Годишнина од врска

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Да, ја обележуваме, и годишнината од врската и годишнината од бракот.
Секако дека се посебни и значајни датуми и е лошо да се забораваат.
Ако се важни датуми(ете како роденден пример) секогаш треба да се обележуваат, па макар да е тоа и со торта и кафе донесени во кревет како што беше оваа година :)
А подароци... мразам кога ги купувам по повод, така да...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Caci

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Не сум била во долга врска,но доколку бидам некој секако дека ќе ја одбележам годишнината од врската или пак од бракот.Секако дека овој датум е значаен.И мислам дека треба да се одбележи независно со што.Можеби торта,50 причина зошто го сакам и сл.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Одбележуваме годишнини со по некое поклонче и вечера зготвена од дотичниот,али без некои посебни изјави, рецитирања поезија, изненадувања и шо ти ја знам.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Љубовта може да се слави секогаш, за романтика, внимание, подароци секогаш е време не мора да е врзано за некој датум...ама сепак јас сакам тие посебни датуми да се одбележат некако...на свој начин, на начин карактеристичен за парот...ние не ја славиме класично, ресторан, вечера, поклони туку секогаш на наш посебен начин својствен за нас и сеокгаш е нешто различно...
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Имав во план да му купам сребрени обетки (моментално носи бижутерија) , но сепак го прашав да не има некоја друга желба.
Бидејќи имаше друга желба,обетките отпаднаа, па ќе му го купам тоа што го сака.
Он мене ме праша дали нешто ми фали, наместо да фрламе безвезе пари за мечиња срциња и слични глупости,барем ќе си се подновиме со некое парче облека :D
И да, секако ќе излеземе на вечера во еден романтичен ресторан.
А дали ми значи тој ден, секако дека ми значи. Тој ден е почеток на мојот поубав,посреќен и исполнет со љубов - живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_Mayor

Препознатлива

Истакнат Член
27 јуни 2012
119
94
328
Најчесто годинината од врска ја прославуваме со тоа што не си поклонуваме подароци меѓусебно туку излегуваме на романтична вечера или пак јас приготвувам некоја посебна вечера за нас и секоја година обавезно идеме на местото каде што и започна нашата приказна :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Да, си ја обележуваме годишнината од врската. Ќе си купиме по некој подарок, нешто што би си го купиле и ако не ни било годишнина-значи нешто што во моментот ни било потребно. Но, не со премногу кревање галама. Обично тој ден одиме некаде, на еден или повеќе дена. За годишнините, бевме во Велес(на велешко), Крушево, Берово. Тој ден си се посветуваме на нас, да ни биде убаво и да прошетаме.
 

Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
105
353
Да, ја одбележуваме
И не ми требаат никакви подароци. Среќна сум што е покрај мене сеуште.
Ја прославуваме со одеење во ресторан на вечера, а потоа на некое убаво тивко место, само ние двајца