1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Гласот од тишината

Дискусија во форумот 'Колумни' започната од Lena, 18 ноември 2012.

  1. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Секој од нас,го знае оној
    ахаааааа ефект..
    Понекогаш е толку тивок,што и не приметуваме дека го има,
    а понекогаш го слушаме и е толку јак,дури би можел да се спореди со силата на природната катастрофа..
    Решението на некој проблем ни се чини одеднаш,како паднат од небото..
    често против сите закони и правила на пристојноста.
    Позади сето тоа,се крие еден процес на подсвеста таканаречена работа на подсвеста.
    Се работи за нашето секавање.
    Во текот на нашиот живот се стекнуваме со искуства и знаење,некои работи ги знаеме и памтиме,
    други за нас небитни работи ги бришеме од нашето секавање.
    На тој начин настанува секавањето на искуството,кое постојано вредно работи во позадина
    на сите дадени информации,ги скенира,филтрира и споредува.

    Чувствата кои доагаат од стомакот или решенијата од стомакот се знаења кои избиваат во секунди.
    Нивните подлабоки причини не ни се јасни,се ама доволно јаки да донесуваат решенија или предлози за решенија кои се важни за нас,без обзир на разумот.

    Научниците на тој начин доагаат до нови идеи,уметниците добиваат визии и цртаат или ствараат нови дела,
    бизнисмените добиваат нови идеи за реализација на нови планови и слично.
    Горенаведените,делуваат интуитивно и не се способни да кажат од каде доага тој успех.

    Уметноста на тишината во овој случај

    На ова чувство му се придава малку внимание во денешниот свет.
    За многу материјани работи имаме по 5 различни зборови,но кога се работи за чувства и за искажување на истите ни фалат зборови..не умееме да искажеме што чувствуваме.
    Воопшто не слушаме што се случува во внатрешноста на нашето тело.
    Треба внимателно да ја слушаме тишината,тишината во нашата глава,онаа тишина која е производ на стопот на нашите мисли..
    На тој начин се рага некоја интелегенција,која е посебна.
    Интелегенцијата од длабочината,која и неможе да се мери со она познато IQ.

    Патот е целта

    Најважната мотивација за креативни промени во животот е само упорноста.
    Тоа е способноста ден за ден,упорно да се занимаваш со таа задача.
    Задачата е да ги слушаш сигналите на телото,чувствата кои се рагаат..
    Новото,креативното има шанса да се оствари кога не се ориентираме само на целта,туку на патот до целта.
    Некој кој почнува да пишува книга со цел да постане писател,а не затоа што сака да пишува,ја блокира целата креативноста на мозокот на тој начин..
    Нешто што се прави со љубов и ентузијазам,ни ги отвара границите до невозможното и неочекуваното.
    Само нешто што не допира емотивно,го мотивира интуитивниот мозок,да бара ново решение и нов начин
    за решавање на проблемот.
    Клучот за остварување на нашите сништа лежи во барањето на изгубената креативност.
    Изгубената креативност???
    Тоа е она нешто со кој секој од нас е роден.
    Секој од нас има некаков талент за нешто,знае нешто подобро од другиот.
    Некои се свесни за своите способности т.е таленти и ги користат,
    некои и воопшто незнаат дека постои нешто посебно во нив.
    Да се следи внатрешната инуиција е уметност,која ни овозможува да ги достигнеме нажите цели,да ги оствариме нашите соништа..




    Темава е долга,не би сакала да напишам десет страни на ова иако би можела.
    Ја најдов во мојата книга за психологија ја преработив и ја ставам затоа што мислам дека би можела на секој од нас да му помогне да навлезе подлабоко во својата подсвест т.е.да ја искористи мокта на подсвеста..

    Моето искуство со сето ова?
    Работам на себе,и се повеке можам инуитивно да одлучувам.
    Научив да ги читам сигналите на моите соговорници и се повеке и верувам на интуицијата,затоа што секогаш е точно она што го чувствувам..
    Не ме лаже,и не ме разочарува(само кога не ја слушам)..

    Ете толку:)
     
    На Mnogo Bitno, Succubus, МиГ 21 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Нема да кажам преубаво,ами само Убаво напишано,од причина што сметам дека не постои терминот преубаво.
    може и во колумните да се смести.
    Немам што да искоментирам друго,се си напишала. :)
     
    На МиГ 21 и Lena им се допаѓа ова.

Сподели: