија

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
^Ама сето тоа не наведува дека некако ги казнувале боговите затоа што не им помогнале туку дека само се лутеле и ги предизвикувале. Пример ќе принесат жртва на Посејдон за мирно море, арно ама ќе се погоди некоја бура и ќе изгинат рибари и овие од кај што биле рибарите ќе му се налутат на Посејдон и нема да му направат гозба во негово име и нема да принесат жртва затоа што му се налутени. Ако во меѓувреме се случи уште некоја бура па ќе сметаат дека го налутиле Посејдон и ќе го молат да прекине со некои ритуали. Тоа не ми изгледа баш на наредување.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Самото тоа што си дозволувале да му се налутат на богот, да го сменат од свој патрон, да не му принесуваат жртва значи дека тие си дозволувале да ги „лепат“ за ѕид Боговите и на некој начин „да ги приморуваат“ да ги извршат нивните желби.
Пак ќе речам, далеку од тоа дека се чувствувале надмоќни и дека не им се плашеле... ама нивниот однос кон боговите бил многу поразличен од оној што е денес кон Богот.
Ние денес, не си дозволуваме да спалиме црква затоа што се појавила некоја епидемија... ама тие си дозволувале да каменуваат статуи...


п.с. многу се лутам кога гледам дека пандани на грчките богови се бараат само во римската митологија, многу!
Оти не се побараат во словенската?
Па затоа стои на рамниште на „слаборазвиена“...нормално :( Словенската не е под закрила на Холивуд.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Затоа што е многу подоцна настаната веројатно. Мене повеќето митологии ми се интересни и често кога имам време си читам митови и легенди, најчесто од грчка и нордиска митологија.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Има една интересна паралела што јас укратко ќе ја ставам тука а тоа е дека грчката митологија, за разлика од асиро-вавилонската и египетската ја отсликува својата несовршеност. Првично се гледа по тоа како божествата во грчката се прикажани како чисти антропоморфни ликови, со лични доблести и маани, додека во источните земји има огромна стравопочит кон одреденото божество. Во египет дури и фараоните се сметале за директни потомци на божествената лоза, за разлика од Асир-Вавилонската култура, каде властието иако е од бога дадено, не може да се смета за директен и единствен утицај.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
За мене грчката митологија веќе не е митологија. Митот е света приказна. Света и табуизирана, достапна само за посветените членови во племето. Тоа што денес знаеме свети приказни поврзани за сите божества во грчката митологија прави на некој начин да чувствувам одбивност кон истата. Истото се случува и со нордиската, римската. Египетската е онака сѐ уште толку неизвалкана, мада и од неа до некој степен е извадено светото.
Затоа си ја сакам словенската митологија. Остана енигма... можеме само да зборуваме само за имиња на божества(и тоа табуизирани божества). Сѐ е тајна. Перун, Велос, Мокош, Лада...и можеби тука можеме да завршиме со доделување имиња на нашите божества. Потоа следат: Дабог, Дажбог, Белобог, Црнобог, Сварог... сѐ е табуизирано. Останале нивните „имиња“ скриени зад епитетите кои им се давале затоа што луѓето се плашеле да ги спомнат нивните имиња...
За Зевс знаеме милион приказни кои порано биле свети, денес се и филмувани. Да не зборам за Хера и бла бла.
Малку е иронично ова што го зборам(во голема мера контрадикторно) бидејќи омилен бог ми е Асклепиј - од грчката митологија. Но, тоа оди од аспект на тоа што во повлекувањето на паралели на неговиот култ, со култовите на ова тло, наоѓам многу еквиваленти, но и покрај макотрпното истражување сѐ уште не можам да именувам ниту да наведам некој епитет кој му се доделувал... А застапник сум на теоријата дека на одреден стадиум од еволуцијата, човечкиот мозок произведува исти матрици, па затоа сите митологии се во основа со исти карактеристики. Но ете, забот на времето го избришал името на асклепиовиот пандан на просториве.
Тоа не може да му се случи на Зевс, Дионис, Аполон, бидејќи толку се потрудиле грците да ги десакрализираат, да ги пласираат на јавноста тајните приказни за боговите, што ги заштитиле од заборавот кој го носи монотеистичката доба.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Митот за потеклото на светот

