Германија - место за работа, да или не?

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Преку овие агенции што нудат некако не ми е сигурно.Прво,ме чуди зашто мора да биде нивни градови што ги нудат,а ти излезе работа пр.во Минхен,а тие ти кажуваат да бараш стан во некоја приградска населба.Не планирам да патувам со трамвај.
Второ,ти кажуваат многу површни информации.Не може да се потпреш на нивната помош ако се случи нешто страшно-во случај ако газдата ве избрка од станот,тие не би ти помогнале.А убаво е да се појде за да се усоврши јазикот.
Не ми е некако безбедно за постојан живот тамо.
 

ВинаНевина

Полноправен Член
26 мај 2017
78
68
18
Јас заминувам за отприлика 2 недели, не знам кое лето по ред. Но едно знам, штом се вратам едвај чекам да заминам пак. Дефинитивно ти препорачувам да пробаш, нема да зажалиш, а и ако не си задоволен не е преку океан, можеш да се вратиш. Секоја година праќам документи преку агенција, зашто така е посигурно дека ќе ја добиеш работната дозвола. Секако, многу влијае и твоето познавање на Германски јазик и како ти ќе се претставиш пред работодавецот, но штом јас отидов првата година а бев труп со Германски, ќе успееш.
Ако те интересира нешто поконретно слободно прашај :)
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Дали,кога више си нашла работа,најде и стан тамо?И дали одовде одиш со уште една другарка/роднина?
Прочитав дека неколку лета по ред одиш,каква работа работиш и колкава плата земаш?Дали се премногу строги на работа?
 

ВинаНевина

Полноправен Член
26 мај 2017
78
68
18
Дали,кога више си нашла работа,најде и стан тамо?И дали одовде одиш со уште една другарка/роднина?
Прочитав дека неколку лета по ред одиш,каква работа работиш и колкава плата земаш?Дали се премногу строги на работа?
Вака, работата ми ја најдува агенцијата. Верувам дека си запозната со Work&Travel програмите што се преку лето.

Секоја година одам на истото место каде што бев првиот пат, затоа што сум презадоволна и од шефовите и од вработените. Работам во ресторан за брза храна, поточно Бургер Кинг. Германецот си бара работа, нема врска што шефот приватно со нас има татковски однос, на работа си е шеф, а ти си работник. Се работи по 8 часа дневно, некогаш се случува да останеме повеќе, но секако претходно те прашуваат дали сакаш и можеш да останеш, доколку немаш желба не те присилуваат. Имаш ротациски систем на работа, значи работиш се што е потребно во моментот. Од правење сендвичи, бришење маси, пржење компири до каса и лоби. Се разбира, доколку не стоиш добро со Германски нема одма да те остават на каса сама. Најпрво те обучваат за било што да работиш.

Сместувањето си е посебна приказна. Агенцијата не е должна да ти го обезбеди (барем агенцијата која мене ми посредува), но сепак се обидуваат да им помогнат на студентите што е можно повеќе. Првата година се сеќавам дека живеевме во место оддалечено 10тина километри од местото на работа, па си купивме точаци и со нив си одевме на работа. Имаш посебна патека за пешаци и точаци која е одделена од автопатот и искрено јас уживав одејќи на работа. Негативна страна е што треба да станеш малце порано за да имаш време да стигнеш на работа, но мене тоа не ми претставуваше проблем искрено. Тоа и не е толку страшно, кога ќе отидеш таму можеш да си бараш друго сместување. Таму имавме маркети, ресторани, пекари и слични места во близина, буквално на 2 минути од сместувањето. Исто така, имаше и автобуски превоз, па кога врнеше си се возевме со него или некогаш кога едноставно не мрзеше да возиме. Некогаш и шефовите ни излегуваа во пресрет, па тие не земаа и не враќаа доколку бевме иста смена.

Наредните години си наоѓаме сместување сами, блиску до работа, се стигнува за 10тина минути одење пешки. И секоја година газдарицата ни ги чува собите, ја известуваме порано дека пристигнуваме во Јуни и се е средено. Многу е полесно кога веќе еднаш отидеш. Негативната страна тука е тоа што местото е премногу мало, нема маркети и не можеш да си купиш сладолед во секој момент кога ќе посакаш :zelen, имаше една пекара која работеше до пладне, па од таму си купувавме нешто за јадење наутро. За други работи одевме еднаш во неделата во градот, пазаревме се што ни треба и се снабдувавме со намирници за цела недела, некогаш и повеќе.

Се на се, вреди да пробаш. Немој да одиш со чекувања дека таму ружи ќе ти цветаат и се ке биде совршено со првото стапнување. Имаше денови кога со плачење си доаѓав од работа, но со текот на времето се учиш како треба. :)

Ако нешто испуштив да ти кажам слободно прашај си пак, знам како ми беше мене првпат кога одев.
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Да,имам еден каталог од Work and Travel.Прашуав и во Контекст агенцијата,тие само ми кажаа ќирија колку би било вкупно да се плати.Не разбирам само како може агенцијата да не понуди стан,тамо првпат кај че барам стан?Така на улица че треба да седам.Мора барем до првиот месец да обезбедат смештај.
 

ВинаНевина

Полноправен Член
26 мај 2017
78
68
18
Да,имам еден каталог од Work and Travel.Прашуав и во Контекст агенцијата,тие само ми кажаа ќирија колку би било вкупно да се плати.Не разбирам само како може агенцијата да не понуди стан,тамо првпат кај че барам стан?Така на улица че треба да седам.Мора барем до првиот месец да обезбедат смештај.
Тие ќе ти кажат на кое место би одела неколку месеци пред заминувањето. Па така според тоа ние си баравме сместување на некои страници кои тие ни ги посочија, но на крај го прифативме нивниот избор на сместување. Доколку не знаеш добро Германски, ќе им пратиш линкови од сместувањата што си ги нашла и тие ќе ги контактираат.
Не те оставаат така ако одиш првпат, не се секирај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
За ова лето не испадна да одам заради тоа што малку заостанав со испитите.Некако ми се гледа страшно,ама мора еднаш да појдам.Од другите лета здравје че се мислам за одење,да ги средам прво испитите,да не ми остануваат толку.
Фала ти за сите информации.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ВинаНевина

Ananas

Истакнат Член
14 јануари 2019
75
33
328
31
Дали со А1 може да се најде работа во Германија, со или без агенција-посредник?
 

Avarti

Нов член
22 јануари 2020
4
0
1
35
Не мисля, че наистина е лесно да си намериш работа в Берлин. Живях там няколко месеца. Тъй като работя като търговец в Instaforex, мога да пътувам и да работя само с моя лаптоп и нищо друго. Така че, моето мнение е, че има твърде много хора, които просто се забавляват и не се интересуват от никаква работа, така че пазарът е в разпад заради това.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Не мисля, че наистина е лесно да си намериш работа в Берлин. Живях там няколко месеца. Тъй като работя като търговец в Instaforex, мога да пътувам и да работя само с моя лаптоп и нищо друго. Така че, моето мнение е, че има твърде много хора, които просто се забавляват и не се интересуват от никаква работа, така че пазарът е в разпад заради това.
Ne znam sto e poloso,zmija da te apne ili magare da ti go bapne ?!