Гатачки, јасновидци и слично

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Ме чуди една работа а тоа е како може сѐ уште да се "раѓаат"еден куп бајачи, гледачи, јасновидци, поред оваа денешна пренапредна технологија!???

Се надевам дека нема да дочекаме од такви лаковерници, еден ден, да речат дека и некој робот им направил маѓија!?

Многу млади гледам се уште преокупирани со магии и лутаат барајќи помош, чудно, навистина чудно??
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Балканот бил раскрсница на Истокот и Западот и сешто има останато и модофицирано под поимот „магија“ :)
Некои пракси се дури и инкорпорирани како „адети“, за простите и неуки :)

Видете го ова, и да - се практикувало! Дали ќе му најдете НЗС?

„... кога ќе се познае некоја жена оти е тешка,
со прво ќе купи од три дуќани по едно парче железо
и ќе го направи еден обрач,
кај некој ковач али кај некој кантарџија
(некои жени го давале на три дуќани да се направи обрачот).
Обрачот ќе бидел со копци да се закопчува,
и тешката жена ќе го носи опашан обрачот преку половина како колан,
да дури да го роди детето.
Тамам кога ќе се роди детето,
обрачот ќе го сопаше жената
и ќе го земе бабата в рака,
та ќе га држи да падне детето низ обрачот.
Ете од тоа после не умирало санким.
Откога ќе го роди жената детето,
на часот уште не задојано,
требало да се трга со кантарче,
и тоа кантарче ќе го скриела подно,
за никогаш со него да не се тргало,
и од тоа не умирало.“
- Баење да траат децата, собрано од М. Цепенков
 

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Балканот бил раскрсница на Истокот и Западот и сешто има останато и модофицирано под поимот „магија“ :)
Некои пракси се дури и инкорпорирани како „адети“, за простите и неуки :)

Видете го ова, и да - се практикувало! Дали ќе му најдете НЗС?

„... кога ќе се познае некоја жена оти е тешка,
со прво ќе купи од три дуќани по едно парче железо
и ќе го направи еден обрач,
кај некој ковач али кај некој кантарџија
(некои жени го давале на три дуќани да се направи обрачот).
Обрачот ќе бидел со копци да се закопчува,
и тешката жена ќе го носи опашан обрачот преку половина како колан,
да дури да го роди детето.
Тамам кога ќе се роди детето,
обрачот ќе го сопаше жената
и ќе го земе бабата в рака,
та ќе га држи да падне детето низ обрачот.
Ете од тоа после не умирало санким.
Откога ќе го роди жената детето,
на часот уште не задојано,
требало да се трга со кантарче,
и тоа кантарче ќе го скриела подно,
за никогаш со него да не се тргало,
и од тоа не умирало.“
- Баење да траат децата, собрано од М. Цепенков

Чудно ми е мене што толку векови опстојуваат и се уште нови преваранти се појавуваат, а младиве слепо им веруваат.
Морам да признам дека и јас сум била кај неколкумина, но барем извлеков поука дека се само болни ретарди!
Ти Хепта си посетил некои од овој профил или сорта на луѓе!??
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Чудно ми е мене што толку векови опстојуваат и се уште нови преваранти се појавуваат, а младиве слепо им веруваат.
Морам да признам дека и јас сум била кај неколкумина, но барем извлеков поука дека се само болни ретарди!
Ти Хепта си посетил некои од овој профил или сорта на луѓе!??
Не, не сум посетил видовити луѓе и слично...
Многу од тие се шарлатани, опколени со икони и слично - како оправдување дека токму нивната сила доаѓа од Исус Христос, големиот триделен бог од стариот еон.
Но, се мислам дека има малкумина кои реално поседуваат некаква сила и кои исто како првите се опкружуваат со икони и слично само за да не бидат осудувани од мноштвото... Но такви се навистина ретки и не се рекламираат по весници и телевизии :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Имаше сега брзо некоја сограѓанка била да пријави во полиција оти гатачка ја измамила за цели 500 евра.
Јас да сум полиција, би ѝ опнала ќотек што е проста, не да правам записник.
Сфаќам јас дека луѓе имаат маки, ама фино си постојат психолози, психијатри, па дури и обични пријатели за тоа. Не таму некоја да ми каже имаш прамен коса врзан за нечиј гроб, затоа не ти иде во животот, ама за 500 евра ќе ја разбиеме таа магија.
Знам со сигурност дека постојат луѓе со необјаснива интуиција и енергија, но нема да ги најдеме во женските домаќински групи по Фејсбук како продаваат муда за бубрези и бараат по 500 евра.
Скромно бе.

Ама па што, кога осамна вест дека на Ѓоковиќ не му одело периодот кога ја „удри“ таа со топката и губеше ко сирак пошто жена му Јелена, пази, ВО ПАРИЗ НАШЛА ЗАМОТУЉАК на врата.
А, ќе речеш светски луѓе...
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Има луѓе куќи и станови купија од вакви заебанции. Па добро еве прв што ми паѓа на памет е Иван исцелител. Па тој прави такви филмови што дури се чудам како не се гази од смеење додека зборува. Нешто слично ко оној Милан тарот, од Србија забеганиот што ги тераше гледачите да јаваат метли и да викаат брм брм. Е добро сега, има некој што има дарба некоја ама ретки се. Денеска владеат тие лажговците, знаат дека во мака човек се ќе проба и затоа. И јас сум за ќотек за нив, онака со ластегарка удри по гол грб. Па некој да ме заебе за 500 евра прво ќе се удрам од ѕид неколку пати, па ќе одам да го удрам и тој видовитиот, па нека гата после во болница.
 
  • Haha
Реакции: JaMi

Bozle

Староседелец
18 ноември 2018
7
4
603
44
Како деца у средно бевме кај една на Тарот гледање и немаше појма, апла се гледаше дека лаже нова куќа па и требаа пари за средување. Мене ми кажа за маж ми (тогаш дечко) ништо со него еве маж ми е, на едната дека ќе живее у странство, а од трите шо бевме само она остана у Мк.
после ќе одат другарките кај една у Кочани и чекаме у ходнико двете смеѓи едната плава оваа изгледа не гледаше од некаде викна “ај плавата прва” ај после иде другарка ми и за мене вика “третата не ја примам има добиено” . Стварно имав добиено ама може додека дрнкавме со другата сум спомнала а од другата соба ме чул некој и пишал на тел. И шо има тоа врска со гледање -глупости.
После за втор пат не отидов оти имав друга обрска и трет пат ќе идат умрела не ја видов.
Кај Иван бев со една роднина и ај коа сум таму да го видам влегувам разгледувам и му викам “како си”
вика “никој до сеа не ме прашал,”
“ ок “му викам “и како си”.
Трае
Го прашувам “шо поседуваш некоја моќ, био енергија, шо е тоа шо и помага на луѓето”
ми покажа со прсто накај исечоците од весник и налутено “читај”
Инаку баба ми беше профи бајач од уроци и дома гледав како нервозни расплакани деца доаѓаа, а си одеа смирени. Сакам да кажам може моментално дејствува но со баењето уште полошо ќе биде.
Како мала од се се плашев па бев кај една баба па луѓе тоа безобразно баење уште ми е срам шо слушнав порнич не и беше рамен ( шо влегува кај влегува како излегува гмечње ц...и глупости
 
Последна промена: