Готска поезија

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56
Ајде уште оваа и идам на џоњање:D
А знам дека и оваа песна ја знаеш,каде и зошто е напишана;)


9leaoo.jpg
 

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56
Каде сте.Како сте ми добри луѓе:)Еве јас повторно демнеам во темната поезија...и не за друго сега е 02:31:D

Од објавената книга„Готска жена„2011

DIABOLUS

Згасни се небесен огну,несвети,
плач на волкот еве гос лушам,
крв зовриена во вени шупливи,
модри усни од гризење немирно.
Ах,ти што крв и поглед пиеш,
сенко на сонот што немир ткаеш,
очи твои студена празнотија
леден погледповратот врел.
Разделен живот на две половини,
смртта вечна слуга на слугата ,
се предава на магијацрна ,
на студено име на темнина.
Илјадацрни пеперутки летаат
го воздигнуваат моето име на ѕвезда,
чекаат во сонот несонет да згасне ,
демнеат во ехото на песната.

ДаницаПетровска


mmpn9f.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and Мортидо

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Глас од Мидгард

Растргнат од виорот на херојската битка
мртов на бојно поле лежам.
Средната Земја е во пламен...
Лукавиот лажливец кажаното го оствари...
...Но наеднаш видов сенка во хоризонтот
Гледам Один кон мене доаѓа.
Тој величенствен воин со Гунгнир во рака
гордо јава на својот Слеипнир...
Срцето ми затрепери кога...
...Исправи се воину! - само глас слушнав...
Последната битка тебе те чека.
За Рагнарок славен мора да си спремен!
Одбројувањето започна...
О, Величествен Одине, господару мој
Прати ми Валкири прекрасни
во закрила да ме стават,
во Валхала да ме однесат,
рани да ми излечат.
Конечната битка, надоаѓа, се ближи...
Храбро ќе се борам, не те изневерувам.
О, мој Одине, за тебе да умрам посакувам...

soldados-vikingos-450x337.jpg
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Притаен Ад

Сокриваш мисли од мене
да не гледам, да не плачам.
А погледот те издава,
те чувствувам во себе.
Искажи се пред мене,
искажи се сега,
извади го од градите
тоа што потајно те убива.
О, те преколнувам!
нека вечноста те благослови
ќе бидам нема силуета,
ноќта твој сојузник.
О, те преколнувам!...
..или молчи засекогаш!



6a00e553b601d68834010536fdbe64970b-800wi.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: My name is Mija and Lena

Utopian

Нов член
3 април 2012
27
24
3
29
Проколнатите

Воздивни, тивко да не те слушнат,
крвта сокриј ја да не ја видат.
болката со оган излечија
каде што сонце нема,
да несвети.

Разбуди се, и погледни празен пекол,
од демоните, само траги останале,
исчисти ги, пак ќе се вратат,
во тебе ги имаш, вечни се.

Воздивни, ама да не слушнеш
да не те видат како умираш,
внимавај плачот нивни ќе те заведе,
припаѓаш со нив со проколнатите.

Разбуди се, и од себеси побегни,
да ти избледе сенката, помогни и...
Зар постоиш за да отруеш,
да отруеш чедо, што негреши.

Невредат, невредат обидите твои,
со клетва боговите те створиле,
само крикот на гавранот ќе го слушнеш,
кога со клетва како магла ќе испариш.

Беспомошн диши, мизерни се,
прогонет си , до последен здив,
среќата ја гонат во неврат жив,
Припаѓаш на нив,
ти... од проколнатите,
што чекориш по патот крив.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Колку и да мислам сега е касно
помина времето, поминавме и ние
во некој друг круг, друг народ, друг начин
Но секавањата ќе си ги чувам
за да се насмевнувам во себе кога ќе се сетам на тебе
како што ти истото го правеше
ме гледаше во очи и се насмевнуваше
не знаев тогаш зошто постојано ми се смееш
кога замина далеку ми кажа
дека те правев среќен, секој пат кога ме гледаш
од беше исполнет, и се смешкаше..
Убави се насмевките
убаво е тоа време, додека трае
моментот, мигот,
Нема ден, нема ноќ да не се сетам на нас
некогаш бевме ние, сега сме јас и ти..
Среќа што од нас останаа убави спомени..
Ноќта е пред мене, но ќе помине
како и сите други, а јас пак ќе се сетам на нас но...
Колку и да мислам сега е касно..

