1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Географски занимливости

Дискусија во форумот 'Географија' започната од Marick14, 14 јули 2012.

  1. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    На кој надморска височина се наоѓаат македонските градови..

    На која надморска височина се градовите во Република Македонија? Дали знаете дека има само два града под 100 м и еден над 1000 м надморска височина? Со помош на поновите топографски карти, сателитски снимки, дигитални модели на релјефот и специјален ГИС софтвер, направена е анализа на надморската височина на градовите во нашата држава. При тоа се добиени интересни податоци. Така, од вкупно 34 града, само градовите Гевгелија и Богданци лежат под 100 м надморска височина, а Крушево пак е единствен град кој целосно лежи над 1000 м надморска височина (Пехчево е помеѓу 960 и 1050 м). Крушево е убедливо највисок град во Македонија (1220 м), а неговите највисоки делови достигаат речиси до 1300 м, што е повисоко и од некои планини (за споредба, Водно е високо „само“ 1066 м!). Генерално, надморската височина на градовите се зголемува одејќи од излезот на Вардар, Струмица и Црни Дрим од нашата држава, кон горните, изворишни долински делови на овие реки и нивните притоки.
    Најмногу градови има помеѓу 600 и 700 м надморска височина (дури 10), а најмногу пак население во 3-те града кои лежат помеѓу 200 и 300 м. Во однос на топографијата, интересно е што висинската разлика во градовите е доста голема: од 155 м кај Скопје, 130 кај Крушево, Кратово и Велес до само 4 м кај Струга и 30-тина метри кај Гевгелија и Демир Капија. Сепак, со оглед на површината, најголема висинска разлика имаат Крушево и Кратово, што се гледа и во нивната физиономија. Големите висински разлики кај градовите се поради нивната положба покрај ридско-планинските падини, а типични целосно рамничарски градови речиси и да нема (освен Струга и донекаде Гевгелија). Во приложената табела се дадени податоците за надморската височина на 34-те града во Република Македонија.
    [​IMG]
     
    На Dare и melpomena им се допаѓа ова.
  2. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    Тим канадски научници се пофалија дека имале ретка шанса да ги најдат урнатините од подводниот град во регионот на Бермудски триаголник. Според научниците, тоа е Атлантида, легендарниот континент, кој е потонат пред 10 000 години, соопштува plenglish.com. Експедицијата предводена од Пол Вејнзиг и Паулин Залитски, откриле остатоци од градот преку робот. Тие се наоѓаат на 700 метри северно од источниот брег на Куба. Подводниот апарат фотографирал урнатини на бројни згради, храмови и четири гигантски пирамиди. Меѓу уникатите имало и интересен монумент, чија форма е слична со познатите статуи на Сфингата.
    [​IMG]
     
  3. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    Во Кина природно формираните лакови ги нарекуваат "Без смртни мостови" Според учењето на Таоизмот човекот за да стане бесмртен, едноставно ќе мора да се обиде. Лакот поставен во небото, претставува патот кон бесмртноста.

    [​IMG]

    Овој без смртен мост се наоѓа на планината Таишан (без смртниот мост), Кина, провинцијата Шандонг. Овој споменик на културата е од меѓународно значење, и една од петте свети планини на таоизмот. Овој предел е со неверојатна убавина на природата, а храмот привлекува многу посетители. На планината има само еден ваков вид на лак.

    [​IMG]
    Мостот на самовилите се наоѓа во Кина, Гуангкси провинцијата. Мостот на самовилите се наоѓа над реката Бо Лиу и претставува најголем природен лак во светот (90 метри во должина).​
    [​IMG]
    Без смртниот мост Хианжу се наоѓа во Кина, Гуангкси провинцијата. Според Википедија Хианжу е десеттиот најдолг лак во светот (65 метри). На кинески, се разбира, го сметаат за една секунда.​
    [​IMG]
    Овој мост се наоѓа на планината Хуаншан, Кина. Сртот Хуаншан е вклучен во списокот на светското културно и природно наследство на човештвото. Не е ни чудо што токму оваа локација беше избрана за филмот "Аватар".
     
