1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Готска поезија

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од Baronessa, 4 март 2012.

  1. Nighty

    Nighty Староседелец

    Зачленет на:
    24 февруари 2012
    Мислења:
    727
    Допаѓања:
    1,181
    Новороденче...

    На моменти изгубен, на моменти збунет,
    се’ уште им верувам на злобните, лудите,
    кревам раменици, упорно вртам во круг,
    а сепак со секој круг одам и чекор напред.

    Не гледам веќе со жешките очи на ѓаволот,
    се откажав дури и од стремежот кон темнината,
    одлучно бегам од стапките на паднатите,
    не ја дишам болката на страдањата и спомените.

    Криковите стивнуваат, острите нокти се губат,
    ги нема длабоките гласови, кои сурово судат,
    крвта веќе не капи, солените солзи не течат,
    исчезнаа оние ножеви, кои во месо сечат.

    Понекогаш сомнежи, понекогаш и мисла,
    дали се’ што се прави, има некаква смисла,
    но нема време за мислење, иднината чека,
    на дофат ми се следните месеци, години, века...


    [​IMG]
     
    На Lena и LoveDealer им се допаѓа ова.
  2. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    Голо здание на силуета од кревкост, се извива под овој залез од пастел,
    Отчукува ли часот за погиб и лезет, дур издига моќ од тмурно тло каде троскот растел.
    Некогаш страв, џелат и реа,
    Распната трулост, врева и покор,
    Некогаш, а не сега!

    Твору од ужас со име за восхит, и спружени раце од злокор,
    Таму кај што коски се кршат под челуста ти лиена,
    На олтар од крв и украс –птица со скршен залет припиена,
    Таму е мојата избодена до поклон душа, болна и свиена.

    Зад напукната завеса од примеси ѕверски, тлее крстено од смртници надеж,
    Клопотарци со бдеење раѓаат потомци бедни, да величаат јадеж.
    А, сепак она што ме предаде го мантрам како свест,
    Дур крвави резанци ми лачат здив и грубат кожа,
    Доблест творам од вресоци што ги влечеш на мантијата ти света од бес,
    Да те дарувам со питомост, везилка од спокој, уште долго не ќе можам.

    Непоканет кобнику што ми љубиш сон со проклети псалми,
    Што темнина одбра за суптилен пречек, и искасапен немир за мираз ми дари,
    Без испуштен глас довикувам и ревам низ ходници овални,
    Ќе истраам непрокопсаност од привид што тело ми колва и мнение жари.

    Ах, моќнино присети се на опојот светол развратно што го примив,
    Стуткај се повторно под оваа наметка ветва,
    Биди ми обрежен водич на патот што пепел незгасната го задими,
    Додека не се покорам пред висина што гаи полза или клетва.
     
    На Arkantos, My name is Mija, Lena и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. Мортидо

    Мортидо Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,054
    Допаѓања:
    1,576
    Меланхолија
    Се заклучи во одаја, со една мисла в’глава.​
    Дали да живеам? – рече, што ли да правам?​
    И да одберам живот, смрт е решението.​
    Крајот наближува, така стои во Откровението.​
    Душата му одумираше, го изгуби и паметот.​
    Го отвори Писмото, да го прочита Заветот.​
    На старите пророци, од Псалмите на радоста.​
    И тогаш ја спозна тој, на човекот пакоста.​
    Падна ничкум на земја и со последната моќ​
    Викна: Ставете крв на ѕидот!​
    Се ближи Пасхалната Ноќ!!​


    [​IMG]
     
    На Lena му/ѝ се допаѓа ова.
  4. *V******

    *V****** Староседелец

    Зачленет на:
    2 април 2013
    Мислења:
    193
    Допаѓања:
    170
    Незнаен патнику
    да знаеше дека поминуваш по бојно поле
    ке поминуваше тивко
    зашто секое камче и тлото сеуште се тресе од изгубените битки.
    Да пишувам уште не е битно
    ништо не е битно и така .....ти си незнаен.
     
    На Aristokrat му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Демонот со ангелски лик


    Љубовта кон тебе е мртва,
    ти демону со налик на ангел..

    Исчезна.
    Се изгуби некаде во зборовите кои убиваат.
    Во делата кои ветуваат болка..

    Ја барам..
    Талкам во себе барајќи и најмал знак на љубов..
    Но нема..
    Изворот е сув и далечен.
    Љубовта скршена..
    На милион парченца..
    Очаен обид за составување на тие парченца
    љубов..
    Не се доволни.. Премалку се..
    И полека, полека се губат..во
    темнината на ноќта..
    Во зборовите на мечот кој создава рани по душата.

    Чинам пропаѓам..
    Сакам да вриштам.
    Залудно е се..

    Не успеав да те заситам со љубов нели?
    Твојата потреба за љубов ме растргна.
    Ме раскина како што волкот раскинува
    невино јагне.

    Веќе немам што да ти дадам..
    Се ми зема.. Се што имав ти дадов..
    И не беше доволно нели?
    И не е доволно?
    Никогаш нема да биде доволно.
    Празна сум, немам ништо во себе..
    Само желбата за живот..ти демону со ангелски лик..
    Далеку од тебе и овој демонски град..


    април 2013
     
    На cakar_ulav му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Црниот лебед


    Црниот лебед дојде да ја понесе со себе,
    на своите заведувачки крила.
    Рече:Поведи ме со тебе,спремна сум да одам од овде,засекогаш!
    Понеси ме со себе во темнината,
    сокриј ме од светот!
    Небото беше мрачно,
    ветрот ги косеше кроните на дрвјата.
    Чаша со демонско вино,
    ја опи во заблуда.
    Ги подаде рацете кон него,
    како блудница жена,
    му рече:љуби ме,твоја сум.
    Црниот лебед ја погледна,
    продирајќи во нејзините очи.
    Светови магични,царства богати,
    богови и ангели,нацртани во нив..
    Искушенија примамливи за духот
    немирен.
    И посегна лебедот по неа,
    носејќи го нејзиното пијано тело со себе во одаите на темното царство.
    Негова робинка беше,служејќи му ден и ноќ..опиена од виното демонско.
    Случаен миг..
    Писмо од лебедот црн.
    Во него..запишана тајна..
    И види..
    Ден се раздени,ноќта ја замени.
    Од замокот на темнината,
    облечена во бела руба,излезе девојка со налик на самовила..
    Благодарам црн лебеду,те обожувам..му шепна
    и замина во вечноста.
     
    На Pica pica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. violetmoon

    violetmoon Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2,615
    Допаѓања:
    5,688
    Здивот на смртта

    Стоеше на работ на амбисот,
    додека гледаше некој што ја довикува,
    како приказ,како сенка,како нешто,
    душа само имаше,или нешто налик,
    црна,трула,ѕверови ја растргаа,
    страшни крици одекнуваа,
    здивот што го замрзнуваат.
    осудена на вечно страдание,без помилување.

    Сакаше рака да му подаде,темнината да ја проголта,
    да се спои со тоа нешто налик на душа,
    да се опие од мирисот на гниеж и смрт,
    да се изгуби во болката,очајот,
    да си го плати својот долг.

    Телото го ослободи,душата ја зароби,
    едни лузни излечи за други рани да се отворат,
    се предаде со очи затворени,догледа за миг лик ангелски,
    а во следниот демонски.
    Гореше душата ,однапред осудена,
    за навек проколната,во неспокој да почива.

    images (3).jpg
     
  8. 84 sk_Y ^_-

    84 sk_Y ^_- Староседелец

    Зачленет на:
    21 ноември 2012
    Мислења:
    594
    Допаѓања:
    825
    Масивно сиво синило
    прегратка темна вкрстена в бол
    темница црна в шир
    енигма и страв.
    Призма на магла
    од облак темен, сув
    и патека со прашина,
    желна
    за нешто што починка не е.
    Ампутирање на љубов
    без доза анестезија
    торнадо на самотија,
    без темен поглед
    низ потни стакла.
    tumblr_mz6cxyboc81qcr2gxo1_500.jpg
     
    На Aleksis и Мортидо им се допаѓа ова.

Сподели: