Господин-госпоѓа и госпоѓица

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
  • Незнам дали тука припаѓа оваа тема но мене ме побуди на размислување дали добро ги знаеме овие поими и дали и на кого треба правилно да се постават.Пред малку ми затропаа на врата едни деца од црква,прават список за попот,кој сака утре да им дојде да свети вода,па бидејќи ми се обратија со г-ѓо и така ми светнаа прашања. Дали по името господин подразбирате човек-господин по душа или човек-господин со финансиска големина?Зарем не се сквернави името на Господ Бог кога некого ќе го наречеме господин(како се вели во библијата,само е Господ Бог) на некој незнајник и зошто овие од црквата ги викаат Господин господин?Знам дека феминистикините се бунеле што биле поделени на г-ѓа и г-гица, како мерна единица на брачна состојба. Ако Ви се филозофира и имате некои сознанија од каде потекнува зборот и за кого треба да се употребува повелете.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Јас под господин подразбирам постар човек на кого не му го знам името и нема како да му се обратам, па му се обраќам со господине. И директор на УЈП да е и обичен продавач на пазар, ќе му се обратам со господине, нема тука филозофии дали бил добар во душа или дали бил финансиски јак па да заслужи така да го наречам. Госпоѓа е ваљда постара дама, а за госпоѓица не сум слушнала некој некоја да нарече освен мене баба ми кога сака уствари ко демек да ме навреди па ќе каже на некој ете ја госпоѓицата уште спие... А уствари ко што сум учела во основно госпоѓа е мажена жена, а госпоѓица е онаа немажената, па нели има некои ако им речеш госпоѓо затоа те поправаат демек госпоѓици биле, небитно на годините. Врска немам ваљда господине покрај шефе и мајсторе е стандард универзално име за непознати.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Неможам да барам а и многу е доцна,многу одамна имав прочитано дека е грев во католицизмот да се нарече или употреби зборот Господин оти тој збор му припага само на Бог,исто така незнам која година беше забрането да се употребува овој збор како и мадам (во Европа беше ама незнам која држава).Имаше некои побуни но не ми текнуваат затоа мислев ако некој знае нешто повеке.Зошто Исус не го викале Господине учителе,оти само на таткому му припагала таа титула а пак од друга страна свештениве лица ги викаме отеци,господа ....почнав да не размислувам веке убаво,здравје утре ке побарам.
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
А што ако некоја девојке ме гледа мене како спасител на нејзиниот беден, тесен и краток живот без никаква позадина т.е минато. Што ако ја променам за 180 степени и ја усреќам, зарем нема таа да ме гледа како господ(ин)?

Не сум баш религиозен освен кога чекам последна утакмица на ливче па да се молам, или ко че ми е ептен тешко... Но, јас повеќе господ го гледам во позитивните работи т.е. радоста, среќата, оптимизмот и сл..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Интересен е фактот дека за лицата од машки род има еден поим- во случајов господин. Додека пак кај женскиот пол, имаме два поими- госпоѓа и госпоѓица.
Еднаш порано нешто пребарував баш за ова по интернет и не најдов некое друго објаснување освен дека за тоа е виновна баш брачната состојба.
Како што сите знаеме, правата на жената не многу одамна почнале да се афирмираат и почитуваат. Па поради тоа, мажите биле поафирмирани во општеството, општо биле неколку скалила повисоко (не дека денеска не се омаловажувани жените). А на жените секогаш им била доделувана грижата за семјеството и домот, па според мене, оттука дошле тие два поими- госпоѓа и госпоѓица.
Лично за мене, господин е секој оној кој се однесува достојно за еден "господин", било дали имал функција или не, било дали стои добро финансиски или не. За жал, во денешново општество зборовите како "господин", имаат цел да уважат некој веќе важен човек, дури и во одредени ситуации да се употребува зборот за т.н. "лижење".
Госпоѓата(зборот) за мене многу многу не ми ја означува брачната состојба, туку повеќе е битна зрелоста во размислувањето.
Технички може да се рече дека ако некоја жена е во брак дека е госпоѓа, но самиот збор не ја прави неа госпоѓа, исто како што и зборот "'господин" не ја прави личноста господин.
За поимот "госпоѓица", пак, тука самото име ми асоцира на некоја млада девојка(не мора да е мажена:zelen) која нема повеќе од можеби некои си 25 год.
Не би сакал да бидам осудуван поради тоа што спомнав години погоре. Благодарам.:D
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Пред неколку години во Брисел се донесе забрана за користење на зборовите г-ѓа и г-ица и до ден денес не најдов одговор за ваквата нова законска регулатива,забрана за обраќање кон женскиот пол со овие зборови.Навистина незнам што сакаше ЕУ, една вештачка нацистичка творевина да направи со оваа забрана!? Можеби сакаат како црнците нас жените да не викаат бич(се шалам).Ако некој го знае одговорот нека ни објасни. Што се однесува до зборот господин кој потекнува од зборот господар, мислам дека го употребуваме на погрешни луѓе а со тоа како што велат некои го навредуваме Бог,само он може да биде Господин.Мислењето е дека човек кој не работи никаква физичка работа, кој е убаво и скапо облечен и живее на висока нога е господин е сосема погрешно.Оставам сами да си размислите што е прав господин.
 
А што е тогаш со оние кои се атеисти, или се припадници на некоја друга религија надвор од христијанството? Дали тие не треба да го употребуваат конкретно зборот "господин"?
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
А што е тогаш со оние кои се атеисти, или се припадници на некоја друга религија надвор од христијанството? Дали тие не треба да го употребуваат конкретно зборот "господин"?
Комунизмот ги исфрли од употреба зборовите друагар и другарка, остана со зборот господин да ги ословуваме мажите, никој не забранил, но поентата ми е зашто на некој сиромав парталав човек никој нема да му се обрати со господине!?За да го знаеме значењето на зборот господин треба да ја ..знаеме дефиницијата на зборот господ...за мене господин е човек без мани,поштен,што не псуе, што им помаѓа на лугето, ако направи добрина не се фали на никој,не посакува туѓо.мирен,тивок,одмерен,искрен....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Комунизмот ги исфрли од употреба зборовите друагар и другарка, остана со зборот господин да ги ословуваме мажите, никој не забранил, но поентата ми е зашто на некој сиромав парталав човек никој нема да му се обрати со господине!?За да го знаеме значењето на зборот господин треба да ја ..знаеме дефиницијата на зборот господ...за мене господин е човек без мани,поштен,што не псуе, што им помаѓа на лугето, ако направи добрина не се фали на никој,не посакува туѓо.мирен,тивок,одмерен,искрен....
Мислам дека не пишав во погорниот пост дека "господин" го употребувам како израз на учтивост. Како што велиш, не е важно дали некој е богат или сиромашен, атеист или не, како што сме сите луѓе, така универзалниот начин на обраќање (и споменување) на лица од машки пол е со "господин/е". Само што многу често "господин, госпоѓа и гопоѓица" се употребуваат во негативна конотација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
@Ditto+Maker сите поради учтивост ги користевме но имаш ли објаснување поради што таа учтивост европа ја укина?