Генерација '96

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
416
707
1,103
Едноставно не можев да не ја споделам колумнава со вас...

Морав да посветам неколку реченици на оваа генерација. Речиси сите што ме познаваат, знаат колку сум против оваа генерација. Па искрено мислам дека полоша, нема. Со ова не сакам никого лично да навредам, но генерацијо ’96, во глобала сте ужас!
Кога само ќе помислам дека во моментов имаат едвај 16 години, а нивното однесување е на некое „повисоко“ ниво ми се плаче. Деца се, уште мирисаат на млеко и имаат излез до 12 ипол, а глумат возрасни. Опнати на штикли, рашљакани у фаците како кловнови, машката популација често може да се забележи со Johnny Walker во рака, иако едно шише пијат 13 души, по малце, за да може да останат на нозе, па нормално тоа мало и сеуште неоформено организмиче кај може да издржи таков шок. Е тие, ваквите, вртат шеми по сите фенси клубови, нормално, на junior party.
Ама најсериозно, не сфаќам. Толку не им е интересно да бидат деца? Да играат додека можат? Па јас лично го памтам детството како нешто убаво, мислам дека убаво го искористив. И да, се осетив прилично старо во моментов кога сфатив што пишувам, но сериозно, покрај новиве генерации, навистина се осеќам старо.
Аххх се би дал да сум повторно дете, безгрижно и слободно, на кое единствена обврска му е да си ја напише домашната по математика. Ма не бре, не го сакаат тоа, сакаат да бидат возрасни, сакаат да излегуваат, да имаат љубовни проблеми и други проблеми од различен вид кои сами ги создаваат и не постоеле се до моментот кога нивното главче не си увртело некои глупости.
Го мразам моментот кога детството ме предаде. Кога само ме потапша по рамо и ме „турна“ во светот на возрасните кој што е полн со грижи и обврски, каде што детските игри ти се забранети, каде што се бара сериозност и нов пристап на работите. Во овој свет со секој нов ден детето во тебе полека умира. Но со вложување на голем труд, тоа дете може да се задржи, барем скриено негде длабоко во нас. Е оваа генерација, сама си го убива детето во нив пред било кој да го побара тоа од нив. Стварно не разбирам. Играњето ластик со другарките, ја заменуваат со бркање дечковци за викенд, од 16 години почнуваат со потрагата на господинот „Совршен“, сеуште несериозни навлегуваат во навидум сериозни врски, со несериозни дечки и кога, нормално, таквата врска ќе пропадне, депресијата станува нивен најдобар пријател. Зини земјо, голтни ме. Не се арни. Сериозно. Плачат, рикаат, се трескаат од земја, посегаат по жилети и слични самоубиствени атрибути, па за што да живеат, типот не ја сака, си нашол нова, животот за неа е завршен, па таа него го сметаше за вистинскиот. И одма таа, повеќе не верува во љубов, ќе се замонашува, ќе се ополодува вештачки и ќе остане самохрана мајка.
Дури и по facebook профилите може да се забележи таа генерација! Немора ни да ја пишува годината на раѓање. По сликите, статусите и начинот на кој ја користи facebook социјалната мрежа, ќе ви биде јасно дека се работи за ТАА генерација. Ако видите на слика детско фациче, унаказено со лоша, обилно ставена шминка, сеуште неоформено тело наместено во смешна положба, бидете сигурни дека станува збор за жртва на генерацијата ’96. Секојдневно, постојано објавување на љубовни статуси, животни мисли, нормално, прогуглани, статуси од типот „живот је кучка, ал ја сам веча“, е исто така симптом за оваа генерација. Кога сме кај статусите, смешно е колку се тие само контрадикторни. Во еден момент таа е скршена, полна со болка и очај, а веќе во наредниот таа е силна женска, кучка, лавица и што ли уште не, која е спремна да се соочи со се и која животот ја направил јака и крута. А каква е реалноста? За тоа сите сме свесни!
Не велам дека останатите, помали генерации се поарни, но оваа некако ми се издвојува. Чест на исклучоци, а ги има, лично познавам неколку, но навистина се ретки. Епа ако си сте од ретките, бидете горди на себе, ја правите вистинската работа. Јас не сум нешто постар од нив, но мојата генерација стварно се разликуваше. И во мојата генерација имаше секакви, ама во глобала не бевме како генерацијава на која и го посветувам текстов. Го искористивме детството максимално, можеби и повеќе од што треба, ама барем никогаш нема да се покаам дека нешто сум пропуштил.
Таа фаза од животот заврши, започна некоја нова и по оваа фаза следи некоја следна, но најважно е од секоја фаза да се извлече максимумот.

Извор: http://hajdpark.mk/generacija-96/
 
foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743

Во оваа реченица е објаснето се. Секоја наредна генерација ми е се поФЕЈЛ. (facepalm)
 
parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
девеес шеска ? :rolleyes: па тој сфе деца бре, зшто те нервираф деца, остаи ги, деца су...
: )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and 4FUN

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
девеес шеска ? :rolleyes: па тој сфе деца бре, зшто те нервираф деца, остаи ги, деца су...
: )

Деца су, а ги глеаш во сите дискотеки први на сепаре, а тебе на врата не те пуштаат зашо си ја заборавил личната карта. Боже сачувај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Natenceto

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
или само на мене не ми е јасно или пак само мене ми е јасно тука ...