    На parvati му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    НОВИТЕ 7 СВЕТСКИ ЧУДА

    Амазонските тропски дождовни шуми- овие тропски дождовни шуми зафаќаат околу една третина од Јужна Америка. Освен многубројниот растителен и животински свет се среќаваат и голем број на домородни племиња.

    Заливот Ха Лонг- овој залив се состои од 1 960 острови. Освен бројните острови во заливот има и голем број на езера и пештери. Во него има 14 ендемични растителни и 60 ендемични животински видови.

    Водопадите Игуасу- се наоѓаат помеѓу Бразил и Аргентина. Водопадите ја делат реката Игуасу на два дела, горен и долен тек, а имаат статус на светска градина. Се сметаат за најспектакуларни водопади на светот. Се состојат од вкупно 275 водопади со висина до 70 метри, долж 2,7 километри.

    Островот Јеју – се наоѓа во Тихиот океан и е најголемиот остров во Јужна Кореја. На овој остров се наоѓа вулканот Халасан, а неговата последна активност е забележана пред 800 години. Тука се значајни и бројните тунели преку кои некогаш течела лава, а денеска се празни псевдо пештери.

    Националниот парк Комодо – опфаќа три големи острови – Комодо, Ринц и Парад, како и уште 26 островчиња. Островите воглавно се од вулканско потекло, а висината им е до 735 метри.

    Подземната река Пуерто Принцес – во која живеат 800 видови на растенија. Во националниот парк живеат 95 видови на птици, од кои 15 ендемски.

    Планината Тејбл – Необична планина во Јужна Африка. Специфична е по тоа што неместо планински врвови има рамни површини настанати во текот на милиони години
     
  5. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    Поларна светлина или аурора
    [​IMG]
    е природна појава на светлина на небото, особено во поларните региони, предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата. Поларната светлина обично се забележува ноќе, а настанува во јоносферата.
    Таа е позната и како поларна аурора или колективно, како поларни светлини (аурори). Поларните светлини настануваат подлабоко во поларните региони, но тие се реткост и често се невидливи за голо око.
    Поларните светлини настануваат како резултат на фотоните во горниот дел на атмосферата на Земјата, над 80 км (50 милји), поради јонизираните атоми на азот кои апсорбираат електрони, и атомите на кислород и азот кои преминуваат од возбудена состојба (состојба на висока енергија), во основна состојба (состојба на ниска енергија). Тие се јонизирани или се во возбудена состојба поради судирот со честичките од сончевиот ветер, упатени и забрзани кон магнетното поле на Земјата при што возбудената состојба се губи со емисиите на фотони во светлината, или со судир со други молекули.
    Емисии на кисород
    • Појава на зеленикаво- црвена светлина, во зависност од количината на апсорбирана светлина.
    Емисии на азот
    • Појава на сина или црвена светлина . Светлината е сина ако атомот се здобие со електрон откако ќе биде јонизиран. Црвена ако атомот премине од возбудена во основна состојба.
    На Северниот пол овој ефект е познат како аурора бореалис (или северна светлина), именувана по Аурора, римската божица на зората и грчкото име за северен ветер, Бореас. Поларната светлина во близина на магнетното поле може за се забележи високо над Земјата, но гледано од поголема далечина, таа го осветлува северниот хоризонт со зеленикав сјај или понекогаш со бледо црвена боја, па изгледа како Сонцето да изгрева од необична насока. Оваа светлина обично се јавува за време на рамнодениците. Низ историјата и се давале голем број имиња. Крите (домородки народ во Америка) овој феномен го нарекле ,,танцот на духовите”. Во Европа, во средниот век се верувало дека поларните светлини биле знак од Бога.
    Нејзината јужна двојничка, аурора аустралис (или јужна светлина/ ни), има слични својства и е видлива во јужните географски широчини на Антарктикот, Јужна Америка и Австралија.
    Поларните светлини може да се забележат насекаде низ светот и на други планети. Тие се повидливи поблиску до магнетните полови на Земјата поради подолгите периоди на темнина и магнетното поле.
    Обично поларните светлини се појавуваат или како распрскан сјај или како ,,завеси” кои најчесто се шират во источно- западен правец. Понекогаш формираат ,,совршен светлосен лак”, а други пак (,,активна поларна светлина”) постојано се менуваат. Секоја завеса се состои од многу паралелни зраци, секој подреден според локалната насока на линиите на магнетното поле, со што покажуваат дека магнетното поле на Земјата ги формира поларните светлини. Навистина, сателитите покажуваат дека електроните се насочуваат според линиите на магнетното поле, извиткувајќи се околу нив додека се движат кон Земјата.
    Сличноста на завесите често се зголемува со наборите наречени ,,избраздини”. Кога линијата на магнетното поле водејќи до светли точки на поларната светлина доведува до точка директно над набљудувачот, поларната светлина може да изгледа како ,,корона“ од разидени зраци, односно ефект на перспектива.
    Поларните светлини повремено се забележуваат во умерените географски широчини, кога магнетната бура повремено го шири кругот на поларната светлина. Големите магнетни бури се најчести за време на врвот на единаесетгодишниот циклус на активностите на сончевите дамки или за време на три години по тој врв. Сепак, во рамките на зоната на поларната светлина, веројатноста за нејзиното појавување најмногу зависи од закосеноста на линиите на меѓупланетарното магнетно поле.
    [​IMG]
     
