1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Гости - домаќини

Дискусија во форумот 'Општи муабети' започната од Aristokrat, 2 март 2013.

  1. M.Adams

    M.Adams Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 јануари 2013
    Мислења:
    82
    Допаѓања:
    96
    Додека си бев во домата на мама и тато многу се радував на гости. Ма колку сакаат нека седат, јас љубопитно седам со нив и слушам разно разни муабети, да не испуштам нешто. Често ме праќале во продавница или долу кај баба за да можат нешто поинтимно да си кажат, ама напаст, оди избркај ме. :kafe
    И сега сакам да се дружам и да пречекувам гости, ама помина ли некој саат и не можам повеќе. Ми се спие, нервозна сум, или треба да се спремам за утре, или имам алишта за пеглање. Одамна не сум заседнала некаде или некој кај мене да се заборавиме па да не дочека утро, јбг обврски, го немам веќе тој луксуз.
     
    На melpomena и violetmoon им се допаѓа ова.
  2. violetmoon

    violetmoon Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2,615
    Допаѓања:
    5,688
    Немам досадни и напорни гости од причина што таквите сум ги пресекла во корен уште од старт.
    Исто и кога бев во старата дома така и сега ретко се случува да поминеме некоја вечер сами дома,или сме некаде на гости или има некој кај нас.
    Без разлика дали се пријатели,некои роднини битно се луѓе во чие друштво ми е пријатно,и не ми е мака да одвојам за нив неколку часа од моето време.
    Меѓутоа сме со осет и тие и ние,се знае кое време се доаѓа,и колку се седи,затоа што сепак обврските се малку поголеми а слободното време е помало кога имаш мало детенце кое треба да го заспиеш и кое е зависно од тебе во секој поглед.
    А за оние "кафе-гости" како што ги кажа Мелпомена ,речиси и немам воопшто време,али кога одам тоа е најчесто со другарките во некое кафуле,дома не.
     
    На Arkantos му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    О зар веќе ќе си идете (фала богу), што не поседите уште малце (не дај боже) : ))))
    Мене лично не ми смета гостин колку сака нека седи. Само едно не поднесувам и кога сум во гости и кога некој ќе ми дојде. Да седне на компјутер. Посебно кога сум во гости. Ти седиш како недоветен и зјапаш во таван, а домаќинот игра Бабл Вич Сага.
     
    На Aristokrat му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Ако некој не се најавил дека ќе дојде и
    кога ѕвони на врата ненадејно не отворам.
    Не сум дома:).
    А оние непосаканите...
    Па и немам такви за среќа.
    Или се гледаме од роденден на роденден по саат/два и толку.
    Пазам што зборам(многу е битно),како се однесувам,не раскажувам ништо за себе те имам воспоставено здрава дистанца и добро е така.
    Не дозволувам да ја преминат границата и да навлезат во интимноста од мојот живот.
     
    На Aristokrat му/ѝ се допаѓа ова.
  5. incule

    incule Староседелец

    Зачленет на:
    5 јануари 2015
    Мислења:
    731
    Допаѓања:
    121
    Ја без срам на гостите им викам ајде време е да одите дома
     

Сподели: