1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Гатачки, јасновидци и слично

Дискусија во форумот 'Досие X на форумот' започната од CrazyFreak, 9 јули 2012.

  1. МериСелест

    МериСелест Староседелец

    Зачленет на:
    24 април 2012
    Мислења:
    2,007
    Допаѓања:
    3,215
    Невермајн...јас си кажав што мислам за тие работи...и не го менувам тоа...Бев иронична со претгодниот пост на крај.
    Океј за бајачи нема да коментирам но за гатачи бе?Гатач?
    За астролог,тој тоа го учел...Исто ко оној Зоран Крстевски...Кој правеше хороскоп.
    Но...за гатач секој може да биде...Секој...И да ти ја полни главата само за пари...
    Ке кажам една случка.Отиде другарка ми...кај гатачка...Ајде и јас со нејзе...да и правам друштво де...
    И почна да и кажува триста чуда...И рече следната недела да отиде пак...
    Оваа пак отиде...3 пати ја тераше да оди а потоа самата си отиде...и и зеде 50 евра,се на се...Ништо од тоа не се случи...
    Ни пола...Барем нешто да и погодеше,и јас да идев ама од тоа ништо не беше вистина...
    Aма во ред,твое мислење,го почитувам.
     
  2. malata..

    malata.. Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 февруари 2013
    Мислења:
    38
    Допаѓања:
    42
    значи се напнавте... има некои што веруваат некои не во такви работи... па нели човекот е сама индивидуа и секој посебно размислува?
    ќе се испокарате уште малце.... значи има некои кои се навистина надарени за тоа... тоа ти е дарба дадена од Бог и не секој еден може да ја има.
    нормално има многу што лажат за пари ама не се сите такви.... да не преувеличуваме сеа....
     
  3. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Не е напнување ако некој има поразлично размислување од твоето,и аман не го мешај Бог во оваа тема,за промена читни малце Библија
     
  4. malata..

    malata.. Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 февруари 2013
    Мислења:
    38
    Допаѓања:
    42
    секој си има своја теорија за тоа
     
  5. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Која е твојата теорија?
     
  6. Podem

    Podem Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    355
    Ептен глуп и траскан од ракав муабет. Ако си се изненадила на психолошките способности на некоја вражалка која бара пари после тоа за извршеното демоноистерување, не би имало никакво значење дека е и вистинито. И публиката на Коперфилд е изненадена како левитира, но никој не е позади сцена да ја дознае реалноста.
    А да ти сумирам малку на муабетот, ако тврдиш дека БОГ им дал таква дарба на луѓето тогаш тврдиш дека тие се Божји луѓе. Божји луѓе биле сите досегашни Пратеници кои биле повеќе од 120 000.
    Познати се во религиските книги како Мојсеј - проркот кој ги пренел евреите од египетско ропство,разговарал со Бог,стапот го претворил во змија,морето се разделило на две кога пробале да поминат,итн. Иса,(Исус) лекувал болни,помагал и после тоа е воздигнат на небото.
    Значи фактички овде станува збор за луѓе со надчовечки особини,избраници од Бог, со дарба од Бог кој им ја дава да повикуваат кон добро и да одвраќаат од лошо. Во случајов,твоите бајачи се пророци, кои завршуваат квази-божји услуги и наплаќаат за истото. А самата религија ти го забранува истото да посетуваш луѓе кои се истоветуваат со Бог и се претставуваат како надчовечки суштества.Со една мала маана, сакаат пари после сеансата.Враќаат мртви во живот, неплодни-оплодуваат, болни оздравуваат, вода од камен вадат, но пари само не можат да направат.
     
  7. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    Човек кога има мака на секоја врата ќе тропне.
    Мислам дека на сите ни е јасно на каков начин работат овие квази синови и ќерки Божји, кои се толку контрадикторни.
    Проповедаат сила Божја, Библии, моќ Господова, а притоа користат пагански начини. Значи...хелоууу :unsure
    Кој е тука луд, кој збунет, кој нормален?

    Потсвеста е многу моќно оружје уствари и доколку си дозволиш некоја си теткица со гравчиња у рака да завладее со твојата потсвест, извињавајте на израз, ама си го ебал ежот.
     
  8. Sesil

    Sesil Староседелец

    Зачленет на:
    20 февруари 2012
    Мислења:
    298
    Допаѓања:
    230
    Да погодуваат ке си ги погоделе и бројките на лото... Не верувам ни во гатач ни во бајач. Медицината е на доста напредно ниво па нема потреба од бајач да се бара помош. Ма да у средно отидовме со едни школски кај една гатачка. Уште се смееме за тоа коа ке се сретнеме. Али коа ке размислам подобро морници ме лазат. Ние не ни знаевме точно кај е кукјата на гатачката. Имавме слушнато од некој за неа. Ај улицата ја најдовме како така ама куќата... шетаме така по улицата мислејки која куќа може да биде и од една мала куќичка за која не се ни надевавме дека е таа излезе една жена(гатачката)и рече вие сте за кај мене, мене ме барате повелите влезите. Леле коа ме фати еден страв. И се што кажа, до имињата на личностите што ги спомна точни излегоа. И покрај тоа сега пак не верувам у гатачки. Па ако толку ја биваше ЗОШТО БРОЈКИТЕ НА ЛОТО НЕ МИ ГИ КАЖА?
     
  9. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Eве инструкции од бајачка од Куманово
    [​IMG]
    [​IMG]
    Тежок е ракописот па пола нема да разберат затоа ќе напишам што пишува на листовите па секој со својата проценка.

    Маица 3 ноќи на Св.Богородица под икона. Друга нејзина маица ( се мисли на еден член од семејството – примедба моја) 7 ноќи под икона на Св. Петка.Трета маица 21 ден на Св.Недела и четврта маица на обично бело ливче да напише најзино име и желби здравје, среќа, љубов ливчето ќе го стави во маицата и маицата ќе ја стави во олтар (замислете каде да се стави – во олтар – примедба моја) во црква да стои 40 ноќи.
    Се носи маицата се на се 1 - 3 ноќи се пере во ладна вода се пушта водата во када и малку шеќер по водата. 1 килограм шеќер поклон на Богородица, а друг 1 килограм во коцка ја отвораш кутијата си помислуваш во себе да ти го заблажи животот. Ја враќаш кутијата дома и секое сабајле по една коцка. Од црквата од венец се кине едно цветче и ќе го ставиш под јастук каде спие и ќе си кажеш како се кити црква така да се кити и она со среќа. Цветчето да го носи во новчаник и било каде. Со бело марамче и пешкир да се избришат 9 икони од нозе на кај глава, икони на Богородица, Св. Петка, Исус, Св. Троица, Св. Ѓорѓи, Св. Јован, Св. Никола, Св. Арангел и Св.Недела.
    Марамчето важи за двајцата (за двата члена од семејството за кои се бае – примедба моја).
    Да се носи од десна страна, а крпите 3 дена под јастук кај што спијат. Четвртиот ден се бања, се брише од глава на кај нозе. Крпите се тресат после бришење и се кажува како се тресат и бегаат овие капки така да се тресе и лошото од нив.
    Се пали една голема свеќа до Господ, си замислуваш желба до Господ да се пушти среќата и брак на децата и да се даде во олтар да изгори.
    Катанчиња да стојат од 3 или 7 ноќи. Осмиот ден се тргаат на страна се ставаат меѓу алиштата.
    Ќерката 40 дена пиење, миење, прскање кревет и алишта , а синот додека е дома
    Да се носи амајлијата на десна страна!
     
  10. Trouble

    Trouble Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,516
    Допаѓања:
    2,621
    Ако одам на бајачка, гатачка или било каква и да е друга жена од таков вид на професија, треба да верувам во Госпот, а јас не верувам, така да неможам да ставам маица под икона, да се молам, да носам амајлии или било што од друг таков катактер, можам да отидам, д ами изгледа, тоа и тоа да ми каже дека ќе ми се деси и тоа е тоа, од судбината не се бега бе луѓе, нејќам да спречувам да се деси ништо, небитно дали е лошо или добро, тоа е така и така ќе си се деси, нејќам јас со една амајлија да се трудам да не ни ми фрли мене некој црна магија и да неможам да си фатам дечко (демек)...
    Имам еднаш отидено, ми кажа се, ама баш се, што ќе се деси, дека ќе се скарам со моите, дека има некој многу далеку што многу ме сака, дека набрзо ќе го виам него пак и нема никој да може да ме спречи да сум со него, небитно што некои не го сакаат тоа за мене... И се е така и така се деси, јбг судбина!
     

Сподели: