Грижа за домашните миленици

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Фала на совет, ама малце и ме исплаши : ) Секогаш сум сакала чивава, ама не сум знаела дека се толку тешки за чување, а башка и толку разгалени :D
Нема страв... :) Ќе си нанка со тебе, ќе си се грижиш ко што си се грижиш за тебе и немаш мака :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*
24 јануари 2015
7
10
3
Тука
Работи што ги прават луѓето на кучињата, а би требало да се забранети:

1. Врзување на кучето надвор- ова не само што го уништува кучето психички, туку има опасност од повреди. Многу луѓе во Македонија го прават ова, смеајќи го за нормално, но кучето припаѓа до сопстеникот, не врзано на ланец. Мал милион ретарди ги врзуваат кучињата надвор, без да им даваат соодветна храна, односно да им ги даваат остатоците од ручекот. Да имаш врзано куче во двор е спротивно од чување и грижа за кучето!

2. Купување кутре од пет шоп или одгледувачница за повеќе раси на кучиња- овие нехумани трговии на кутриња ги чуваат кучињата во мали кафези, без свежа вода и минимална количина на храна. Пет шоповите СЕКОГАШ ги купуваат кутрињата од овие одгледувачници. Светот се бори против нив и спречува да се купуваат кутриња од нив.

3. Сечење на гласните жици за да се спречи кучето од лаење- односно, буквално вадење глас и кучето шепка, кога ќе сака да лае. Некои ова го сметаат за нормално НО ВЕРУВАЈТЕ, ВООПШТО НЕ Е!

4. Чоук и пронг огрлици- сакате да ја повредите трахеата на вашето куче? Слободно земете вакви огрлици! Проблеми цела редица ќе имате со трошење 100-300 денари за оваа глупост.

5. Електрични огрлици- не знам што им е точната намена, но со сигурност кажувам дека ЕО ги нарушуваат психички кучињата, и не само тоа, за кусур, кучето има изгореница на вратот која што може да доведе до сериозни последици.

6. Пренесување на кучињата со карго транспорт-Многу често се случува да биде повреден миленикот, или полошо, да загине во време на патувањето. Би требало аеродромите да примаат кучиња во кабините, а не да ги третираат како товари.