Гонител (stalker)

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Што знаеш ти за него сем што те следи? Информирај се повеќе, не за друго, секоја информација дава појасна слика. А од кај знае... да речеме вака. Имаш пишано од каде си, имаш пишано дека се имаш преселувано неколку пати, имаш пишано со кого живееш, имаш пишано кај си учела, имаш пишувано дека некој те следи, имаш пишувано уште купица работи според кои некој би можел да те идентификува. Замисли дека сето ова му е на дофат, поточно на неколку кликови. Сето ова му е информација повеќе за тебе. А што имаш ти за него за да можеш да предвидиш што е следно од него?
Па тие работи очигледно ги знае и без да ги прочита.
Најмал проблем ми е дали ме чита и знае која сум, проблем ми е да не отиде подалеку...
А и што ми помага ако еве му го знам минатото, и која ми е предноста? Знам дека е околу 30 години, знам име и презиме по тоа што ми праќал пораки на фб, знам што работи и каде...
Следен чекор не можам да му предвидам, можам само да се надевам, пошто очигледно дека не е психички стабилен. Ете и тоа го знам.

Мислев од кај знае дека сум на форум, не од кај знае дека позади Хоуп сум јас...
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Или уште полошо ФБ... макар да не мора да значи, Хоуп спомена дека ликот се информирал во живо, дури и преку роџаци...
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Па тие работи очигледно ги знае и без да ги прочита.
Најмал проблем ми е дали ме чита и знае која сум, проблем ми е да не отиде подалеку...
А и што ми помага ако еве му го знам минатото, и која ми е предноста? Знам дека е околу 30 години, знам име и презиме по тоа што ми праќал пораки на фб, знам што работи и каде...
Следен чекор не можам да му предвидам, можам само да се надевам, пошто очигледно дека не е психички стабилен. Ете и тоа го знам.

Мислев од кај знае дека сум на форум, не од кај знае дека позади Хоуп сум јас...
Како тоа што ти помага? Не сакаш да имаш подобра слика за оној кој те следи? Јас би сакал. Повеќе инфо, повеќе можности. Ако не ти се трча по судови најди ја слабата точка и удри таму, па јас гарантирам дека ќе се повлече.

Друго нешто, дали досега му имаш покажано заби? Ако постојано само се повлекуваш и бегаш тој никогаш нема ни да се откаже.
 
Не дека не сакам, само до сега се трудев да не мислам на тоа, да избегавам и шетање некое време, само да престане и заборави, ама во право си колку повеќе вака се повлекувам и оставам да помине само по себе, толку се поголеми шансите да претера како и веќе што претерува. Мада не мора да значи дека нешто ќе ми направи, само ме иритира и напнува цело време да го гледам насекаде, а сега и нон стоп да слушам од некој за него и да се меша ко свекор во се.
Никогаш не сум се спротиставила, од причина ти кажав да не се замарам и да не правам скандали, а и не ми беше верно баш дека сум закачила таков крлеж на себе.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Come on, искористи го тоа знаење насоберено од сите крими филмови/серии. :giggle
Кога чувствуваме опасност, нормално е поголемо внимание да обрнуваме на личноста што ја предизвикува таа опасност, самата свест регистрира информации што дотогаш се чинеле нерелевантни и ги претвара во знаци за паника.
Нејсе, удар во иста мера, ако не со други, барем со твоите зборувај и рашири доза недоверба и страв од типот, обиди се да доловиш каков манијак и психопат е. Ако ти пишувал манијакални глупости по фб и/или ако другарите ти ги чуваат пораките со закани, покажи ги на твоите. Ако вујко ти го знае и му го има бројот, ќе увиди дека е таа личноста. Не може такво нешто да се побие. И кажи на мајка ти, ако таа не верува и помогне, кој?
Многу е битно да си наоружана со информации за него за да бидеш секогаш чекор понапред за да се заштитиш.
Ако ме прашуваш мене, јас со избрани зборови би го испровоцирала да ми се изнапише свашта и би го пријавила без око да ми трепне.
А ако ти веќе имаш сведоци на кои се заканувал и бар нешто во пишана форма, имаш и те каква основа за тужба.
Или ако сакаш да ти е позабавно, купи си број само за него, па ако е веќе манијак и психо, сигурно има историја која не сака никој да ја дознае, уценувај го со тоа, лепи му пораки по колата (ако ја има) или остави му негова испринтана слика со дупнати очи и глава од лилјак пред праг. :D
Се шалам за последното де (мада јас би ако некој така ме тероризира), ама не би било лошо една порака која не открива дали навистина знаеш нешто што би можело да го уништи, но е доволно убедливо да го раздрма. Сврти ја неговата игра против него, ако веќе не веруваш во туѓа помош.
 
Последна промена:

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
ПОТПОЛНО се согласувам со @Electra алал да и е за напишаното, послушај ја и сврти ја неговата игра против него...