16 години и сакате ластик да играат ? - хе
абе како да сте заборавиле вие кога сте имале толку ... ајде нека напишат сите што играле ластик на 16 и што не излагале во град и не бркале дечковци/девојки ? само ретардирани деца играат ластик на 16, а не нормални ...
детските игри полека престануваат на 10-12 години , после веке почнуваат првите симпатии, првите излагања, првите направени проблеми,првите запознавања со поширокито круг на луге, се им е ново и интересно... бла бла бла ...

па и самиот(авторот на темава) си кажа - junior party ... па тоа е за деца бе, што бараш ти таму да идеш со нив? - или сакаш да глумиш господин возрасен фраер ?
дали они ви се мешаат во вашиот живот и понашање ? - остајте ги нека си растат и живеат како сакаат - нивно детство е тоа, нивни пубертет - нивен живот !
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
ај да ми текни...
почнав да излегвам во седмо, значи на 13 години
не влегвав во кафичи, оти тогаш главната шема беше пред кафичите, на шеталиште и по корзо
го врвевме широк сокак по сто пати, угоре удолу, угоре удолу...
живеев во центар, па можи да се речи дека си излегвав во двор
имав симпатија, уствари ги имав неколку, ама немав дечко
дома требаше да се вратам ми се чини околу девет и пол или десет
после секоја година ми го зголемваја излезот
кога имав 20, имав излез до еден и пол максимум
а после еден и пол и така ништо не се случваше, сите си одеа дома
инаку на кино ме пуштаја да одам уште од второ - трето одделение, значи од 8-9 години, со сестра ми, таа имаше 12-13
во кафичи и диско почнав да одам во осмо или летото после осмо, не се сеќавам точно, значи на 14 -15 год
и не одев на џуниор парти :zelen
дечко си фатив на 16, додуша „врската“ ми траеше нецела недела, ама нема везе
ластик престанав да играм во петто или шесто одд, значи на 11-12 год
шо би му дошло горе-долу исто ко сите, па и ко тие од 96та
поинакво беше тоа шо ние излегвавме облечени со фармерки, маица и патики, шминка чат-пат а и тогаш скоро ич
ама и тоа за баба ми беше чудно
таа ми велеше дека треба да излезам во 17 а да се приберам дома во 19 :D
 
Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
Едноставно не можев да не ја споделам колумнава со вас...

Морав да посветам неколку реченици на оваа генерација. Речиси сите што ме познаваат, знаат колку сум против оваа генерација. Па искрено мислам дека полоша, нема. Со ова не сакам никого лично да навредам, но генерацијо ’96, во глобала сте ужас!
Кога само ќе помислам дека во моментов имаат едвај 16 години, а нивното однесување е на некое „повисоко“ ниво ми се плаче. Деца се, уште мирисаат на млеко и имаат излез до 12 ипол, а глумат возрасни. Опнати на штикли, рашљакани у фаците како кловнови, машката популација често може да се забележи со Johnny Walker во рака, иако едно шише пијат 13 души, по малце, за да може да останат на нозе, па нормално тоа мало и сеуште неоформено организмиче кај може да издржи таков шок. Е тие, ваквите, вртат шеми по сите фенси клубови, нормално, на junior party.
Ама најсериозно, не сфаќам. Толку не им е интересно да бидат деца? Да играат додека можат? Па јас лично го памтам детството како нешто убаво, мислам дека убаво го искористив. И да, се осетив прилично старо во моментов кога сфатив што пишувам, но сериозно, покрај новиве генерации, навистина се осеќам старо.
Аххх се би дал да сум повторно дете, безгрижно и слободно, на кое единствена обврска му е да си ја напише домашната по математика. Ма не бре, не го сакаат тоа, сакаат да бидат возрасни, сакаат да излегуваат, да имаат љубовни проблеми и други проблеми од различен вид кои сами ги создаваат и не постоеле се до моментот кога нивното главче не си увртело некои глупости.
Го мразам моментот кога детството ме предаде. Кога само ме потапша по рамо и ме „турна“ во светот на возрасните кој што е полн со грижи и обврски, каде што детските игри ти се забранети, каде што се бара сериозност и нов пристап на работите. Во овој свет со секој нов ден детето во тебе полека умира. Но со вложување на голем труд, тоа дете може да се задржи, барем скриено негде длабоко во нас. Е оваа генерација, сама си го убива детето во нив пред било кој да го побара тоа од нив. Стварно не разбирам. Играњето ластик со другарките, ја заменуваат со бркање дечковци за викенд, од 16 години почнуваат со потрагата на господинот „Совршен“, сеуште несериозни навлегуваат во навидум сериозни врски, со несериозни дечки и кога, нормално, таквата врска ќе пропадне, депресијата станува нивен најдобар пријател. Зини земјо, голтни ме. Не се арни. Сериозно. Плачат, рикаат, се трескаат од земја, посегаат по жилети и слични самоубиствени атрибути, па за што да живеат, типот не ја сака, си нашол нова, животот за неа е завршен, па таа него го сметаше за вистинскиот. И одма таа, повеќе не верува во љубов, ќе се замонашува, ќе се ополодува вештачки и ќе остане самохрана мајка.
Дури и по facebook профилите може да се забележи таа генерација! Немора ни да ја пишува годината на раѓање. По сликите, статусите и начинот на кој ја користи facebook социјалната мрежа, ќе ви биде јасно дека се работи за ТАА генерација. Ако видите на слика детско фациче, унаказено со лоша, обилно ставена шминка, сеуште неоформено тело наместено во смешна положба, бидете сигурни дека станува збор за жртва на генерацијата ’96. Секојдневно, постојано објавување на љубовни статуси, животни мисли, нормално, прогуглани, статуси од типот „живот је кучка, ал ја сам веча“, е исто така симптом за оваа генерација. Кога сме кај статусите, смешно е колку се тие само контрадикторни. Во еден момент таа е скршена, полна со болка и очај, а веќе во наредниот таа е силна женска, кучка, лавица и што ли уште не, која е спремна да се соочи со се и која животот ја направил јака и крута. А каква е реалноста? За тоа сите сме свесни!
Не велам дека останатите, помали генерации се поарни, но оваа некако ми се издвојува. Чест на исклучоци, а ги има, лично познавам неколку, но навистина се ретки. Епа ако си сте од ретките, бидете горди на себе, ја правите вистинската работа. Јас не сум нешто постар од нив, но мојата генерација стварно се разликуваше. И во мојата генерација имаше секакви, ама во глобала не бевме како генерацијава на која и го посветувам текстов. Го искористивме детството максимално, можеби и повеќе од што треба, ама барем никогаш нема да се покаам дека нешто сум пропуштил.
Таа фаза од животот заврши, започна некоја нова и по оваа фаза следи некоја следна, но најважно е од секоја фаза да се извлече максимумот.

Извор: http://hajdpark.mk/generacija-96/
Фала ти на поддршката.. Баш ми е мило што е добро прифатена.. http://hajdpark.mk/category/le-me-kokakolicar/ На овој линк можеш да ги прочиташ останатите мои колумни до сега, па и оние што ќе следуваат :))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Јас за дечковци воопшто не се замарав. Почнав да излегувам на 17 години, е верувале или не, јас до 15 години си играв со куклички и барбики. До 17 години јас бев на улица, играв жмурка,ластик, бркање, родео,џамлии.... што уште не. Љубов што беше тоа ми беше непознато.
На 17 и пол се шминкав веќе скоро 18 ќе имав. На 18 години јас имав прватаа врска, бев 4та година. Ама барем тогаш знаев што е љубов. Оди сега сите чуле за дечковци, плачат пиштат, штикли, фустани шминка. Од 17 па до пред 2 години скоро излагав секаде. Додека постоеше гранд клуб секој викенд идев тамо, не пропуштав ни една журка, но веќе ми стана досадно, па сега не искачам по клубови. Тие сега вака, а кога ќе дојдат на 23години со ќе прават?!

Највистинит ми е овој дел:
Деца се, уште мирисаат на млеко и имаат излез до 12 ипол, а глумат возрасни. Опнати на штикли, рашљакани у фаците како кловнови, машката популација често може да се забележи со Johnny Walker во рака, иако едно шише пијат 13 души, по малце, за да може да останат на нозе, па нормално тоа мало и сеуште неоформено организмиче кај може да издржи таков шок. Е тие, ваквите, вртат шеми по сите фенси клубови, нормално, на junior party.
 
Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
или само на мене не ми е јасно или пак само мене ми е јасно тука ...

16 години и сакате ластик да играат ? - хе
абе како да сте заборавиле вие кога сте имале толку ... ајде нека напишат сите што играле ластик на 16 и што не излагале во град и не бркале дечковци/девојки ? само ретардирани деца играат ластик на 16, а не нормални ...
детските игри полека престануваат на 10-12 години , после веке почнуваат првите симпатии, првите излагања, првите направени проблеми,првите запознавања со поширокито круг на луге, се им е ново и интересно... бла бла бла ...

па и самиот(авторот на темава) си кажа - junior party ... па тоа е за деца бе, што бараш ти таму да идеш со нив? - или сакаш да глумиш господин возрасен фраер ?
дали они ви се мешаат во вашиот живот и понашање ? - остајте ги нека си растат и живеат како сакаат - нивно детство е тоа, нивни пубертет - нивен живот !
Колумна е начин да го искажеш твоето мислење.. Колумнистот го искажува своето и не го интересира туѓото мислење.. Ако баш сакаш да го искритикуваш напишаното, слободно стави се во улога на колумнист и напиши една твоја колумна, посветена на мојава..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Deviously Devilish