1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Гатачки, јасновидци и слично

Дискусија во форумот 'Досие X на форумот' започната од CrazyFreak, 9 јули 2012.

  1. Prashina

    Prashina Староседелец

    Зачленет на:
    28 јуни 2013
    Мислења:
    1,310
    Допаѓања:
    2,995
    Го раскажав само моето искуство како поука за некој друг. Можеби го прекршив ветувањето, но се надевам некому ќе му биде од корист.
     
  2. Mistery :)

    Mistery :) Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 февруари 2013
    Мислења:
    145
    Допаѓања:
    187
    Не знам дали е за верување или не, ама има луѓе што ги знам што веруваат и одат и им погодуваат многу работи.
    Иначе мајка ми воопшто не верува во такви работи но еднаш по инсистирање на тетка ми отишле двете и онаа гатачката штом ја видела мајка ми рекла ти не веруваш во такви работи и затоа тебе неможам да ти гатам. :unsure
     
  3. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Да де во буквален превод и рекла ТИ НЕ ВЕРУВАШ ВО ОВИЕ РАБОТИ ТЕБЕ НЕМА ДА МОЖАМ ДА ТЕ ИЗЛАЖАМ
     
    На Mistery :) му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mistery :)

    Mistery :) Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 февруари 2013
    Мислења:
    145
    Допаѓања:
    187
    ХАХАХАХХА имаш право :D
     
    На Aristokrat му/ѝ се допаѓа ова.
  5. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,170
    Допаѓања:
    2,232
    Не верувам не ни одам ама многу сакам да си ја знам иднината што ме чека и дали ќе биде нешто од мене или само џабе си го губам времето поточно си го трошам животот. :)
     
    На Mistery :) му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Јаболче

    Јаболче Полноправен Член

    Зачленет на:
    8 октомври 2013
    Мислења:
    30
    Допаѓања:
    23
    Мене ми се има случено многу да ми помогне гатачка. Под чергиче стававме коса и зејтин под кревет. Лоши работи ни се случуваа
    а таа не убедуваше дека не колнат комшиите. После тоа се средија работите.
     
  7. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Таа не ви помогнала,вашата совест ви помогнала.
    Верувањето дека ќе ви помогне гатачката ви помогнало :)
     
    На Prashina и malo им се допаѓа ова.
  8. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    :) Сега баш читам литература за примитивниот човек и „врачарот“ како што го пишува тоа во Златна гранка на Фрејзер. И до некаде има право. Сето ова е лажна наука во која примитивниот човек - неможејќи да ја раздели вистината од лагата неизмерно верувал. Верувал дури до ситуација што и самиот „врачар“ неизмерно си верувал во своите „практики“ :)
    Ама тоа е бе луѓе муабет за пред наша ера и до 17ти 18ти век... сега срамота е да се мислите дали има ефект ваквото глупирање или не.
    Секако дека не верувам иако многупати сум посетил :) Не заради друга работа туку затоа што тоа ја смируваше мајка ми :)
    Последниот пат ми беше после една голема сообраќајка бев многу исплашен, не можев да зборнам како што треба, беше ден после сообраќајката и навистина се тресев. И мајка ми си викнала некоја жена што истерува стравови, прекрасно! :)
    Седнав јас на „прагот“ од мојата соба, затоа што тука биле сите духови на куќата, почна да фрла вилјушка и лајци над мене, како некој жонглер, се тресев да не ѝ падне вилјушката оти заминав во историјата :) И после 10 минути мене стравот ми беше „истеран“ :)
    Бев полесен за 500 денари, затоа што „цената била слободна ама затоа што многу негативна енергија морала да прими од мене, луѓето биле свесни за тоа ѝ давале 500“ а стравот е во мене и ден денес :)
     
    На malo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Малер по малер,мака по мака,ништо не иде од рака.Губење здравје,болести пари,се се руши.Забораваш да се смееш,сон не те фака а на душа камен стои,здив не ти дава!Језиво!Отидов во Куманово кај една жена да пробам и јас да си најдам лек за мојот хаос а пред тоа им се смеев на сите луѓе што одеа по тие врати,но маката ке те натера и кај црн ѓавол да идеш.Живее во Рајкова Куќа и кога стигнав што да видам,50 луѓе наредени еден до друг стојат пред врата.Повекето беа млади мајки со деца,кој се бебе,дури и еден парализиран го донеле.Боже си реков,кај дојдов и почнав да се распрашувам дали ја бива женава,има ли некој што го излечила,зима ли пари идр.инаку оваа гледала на икони само среда и сабота.Мајките што беа со децата немаа предност,туку кој како дошол што не ме бендиса.Плачеа деца,се туфкаа стари и така до 03 часот наутро како будала отеков во дворот чекајки.Решена бев да издржам,кога влегов едно собче накрцано со икони.кандила и едно столче на кое ке те седне.Најпрво ме праша што сум чекала толку години,голема магија ми направиле,ми побара 3оо денари и ми рече да дојдам во среда сега иконите не ми се отварале.Како попарена си се вратив дома,неспиена,испотена,и се реков Која глупача излегов.Сакам да ви кажам,НЕМОЈТЕ да идете кај такви луѓе,Тие си улави а вие ке бидете уште поулави!Има луѓе што прават магии,што тураат влакна,лушпи од расипани јајца,и јас во кола наоѓав плетени влакна од коса со копчиња но решив да се освестам и да не потпаѓам психички на такви работи.Ме интересира дали има некој позитивно искуство со такви вештери?
     
    На warr и Prashina им се допаѓа ова.
  10. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Има многу луѓе што имаат дарба од Бога да помагаат на другите а има уште повеќе кои лажат за само пари да земат.Човек кој сака да помогне нема да има тарифа туку колку имаш оставаш...имам искуство и познавам такви луѓе со дарба и верувам во нивната моќ и никој не може да ме разубеди во спротивното.

    Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
     
    На 4FUN му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: