1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Големината на универзумот

Дискусија во форумот 'Географија' започната од steppenwolf, 14 јануари 2013.

  1. steppenwolf

    steppenwolf Староседелец

    Зачленет на:
    12 декември 2012
    Мислења:
    335
    Допаѓања:
    489
    Темава не припаѓа овде, но не знаев каде да ја ставам зошто нема подфорум Наука, па нека стои тука, ако сакате преместете ја. Еве неколку општи брзи факти, википедијаигугл-стајл, пошто сум мрза.

    :pusi

    The Pale Blue Dot.
    [​IMG]

    Малата точка е планетата Земја, фотографирана од оддалеченост од 6 милијарди километри, од вселенското летало Војаџер 1, во 1990та година. Војаџер 1 бил лансиран во 1977 година и по речиси 13 години патување, бил ротиран спрема Земјата со цел да ја слика нашата планета од таа 'огромна' далечина. Огромна во наводници зошто во споредба со универзумот, таа оддалеченост е ништожна и пре-пре-премала. Ме мрзи да го барам точниот процент, знам дека имаше купишта нули. :zelen

    Морам да го цитирам Карл Саган - клик на спојлерот.
    Look again at that dot. That's here. That's home. That's us. On it everyone you love, everyone you know, everyone you ever heard of, every human being who ever was, lived out their lives. The aggregate of our joy and suffering, thousands of confident religions, ideologies, and economic doctrines, every hunter and forager, every hero and coward, every creator and destroyer of civilization, every king and peasant, every young couple in love, every mother and father, hopeful child, inventor and explorer, every teacher of morals, every corrupt politician, every "superstar," every "supreme leader," every saint and sinner in the history of our species lived there-on a mote of dust suspended in a sunbeam.

    The Earth is a very small stage in a vast cosmic arena. Think of the endless cruelties visited by the inhabitants of one corner of this pixel on the scarcely distinguishable inhabitants of some other corner, how frequent their misunderstandings, how eager they are to kill one another, how fervent their hatreds. Think of the rivers of blood spilled by all those generals and emperors so that, in glory and triumph, they could become the momentary masters of a fraction of a dot.

    Our posturings, our imagined self-importance, the delusion that we have some privileged position in the Universe, are challenged by this point of pale light. Our planet is a lonely speck in the great enveloping cosmic dark. In our obscurity, in all this vastness, there is no hint that help will come from elsewhere to save us from ourselves.

    The Earth is the only world known so far to harbor life. There is nowhere else, at least in the near future, to which our species could migrate. Visit, yes. Settle, not yet. Like it or not, for the moment the Earth is where we make our stand.

    It has been said that astronomy is a humbling and character-building experience. There is perhaps no better demonstration of the folly of human conceits than this distant image of our tiny world. To me, it underscores our responsibility to deal more kindly with one another, and to preserve and cherish the pale blue dot, the only home we've ever known.
    Ова се планетите од нашиот планетарен систем во споредба со Сонцето.
    [​IMG]

    Ова е сонцето во споредба со други ѕвезди.
    [​IMG]

    П.С. Има мала грешка на сликава, Бетелгез е поголема од Антарес, но не е најголемата откриена ѕвезда, има и поголеми.

    Ова е нашата галаксија, Млечен Пат.
    [​IMG]
    Дури и најголемата ѕвезда е само една точка во споредба со Млечниот Пат. Во нашата галаксија постојат отприлика од 100 до 400 милијарди ѕвезди. Најблиската слична (спирална) галаксија ни е Андромеда, која е оддалечена околу 2,5 милиони светлосни години (една светлосна година = 9.5 трилиони километри).

    Hubble Ultra-Deep Field
    [​IMG]

    Сликава опфаќа само еден тринаесет-милионити дел од ноќното небо. На неа има околу 10.000 галаксии. Секоја од овие галаксии има од десет милиони до еден трилион ѕвезди. Се претпоставува дека постојат од 125 до 500 милијарди галаксии во нашиот универзум, а можеби и повеќе. Сепак, универзумот е 95 проценти празен простор. Сите космички тела, планети, ѕвезди, соѕвездија, галаксии, сите космички елементи заедно претставуваат едвај бедни 5 проценти.

    За крај, има доста познат интерактивен вебсајт кој одлично ја доловува енормноста на универзумот, ако никогаш не сте го посетиле, кликнете на линкот. Вреди. (ако ги игнорирате религиозните расправии in the comment section bellow)

    Линк: Scale of the Universe
     
    На True_Blood, Succubus, Kitty и уште 5 други им се допаѓа ова.
  2. Solstice

    Solstice Nujabes

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    1,413
    Допаѓања:
    1,536
    Единствена тема на размислување што ме нервира,ме прави да се осеќам како дебил и глупак затоа што нема крај. Не можам да си ставам во главата дека универзумот е бескраен,и ме копа во глава мислата како настанал универзумот,што е уствари универзумот итн.
     
    На Trajche, parvati, Aristokrat и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. steppenwolf

    steppenwolf Староседелец

    Зачленет на:
    12 декември 2012
    Мислења:
    335
    Допаѓања:
    489
    Баш напротив, ова е една од ретките теми вредни за размислување, види што има да каже чичко Саган. Кога луѓето би биле свесни за својата позиција во универзумот и би расчистиле со лажните вредности, светот би бил многу поубаво место за живеење.

    Иначе, уште еден брз факт. Земјата е обичен пиксел од 6 милијарди километри далечина, а најдалечниот видлив (со денешната технологија) објект е оддалечен 13 милијарди светлосни години. :zelen
     
    На True_Blood, Anakin и Сара.13 им се допаѓа ова.
  4. Gloria

    Gloria Нов член

    Зачленет на:
    7 јануари 2013
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    5
    Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not so sure about the universe.
    -Albert Einstein-
     
    На JaMi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    And we can take this huge universe and put it inside a very tiny head, and fold it... Shpongle !!!

    И ја увек кд си га поставу овој прашање, викам си аааааааааааааааа фак, нема натам, нема крај на мое размислување дека универзум е бескрајан : ) хаха Стфарно е заебано еј, чудно е нешто да нема крај нели, а толко мноо е големо !!! ја мислу дека стфарно никој не би знаја да одговори кооолко е устфари голем цел универзум и дали има крај , и како изглеа уопште тј крај
     
    На steppenwolf му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Човековиот ум не може да го прифати поимот бесконечност. Научен е дека се има крај и поради тоа, тешко ни е да поверуваме дека универзумот е бескраен. Јас колку што знам, тој постојано се шири.

    Со оглед дека нашава планета и ние како суштества сме уникатни и немаме речиси никаква поврзаност со работите во универзумот, во смисла: човекот е од крв и месо, постојат разни метали и хемиски елементи, постојат разни материјали (дрво, платика, бетон, итн); големи се шансите "нашите" работи (поголем дел од нив) да се едни и единствени во универзумот. Поради тоа, тешко е да се укапира нешто што не го познаваме.

    П.С. Еве еден поинаков пример за бесконечност: ако земеш на пример, капка вода и почнеш да ја делиш, ќе можеш бесконечно да ја делиш. Прво на половина, па едната половина на половина, па едната половина од таа половина на половина, итн итн итн.
     
  7. steppenwolf

    steppenwolf Староседелец

    Зачленет на:
    12 декември 2012
    Мислења:
    335
    Допаѓања:
    489
    Не знаеме дали универзумот е бесконечен или конечен, само се претпоставува дека е бесконечен, далеку е од сигурно.

    Има една романтична изрека која вели - we are all made of stardust. Сите елементи од кои сме создадени настанале од ѕвездите, односно од самите супернови. Илјадници ѕвезди умреле за да се појавиме ние. Звучи како да е извадено од некоја поема, ама така е. Не гледам зошто би биле уникатни во било каков поглед, елементите од кои сме создадени како што реков, ги има насекаде. Ако ги прифатиме основните научни постулати тогаш се што е потребно за да настане живот на друга планета од неорганска материја се идеални услови, а веројатноста дека постои живот е голема ако се земе во предвид големината на универзумот. Планети има безброј.

    'Super-earth' is nearest planet ever found which could support alien life

    Повеќе мислам дека луѓето не сакаат да прифатат дека не се посебни ради тоа што не лажат со милениуми дека имаме некаква привилегирана позиција во универзумот.

    :)
     
    На True_Blood му/ѝ се допаѓа ова.
  8. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Кога бев на предавања по астро-физика на ПМФ, професорот што збореше баш на оваа проблематика кажуваше дека со помош на VLT (Very Large Telescope) лоциран во Атакама, Чиле, Европското друштво на астрономи имале докази дека всушност универзумот постигнал критична маса и е во фаза на имплозија (се собира).


    Всушност капката вода ќе ја делиш се` дур не стигнеш до молекулите. После веќе нема што да делиш. Всушност ако универзумот е бесконечен тоа ќе значи дека во универзумот постои бесконечно количество енергија, а тоа се коси со првиот закон на термодинамиката.
     
    На Anakin му/ѝ се допаѓа ова.
  9. steppenwolf

    steppenwolf Староседелец

    Зачленет на:
    12 декември 2012
    Мислења:
    335
    Допаѓања:
    489
    Дали тој професор зборувал за the big crunch и кои се тие докази? :)
     
  10. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Не, не збореше за никаков big crunch туку само го спомена тоа како нешто што тогаш беше ново според резултатите кои ги добиле. Не збореа за почеток и крај на универзумот, туку предавањата беа за нешто друго на пример за црвено поместување на светлината, мерења во астрофизика, живот на ѕвездите, галаксии од антиматерија и сл.
     
    На steppenwolf му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: