Главоболка

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Што всушност претставува главоболката?

Тоа е болка која се јавува во пределот на главата или горниот дел на вратот. Главоболката не е со потекло од мозокот затоа што тој нема рецептори за болка. Неа ја предизвикуваат атаки врз разни структури кои се наоѓаат околу мозокот (мозочните обвивки, крвни садови, периостот, мускулите, нервите, очите, синусите и сл.). Најчести причинители за главоболка се: заморот, предолго задржување пред телевизор и компјутер, читањето, стресот и алкохолот. Сепак таа не треба да се занемари, а особено доколку се јавува често и е со јак интензитет. Во тој случај мора да се испита нејзиниот причинител.

Примарни и секундарни главоболки

Главоболките се поделени на примарни и секундарни.
headache.jpg

Кај примарните етиологијата е најчесто непозната. Тука спаѓаат:

*Тензиони главоболки - најчести, позади во тилот и во вратот, чувство на притисок врз главата, нема гадење, дозволуваат колку-толку да функционираме. Поминуваат спонтано, но и со аналгетици доколку има потреба.


*Мигрена - тоа е унилатерална главоболка. Често пред нејзиниот почеток се јавува аура - визуелни светлечки сензации. Болката е силна, пулсирачка, пропратена со наузеа и повраќање, со фотофобија и фонофобија. Може да трае и до 72 часа. Потребен е мир, во тивка и темна соба.

*Кластер главоболки - поретки се нo и најнеиздржливи. Болката е многу силна, како некој да боди со остар предмет во окото. Унилатерална е, позади едното око. Често се јавуваат во епизоди (атаки) во текот на денот, траат 30-90 мин, а може да сe јават 1-2 пати дневно. Кај кластер главоболките карактеристично е што се јавуваат во ист период од денот, а често го будат болниот од сон. Пропратени се со миоза, птоза на очниот капак, лакримација на атакуваното око и ринореа. Болката е неиздржлива, па оние кои се жалат на неа се немирни, шетаат горе-долу низ просторијата, неспособни да се сконцентрираат.
cluster.jpg

Во секундарни главоболки спаѓаат оние кои потекнуваат од некое примарно заболување, како на пример: тумор на мозокот, менингитис, енцефалитис, крварење во мозокот, покачен крвен притисок, анеуризма и др. Тука е потребно итно третирање на причината. Болките се постојани, не поминуваат со аналгетици, и пропратени се со други симптоми.

Третман и превенција на главоболките

*добар сон, одмор
*да се избегне стресот - спорт, медитација и сл.
*здрава исхрана
*редовни контролни прегледи
*контрола на покачениот крвен притисок
*третирање со аналгетици
61152.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Или скратено кажано, во зборовите на мудриот исцелител Иван:

35FBF9AF637B9945ABB8824FEBD326B0.jpg
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Кога боли задниот дел на главата, притисокот е висок и помага дијазепам, а напред ако боли се синусите. Тоа би поминало и со Аспирин. И доколку ве боли глава, со другата рака натискајте се силно помеѓу малиот прст (малиот подебелиот) и тој до него. Помага и тоа.
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
*Кластер главоболки - поретки се ни и најнеиздржливи. Болката е многу силна, како некој да боди со остар предмет во окото. Унилатерална е, позади едното око. Често се јавуваат во епизоди (атаки) во текот на денот, траат 30-90 мин, а може да с ејават 1-2 пати дневно. Кај кластер главоболките карактеристично е што се јавуваат во ист период од денот, а често го будат болниот од сон. Пропратени се со миоза, птоза на очниот капак, лакримација на атакуваното око и ринореа. Болката е неиздржлива, па оние кои се жалат на неа се немирни, шетаат горе-долу низ просторијата, неспособни да се сконцентрираат.

Оваа главоболка ми се јавува ден - два пред да добијам. Толку е неиздрлижива тоа е нешто неописливо. Јас бев апче нема шанси да издржам, како да сум била болна 12 дена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cece17

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Имам чести главоболки. Ако ја приметам навреме т.е. кога почнува да боли лекот може да биде и турско кафе, чаша кока кола или пак аналгин. Ама ако не се напијам навреме после се е џабе.
Се сум пробала, ама ако не се напијам навреме ни најјака таблета не помага.
Најчесто, кога болката продолжува завршува со повраќање, а поминува отккако ќе преспијам.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не смеам да се пожалам....до сега дали два три пати сум имала главоболки и тоа само од неспиење
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Главоболки имам секојдневни и тоа причината ја знам.Тоа ми е работа.Да се нервирам индиректно кажано.
Но нели, секој во зависност од ситуацијата треба да си направи атмосфера или што и да е за да му помине.Труење со лекови не признавам од причина што се станува зависен.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Ти го поштовам мислењето, но јас секојдневно имам неиздржливи главоболки, и морам да пијам кафетин.

Мора само да се умре :) И да се оди во wc. Друго ама баш ништо не мора.

Наместо да пиеш кафетин, пробај легни спиј.Или слушај ја твојата омилена музика ама тивко.Најди си нешто што ќе ти ја смири глабоволката.Сигурен сум дека ќе ти помине.
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Мора само да се умре :) И да се оди во wc. Друго ама баш ништо не мора.

Наместо да пиеш кафетин, пробај легни спиј.Или слушај ја твојата омилена музика ама тивко.Најди си нешто што ќе ти ја смири глабоволката.Сигурен сум дека ќе ти помине.
и данок да се плати. :D

И ја имам чести главоболке, ама не им обрнују превише пажњу. Боли и пројде :D