Според овој мит, во почетокот немало посебно земјиште, вода и небо. Сè било измешано и владеел хаос. Потоа биле разделени од хаосот божицата Геа (Земјата) и богот Уран (небо).
Оваа божица Геа (Земјата), родила неколку гиганти или титани. Уран, плашејќи се дека неговите деца ќе се расправаат за власта, ги затворил титаните во подземна длабока клисура.
Еден од нив, Хронос (време), успеал да побегне од бездната и да ги ослободи и преостанатите титани. Геа му помогнала да ја зграби власта на татка си и станал господар на светот.
Но, Хронос мечтаел засекогаш да остане да владее со светот, но бидејќи го прогонил од владеачкиот трон својот татко Уран, за да ја земе од него власта, постојано се плашел да не се случи некој од неговите синови, да го направи истото и со него.
За да се спаси од нив смислува едно грозно решение, секогаш кога ќе му се родело дете тој го голтнувал, и бидејќи и тие биле бесмртни живееле во неговиот стомак.
Неговата сопруга Реја, пак, сакала дете и кога го родила Зевс му подметнала камен да голтне, а Зевс го однела на една планина на островот Крит.
Таму пораснал Зевс, а по некое време дошол и му кажал на Хронос дека му е син, но дека нема да го убие само да му ги даде браќата. Така Зевс ги добил своите одамна пораснати браќа Посејдон и Хадес.
Кога дошло време Хронос, пак, исто така бил соборен од власт, по жестоки борби, помеѓу титаните и неговите деца во која победуваат неговите деца, а неговиот син Зевс, станува врховен бог и господар на светот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and existence

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Стварта е дека имало државен удар и боговите шо после се населиле на Олимп ги симнале од власт Титаните, тие биле оригинална прва постава и за нивно време било `златното доба`, нешто како суперхерои од марвел ваљда ама со изразена смисла за естетика. Посејдон на пример му го земал министерското место на Океанус (према кој ваљда се именувани океаните) а најпознат титан е Прометеус, ликот кој си ја сакал земската раја (пошто била негова креација, нормално) и решил да им го даде огнот, да ги просветли и затоа настрадал гадно, осуден на вечни маки и копање џигери.
Мислам дека во многу митолигии го имало моментот на некој бог или слично дивајн битие кое ја сака рајата и ја просветлува.
Во рисјанската митологија тоа е светлоносецот, утринската ѕвезда - Луцифер, за кој во средниот век почнале причи дека е ѓаоло шо нема врска, ама причата останала...

А овие грчките богови биле бајаги корумпирани и гадни и екстремно напалени, до таа мера што се пареле со обична раја и од тие оргии се раѓале мелези, полубогови како Херкулес.

П.С. и монотеистичките религии може да се гледаат како митологии, барем од атеистичка и агностичка гледна точка.
П.П.С. dokoga vaka kese zamarame so gejski bogoi si iame nie nashi gleajte klip na nicheta makedon za da sfatite, temi za grcki bogoi sorosoidizam e ova vise!
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не беше Прометеј тој што го украл огнот од боговите и после бил осуден да биде распнат на некоја планина каде секој ден ќе го колваат птици и ќе го јадат животинки и секое утро ќе заздравува за да може пак да го јадат и да искусува болки?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не беше Прометеј тој што го украл огнот од боговите и после бил осуден да биде распнат на некоја планина каде секој ден ќе го колваат птици и ќе го јадат животинки и секое утро ќе заздравува за да може пак да го јадат и да искусува болки?

Тој е :)
Осуден на вечно мачење поради неговата љубов кон сопствената креација а.к.а луѓето.
А можда биле демо верзија титаните :unsure
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Аркантос, овие словенските божанства немаат секси имиња, мислам Лада, сериозно? Дажбог? Сварог? За да божанството биде поштовано треба барем да има некое фино име, коа ќе го чуеш да предизвика респект, не мора респект ама било каков филинг појак од смеа и заебанција :zelen

Троа оф-топик, постои германско и јидиш/ашкенази презиме Моргенштерн кое е неверојатно секси пошто значи утринска ѕвезда (луцифер), ептен секташко-сатанистичко :D пример Ребека Моргенштерн, how sexy that sounds :gjavolда бев шваба или чифут ќе си го сменев презимето во такво :kafe