Германија

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Службено име: Bundesrepublik Deutschland (Сојузна Република Германија)
Државно уредување: парламентарна сојузна република
Површина: 357.027 км2
Број на жители (2003 год.): 82.604.000
Главен град: Берлин
Службен јазик: Германски
Парична единица: Евро

Германија, службено Сојузна Република Германија е сојузна парламентарна република во Европа. Државата се состои од 16 покраини, додека главен град и најголем град е Берлин. Германија покрива површина од 357.021 км² и главно има умерена сезонска клима. Со 81,8 милиони жители, таа е најнаселена земја членка и најголема економија во Европската Унија. Таа е една од најголемите политички сили на европскиот континент и технолошки лидер во многу полиња.
Регионот именуван Германија, населен од страна на Германите, бил документиран пред 100-та година од нашата ера. Во текот на Големата преселба, германските племиња се прошириле на југ и основале наследнички кралства низ поголемиот дел на Европа. Почнувајќи од 10-от век,германските територии го формирале централниот дел на Светото римско царство. Во текот на 16-от век, северните германски области станале центар на протестантската реформација, додека јужните и западните области останале доминантно Римокатолици, со две спротивни фракции воТриесетгодишната војна, обележувајќи ја католичко-протестантската поделба, која оттогаш го карактеризира германското општество.[6] Окупирана за време на Наполеоновите војни, подемот на пангерманизмот внатре во Германската Конфедерација резултирано во обединување на повеќето германски држави во Германското царство во 1871, кое било доминирано од Прусија. По германската револуција од 1918-1919, а потоа и военото предавање во Првата светска војна, Царството било заменето од Вајмарската Република во 1918 и поделено со Версајскиот договор. Сред Големата криза, Третиот Рајх бил прогласен во 1933. Подоцнежниот период бил обележан од фашизмот и Втората светска војна. По 1945, Германија била поделена од страна на сојузниците во четири окупациски зони, кои се развиле во две држави, Источна Германија и Западна Германија. Во 1990, Германија била повторно обединета.
Германија била еден од основачите на Европската заедница во 1957, која станала Европска Унија во 1993. Таа е дел од Шенгенската зона и од 1999 членка на еврозоната. Германија е членка на Обединетите нации, НАТО, Г8, Г20, ОЕЦД и Советот на Европа и моментално е непостојана земја членка во Советот за безбедност на ОН со мандат за 2011-2012.
Таа е четврта најголема економија во светот по номинален БДП и петта најголема по паритетот на куповна моќ. Воедно, таа е втор најголем извозник и трет најголем увозник на добра. Има развиено многу висок стандард на живот и сеопфатен систем на социјална заштита. Германија е дом на многу влијателни научници и пронаоѓачи и позната е по нејзината културна и политичка историја.

germany_map.gifgermany-flag2.jpg
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
ееее шо мака имам ја видео со тија џерманците сам ода не ви расправувам тука...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Најзначаен историски период

Во 1933 год. Хитлер го прогласил Нирнберг за „град на годишните собири на Национал-социјалистичката германска работничка партија“.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Туристички водич: шопинг и пари

Парите го вртат светот – или, како што се вели, парите му олеснуваат на светот да се врти. Прочитајте неколку совети за тоа како да ги трошите парите во Германија.
0,,3003862_4,00.jpg

На шопинг
Германија го прифати еврото како валута во 2001 – та година. Едно евро чини 1, 35 американски долари, 1,62 австралиски долари или 0.67 британски фунти. Еврото беше дизајнирано за луѓето навикнати на ситни пари и на плаќање во готово. Затоа има различни валути - две евра, едно евро, педесет центи, дваесет центи, десет центи, пет центи и еден цент. Најдобриот начин да ги избегнете скапите такси кога менувате пари, е да извадите пари во готово директно од банкоматите во Германија ( Bankautomat, Geldautomat).
Пред да отпатувате, прашајте во вашата банка дали наплаќа за трансфер на парите. Исто така, постои можност да менувате пари или патнички чекови во речиси секоја банка, но при тоа ќе мора да платите такса.

0,,2805862_4,00.jpg

Во многу ресторани се плаќа само кеш
Во Германија не е вообичаено да се плаќа со кредитна картичка. Најголем дел од Германците плаќаат во готово или со дебитна картичка. Големите стоковни куќи и хотелите работат со кредитни картички, но не и помалите продавници и рестораните. Рестораните и кафе баровите не прифаќаат кредитни картички, а голем дел од нив не работат ниту со дебитни картички. Затоа добро е доколку во себе имате кеш.

0,,1733064_4,00.jpg

Сметка
Во сметката секогаш е вклучен данокот што треба да го платите. Треба да платите онолку колку што пишува на сметката. Во Јануари 2007-та година, данокот на додадена вредност порасна од 16 % на 19 %. За некои работи, како на пример книги и храна, данокот изнесува само 7%.
Многу од продавниците, особено оние за прехранбени продукти, не даваат книжни или пластични кеси за носење. Тие обично можат да се купат во самите продавници, но купувачите обично носат со себе претходно употребени кеси или торби за продуктите.
Кога купувате пијалоци, имајте на ум дека за најголем дел од стаклените или пластичните шишиња мора да ја платите амбалажата или да оставите депозит, кој што изнесува од 0,08 до 0,25 евра.
Работно време
Најголем дел од продавниците во Германија, во работни денови отвораат меѓу 9 и 10 часот, а затвораат меѓу 18 и 20 часот. Во сабота, обично затвораат порано, околу 14 часот. Во поголемите градови, многу продавници остануваат отворени до 20 часот и во саботите, а некои се отворени дури и до 22 часот.
Некои од продавниците не работат за време на паузата за ручек, главно помеѓу 13 и 15 часот. Ова е вообичаено за помалите градови, но исто така важи и за некои продавници во поголемите градови. Речиси сите продавници се затворени во неделите и на државните празници. Кога сепак морате нешто да купите, можете тоа да го сторите на бензинските пумпи. Некои пекарници и цвеќарници исто така, се отворени и во неделите, но работат со скратено работно време. Исто така, продавниците на железничките станици во поголемите градови честопати работат и во недела, а понекогаш и на државни празници.
Аптеки

0,,297797_4,00.jpg

Аптеките се означени со „А“
Доколку претходно сте испиле повеќе од најпознатите германски пијалоци, аспирин нема да најдете во супермаркетите или во останатите продавници, особено не во недела. Лековите кои што можат да се купат без рецепт, како што се на пример аналгетиците, се продаваат само во аптеките. Во Германија има многу аптеки, така што нема да имате проблем да пронајдете некоја. Во неделите се отворени само дежурните аптеки, кои се објавени претходно во весниците. Исто така, листа на отворени аптеки во недела можете да најдете и на вратата на секоја аптека која не работи.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Германија е најпопуларната држава во светот, додека Велика Британија е на второто место што е нејзина најдобара позиција досега, поакжуваат резултатите од анкетата што традиционално ја прави Светскиот сервис за Би-Би-Си околу рангирањето на земјите.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, околу 29 илјади луѓе од 27 земји требаше да го изнесат својот став за позитивното или негативното влијание на водечките држави во светот.

Германија е прва на листата и за неа позитивно се изјасниле 62 отсто од анкетираните. Велика Британија е втора со 58 отсто „поситивни“ гласови, а потоа следат Канада, Јапонија, Франција, Бразил и САД, кои се на седмата позиција.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Нојшванштајн е замок изграден во XIX век на стрмен рид близу Хоеншвангау и Фисен во југозападна Баварија во Германија. Негов нарачател бил кралот на Баварија Лудвиг II кој го користел како своевидно засолниште, обогатено со елементи кои му оддаваат почит на композиторот Рихард Вагнер, кој претставувал инспирација за кралот. Иако на јавноста не ѝ е дозволено да ја фотографира внатрешноста, овој замок е најфотографираниот објект во Германија и една од најпопуларнитетуристички дестинации.
Лудвиг не примал посетители во неговите замоци, но по неговата смрт во 1886 замокот бил отворен за јавноста (делумно за да можат да се отплатат долговите во кои влегол кралот при изградбата). Оттогаш до денес замокот го имаат посетено над 50 милиони луѓе. Годишно Нојшванштајн добива 1.3 милиони посетители, со над 6,000 посетители дневно во текот на летото. Нојшванштајн се среќава во неколку филмови, а меѓу другото послужил и како инспирација за замоците во забавните паркови Дизниленд на неколку локации во светот.
Денес дворецот е во сопственост на покраината Баварија, за разлика од блискиот замок Хоеншвангау, кој е во сопственост на поглаварот на семејството Вителсбах, моментално војводата Франц. Од 1990 наваму, Баварската влада има потрошено над 14.5 милиони евра за одржување на замокот, негово реновирање и посетителските услуги.

800px-Castle_Neuschwanstein.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: J'adore Paris and cece17

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Знаете што ми се допаѓа единствено? Храната.
Јас кога идев порано како помала, се што сакав ми купуваа нормално. Највкусна комбинација: германси колбасици со посебен сос (не можам да се сетам кој беше) и помфрит.
Бидејќи престојував цело лето, моите правеа се за да не ми биде досадно. Морам да потенцирам дека времето беше ужасно, скоро секој ден беше наоблачено и врнеше, а не можам да замислам какво е кога не е лето. Да се вратам на муабетот, секогаш ме носеа на сладолед. Омилен ми беше "шпагети" сладоледот - најодоздола шлаг, врз него сладолед од ванила направен како шпагети, врз него прелив од јагода, и на него рендано бело чоколадо. Исто, "пица" сладоледот - 4/5 топки различна арома, а одозгора секакво овошје, милина.
Исто, убав спомен ми е кога тетин ми ме носеше на берење јагоди. Посебна плантажа само со јагоди, даваш 2/3 марки за гајба и береш и попатно јадеш колку сакаш големи сочни јагоди. :sreken
Исто, едно лето направив колекција од лименки. Пробав 10ина различни фанти, 4/5 кока коли, и сл. Жал ми е што бев премала за пиво. хехех

spa.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: foREVer

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Минатата година бев во Минхен на гости еден месец и посакав повеќе да не се вратам ваму.
Ко слетуваше авионот во Скопје, ме фатија едни такви носталгии, жалости... и што не за Германија.

Прекрасна земја, и ми е една од омилените земји во светот.