ова ми е прв пат да пишам нешто вакво..секој пат за германци и партизани пишував песни и раскази, ама треба и јас да се искажам..се надевам не ја промашив темата..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Мортидо

DemonoizeR

Нов член
22 јуни 2012
1
0
1
Гледајте ле, гледајте и стискајте со забите, од пуста завист да позеленете, од злоба да не куртулите. Ровајте душмани дур имам ум непокорен, копајте зверови по коскиве незакопани, јас натаму ќе бодам со срамново по вас, и ќе молчам на вашиот пресмешен простотилук, на крај да сетите оти животов е кружен, а нож со сабја се враќа одзади. Ја зошто ме љубат тие што не ве знаат, ја зошто моја е момата најсакана, та за неа и сум она што вие не го бидувате. А сега само да се смеете, сега само да се играте со стариве зборови, та вашите прости очи не читаат во словава, та вашиот неучен ум ја незнае поракава, јас тек денес ви прозборев, а вие само се не менувајте, та животот ќе ви покаже по што да фатите...

‎...сал нека биде тишина, а мирот сам ќе си надојде, се нагостив од целата горчина, и душава плаче за кинисување. Го вијам телово од бол, та треба да имам живци челични за да ги проголтам вашите зборој отровни. Не е денес како некогаш, та да ме боде само зрното песок во чевелот, не е ова како некогаш те секој да си ја тера работата, збеснати тек од мајка излезени, неклепани тек од дете нестворени, милувани со секоја убавина, убавина што душевно заробува, знајте оти зборот греши повеќе, знајте оти непишано ќе слугувате, та се е пишано на кожата, иако со голо око не се гледа...

...
Ја да бев ко сите вас, душава ќе ја изгубев, ја да останев близу вас, здивов ќе престанеше, сал се тргнав од сето зло и не појдов по братами, да посегнам нож и да бодам в грб на неговото, немојте да се искупите, немојте да научите, остајте си убаинии троа поуживајте, и солзите патем што ќе ги исплакате, нема да бидат жалени, и вресокот што ќе го шепотите нема да биде чуен од богојте.....кога темаго ќе ве набоде со роговите.
 

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
ГОТСКА ЖЕНА

Готска жено,ти нема прозбори!
Откри заспани мисли,
тешки камења скрши,железна порта отвори,
замок од јад на проколната чеда пронајде.
Под наметка сокриени желби,
душа вековна сокриена
темниот месец тајна открива
деца на ангел црн,искршени крилја.
Во празнина заробена тишина
сенки на изгубени души по пат чекорат,
огледало на темнина во око скршено
изгубен е патот до светлина.
Вие што болка сенка ви е
кажете како мириса земјата,
во око на изгубен талкач роза црна,
ангел со искршени крилја во темнина заробен.
Напијте ме,нахранете ме ,
во раце книга на сенка дај те ми
во неа тајна на месецот запишан
во неа сите тајни на смртта јаловна.

Најдено некаде по интернетов :D
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
ГОТСКА ЖЕНА

Готска жено,ти нема прозбори!
Откри заспани мисли,
тешки камења скрши,железна порта отвори,
замок од јад на проколната чеда пронајде.
Под наметка сокриени желби,
душа вековна сокриена
темниот месец тајна открива
деца на ангел црн,искршени крилја.
Во празнина заробена тишина
сенки на изгубени души по пат чекорат,
огледало на темнина во око скршено
изгубен е патот до светлина.
Вие што болка сенка ви е
кажете како мириса земјата,
во око на изгубен талкач роза црна,
ангел со искршени крилја во темнина заробен.
Напијте ме,нахранете ме ,
во раце книга на сенка дај те ми
во неа тајна на месецот запишан
во неа сите тајни на смртта јаловна.

Најдено некаде по интернетов :D
Песнава е на членот Даница Петровска а.к.а. Danicleo. Има пишувано на темава.
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Непозната...


Немаше веќе за што да се држи
И последната надеж одамна згасна.
Реши да се отпушти и да ризикува
Да види што се крие зад густата магла.
Полека ја олабави збрчканата дланка
И почувствува какo ветер го носи...

Силен ветер...

По патот го пратеа изобличени слики
Матни, нејасни, нецелосни пејсажи.
Лица заборавени, пресушени солзи
Скршени насмевки што болка кријат.

Бездушни насмевки...

Како од недовршена сложувалка се редеа
Делчиња што во него пробудија немир.

Бесконечна сожувалка...

flat,550x550,075,f.jpg