    На parvati му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    Отворен највисокиот национален парк во светот

    Со отварање на Националниот парк Комолангма, Тибет стана дом на највисокиот национален парк во светот. Паркот е именуван според врвот Монт Еверест, кој локалното население го нарекува Комолангма или Чомолунгма. Границите на паркот се пет планини повисоки од 8.000 метри, вклучувајќи го највисокиот врв во светот, Монт Еверест (8848 м). Исто така, овде се наоѓаат десет планински врвови над 7.000 метри, а просечната височина му е околу 6500-8000 м. Националниот парк ќе биде фокусиран на заштита на животната средина, биодиверзитетот и превенција од нелегална експлоатација на ресурси и користење на земјиште. Инаку, паркот зафаќа површина од 78.000 км кв. и се протега низ шест области на Тибетскиот регион Шигаце, на самата граница со Непал. Ова е веќе третиот национален парк на Тибет и секако највисок. До паркот [​IMG]
    пристапноста е доста тешка и опасна, но убавините што можат да се видат таму се фасцинантни.
     
    На parvati му/ѝ се допаѓа ова.
  7. violetmoon

    violetmoon Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2,604
    Допаѓања:
    5,675
    Според најновите истражувања, околу 10-20% од територијата на Република Македонија е потенцијално подложна на појава на свлечишта, одрони и други форми на гравитациско движење на земјишните (карпести) маси. Особено изразени потенцијални подрачја се оние по рабовите на котлините и во централниот дел на државата. Резултатите се добиени врз основа на посебен софтверски модел, користејќи 3″ и 1″ дигитален модел на релјефот (SRTM DEM, ASTER GDEM), потоа спектарот 3 од сателитските снимки Landsat ETM+, CORINE (CLC2006) моделот на покровност на земјиштето и дигиталната инженерско-геолошка карта. Преку постапката се издвоени подрачја со соодветни гранични вредности за наклон, експозиции, литологија, вегетација и други карактеристики, кои се погодни за појава на процеси на движење, лизгање, свлекување или одронување на земјиштето и карпите. Секако, добиениот модел (карта) даваат само општа претстава за локацијата на потенцијалните и ризичните подрачја, а за натамошна конкретна анализа потребни се уште подетални податоци, особено во однос на дигиталниот модел на релјефот, појавата на интензивните врнежи, разни инфраструктурни и други антропогени објекти, градежни активности и слично. Сепак, споредбата на моделот со веќе регистрираните појави на свлечишта и одрони, покажува дека истиот доста реално ја одразува фактичката состојба. Во таа смисла, софтверскиот модел може да биде доста корисен во идните истражувања и планирања на соодветни мерки за превенција и заштита од свлечишта и слични појави на геохазарди.


    [​IMG]Според новите истражувања на британските научници, Антарктикот пред околу 50 милиони години имал многу топла клима. Како што наведува британската BBC, до откритието е дојдено со пронаоѓање на фосилизирани спори и полен преку многу напорни и ризични геолошки дупчења на длабочина од 1 км под океанското дно. Резултатите од примероците покажуваат дека пред повеќе десетици милиони години, палмите биле сосема нормален пејсаж покрај бреговите на Антарктик, а температурите во просек се движеле околу 20 степени целзиусови. Истражувачите укажуваат дека во некоја далечна иднина, овој сега замрзнат континент може повторно да има тропски карактеристики. Меѓутоа, целосното топење на дебелата мразна покривка би условила издигање на морското ниво за дури 60 метри и потопување на многу [​IMG]простран крајбрежен појас каде денес живее голем дел од светското население. Високите концентрации на стакленички гасови пред 48 до 55 милиони години условиле Земјата да биде просечно околу 5 степени потопла од денес. Најголемото влијание оваа топлина имала токму на половите. Благодарение на геолошките дупчења во источниот дел на континентот, истражувачите дојдоа до примероци од полен и спори кои покажуваат дека за време на еоцен, на Антарктик веројатно постоеле вистински прашуми. Меѓутоа, треба да се напомене дека освен потоплата клима, причина за такво нешто била и поинаквата положба (распоред) на континентите во тој период, која до денес доста се променила. Ова истражување не само што укажува на минатите климатски промени на Земјата и на нивните ефекти, туку дава поинаква слика на сеуште „мистериозниот“ континент Антарктик
     
    На Kitty му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    Факти за сонцето
    [​IMG]
    [​IMG]
    • Сонцето е ѕвезда од спектрален тип G2, што значи со умерено висока површинска температура и светло-жолтеникава боја.
    • Староста на Сонцето се проценува на 4,57 милијарди години.
    • Од вкупната маса на Сончевиот систем на Сонцето припаѓа 99,8 %. Сите останати небесни тела, планети, сателити, комети, астероиди, завземаат 0,2% од масата на Сончевиот систем.
    • 74% од масата на Сонцето го сочинува водородот, 24% хелиум. Останатите 2% е се останато: кислород, јаглерод, железо, неон, азот…
    • Сонцето е доста сјајно. Од 50 на нас најблиски ѕвезди (до далечина од 17 светлосни години) Сонцето е четврто по апсолутна сјајност.
    • Пречникот на Сонцето кој изнесува 1.392.000 km е за 109 пати поголем од Земјиниот пречник, а во неговата внатрешност би можеле да се сместат 1.3 милиони планети Земји.
    • Сонцето е гасовита топка и поединечните области на него се движат со различна брзина. Така на територијата на екваторот Сонцето една ротација направи за 25 дена, а на половите за 36 дена.
    • Површината на Сонцето има температура од 6000 степени, во хромосферата 100.000 степени, а во средишниот дел на короната дури милион степени целзиусови. Во средината на Сонцето температурата е околу 15.000.000 степени.
    • Сонцето се околу центарот на Галактика движи со брзина од 250 km/s.
    • Сонцето една револувија околу центарот на Галактика направи за приближно 225.000.000 години. Овој период е познат и под името „галактичка година“ .
    • Сонцето не лежи баш во самата галактичка рамнина. Тоа е денес во однос на рамнината поместено на северната страна за 8 парсека (околу 26.000 светлосни години).
    • Од центарот на Галактиката Сонцето е одалечено 26.000 светлосни години.
    • Еден фотон од јадрото на Сонцето да стигне до површината на Сонцето му треба милион години, а од површината на Сонцето до Земјата 8,5 минути.
    • Светлината од Сонцето до Земјата пристига во просек за 499,012 секунди.
    • Само двемилијардити дел од енергијата на Сонцето ја погодува Земјата, и тоа е доволно за одржување на живот на нашата планета.
    • Секоја секунда од Сонцето се ослободува енергија која на Земјата би се потрошила спрема сегашната потрошувачка за 400.000 години.
    • Секоја секунда на Сонцето се ослободува енергија на електромагнетно зрачење, која одговара на енергија на експлозии на 100 милијарди нуклеарни бомби од 1 мегатон ТNT.
    • Сонцето секоја секунда претвара 700.000.000 тони водород и нешто помалку од 695.000.000 тони хелиум.
    • Секоја секунда Сонцето губи околу 5.000.000 тони од својата маса во вид на енергија-зрачење.
     
  9. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    Најубавите острови во светот




    [​IMG]Иако мала, тропската држава Белизе во Средна Америка може да се пофали со најубавиот остров на светот, затоа што туристите коишто го посетиле островот Амбергис Каје, го ставиле на врвот на листата за најубав остров. Амбергис Каје е гордоста на Белизе, држава која е позната и по вториот најголем корален гребен на светот, веднаш по австралискиот. Според анкетата на сајтот „Trip Advisor“, карипските земји ги имаат најубавите острови, затоа што на второ место се наоѓа Сент Џон (St. John Island) на Девствени Острови, а на трето место е познатиот Бора Бора.
    Кога е во прашање стариот континент, на прво место е грчкиот остров Санторини, кое е и единствен европски остров помеѓу десетте најубави во светот. Освен Санторини, на листата на најубави европски острови се и грчките острови Кефалонија, Наксос и Закинтос.
    [​IMG]

    Листа на десетте најубави острови во светот:
    • Амбергис Каје, Белизе
    • Сент Џон (Свети Јован) остров, Девствени острови
    • Бора Бора, Француска Полинезија
    • Сан Јуан, САД
    • Санторини, Грција
    • Isla Mujeres, Mexico
    • Муреа, Француска Полинезија
    • Кох Тао, Тајланд
    • Велигденски остров, Чиле
    • Носи Бе, Мадагаскар

    [​IMG]
    Листа на десетте најубави острови во Европа:
    • Санторини, Грција
    . Кефалонија, Грција
    • Капри, Италија
    • Наксос, Грција
    • Менланд, Шкотска
    • Гозо, Малта
    • Закинтос, Грција
    • Џерси, Британија
    • Скај, Шкотска
    • Фуертевентура, Шпанија
     
    На Vlintoski и monika88 им се допаѓа ова.
  10. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    ПАМУК КАЛЕ - Турција


    [​IMG][​IMG]
    Едно од најинтересните места што ги создала природата, во Турција и во светски рамки е Памуккале. Се наоѓа 18 km североисточно од градот Денизли, т.е. околу 200 km југоисточно од Измир. Самото име на местото, потекнува од турските зборови pamuk и kale или тврдина од памук, а поради реткиот природен феномен, т.е. поради големото пространство на исталожен травертин кој има изразита беличеста боја.
    Белината која оддалеку наликува на густо распоредени облачиња, со приближување се оформува во вистински свет на бели фигури, столбчиња, басенчиња и др. Така посетителите кои доаѓаат од разни краишта, на почетокот се збунети од изгледот и белината на просторот кој ги асоцира на зимски пејсаж. Но набргу сфаќаат дека станува збор за ,,отворена пештера богата со накит и басенчиња. Појавата е толку интересна и единствена, што дури понекогаш за Памуккале се вели дека е осмо светско чудо.
    Во создавањето на оваа ретка природна појава, главно учество имале геолошките, тектонските и хидролошките услови. Овој простор е изворишен дел на неколку поточиња кои се спојуваат а потоа се влеваат во реката Мендерес, која е најголема река во областа.Топлата но бистра вода со температура од 35°C, слевајќи се кон подножјето, го таложи калциумот, а при тоа се испушта и јаглеродниот диоксид. Со тоа, постепено преку карпите во основата, на поголема површина се исталожува бела карбонатна материја.
    Карактеристичниот физичко-хемиски состав, на водата и дава лековити својства. Тоа било познато многу одамна, па и некои владетели доаѓале за да се капат во травертинските басенчиња т.е. езерцата кои се формирани во нив. Водата главно служи за третман на кардио-васкуларни пореметувања, артериосклероза, крвен притисок, нервни растројства, проблеми со кожата, како и дигестивниот тракт.
     
    На Сара.13, Aquarius и Kisserboy им се допаѓа ова.

Сподели: