Гасење на Фејсбук профил

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Сакам само да додадам уште еден пример на тоа колку Фб-то или некоја друга социјална мрежа може да ја уништи социјализацијата на некој во живо. Сум сретнала неколку луѓе кои на онлајн игра или социјална мрежа се тантара-пантара, а кога ќе седнеш на кафе незнаат да прават муабет, како да се губи самиот себеси кога ќе испадне од тој негов оклоп. Едноставно неможе да се опушти и да си биде тој што си е, бидејќи тој одамна заборавил како е да се биде тоа.

Тоа тантара пантара не е направено благодарејќи на социјалните мрежи туку личностите се вака и онака мивки, само што со социјалните мрежи им се дава шанса да ја стават наметката на своето алтер его.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
На кафенце со мојата цуфка :eek: втф? кој му е гајле? или да се пофалат каде биле на одмор или со кој седеле. Друг пример за игрите пред некоја ден и се јавувам на една другарка и и викам еј како си ?ми вели : Мац неможам да правам муабет сега играм candy crush ќе и избегало незнам што.
Истиот случај и мене ми се деси,му се јавувам на другар за да прашам од колку ќе играме кошарка и во колку да го викнам и ми вика : Чекај да го довршам левелот на Criminal case па кога ќе завршам,ќе ти ѕвонам да идиш.И ајде чао,не треба да го задржуваш има работа човекот.
А една школска па ми вика:Кога не можам да бидам детектив во реалноста,ќе бидам на Criminal case.
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Тоа тантара пантара не е направено благодарејќи на социјалните мрежи туку личностите се вака и онака мивки, само што со социјалните мрежи им се дава шанса да ја стават наметката на своето алтер его.

им се даде шанса да се искажат до тој степен на лудило :giggle Точно е тоа за нивното внатрешно его, но кај се помладите тинејџери има се почеста појава на депресијата и другите психолошки нарушувања , како што се антисоцијално однесување , агресивни тенденции...

Истиот случај и мене ми се деси,му се јавувам на другар за да прашам од колку ќе играме кошарка и во колку да го викнам и ми вика : Чекај да го довршам левелот на Criminal case па кога ќе завршам,ќе ти ѕвонам да идиш.И ајде чао,не треба да го задржуваш има работа човекот.
А една школска па ми вика:Кога не можам да бидам детектив во реалноста,ќе бидам на Criminal case.


хахаха многу битна работа има како смееш така да прекинуваш :rofl
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
За четири години имање Фацакнига, дали двапати сум деактивирала поради некоја Х причина и толку, а еве речиси три години како немам ама баш ништо објавено. Онака, сајлент „манијак“ сум кога ми е екстремно досадно, а тоа речиси никогаш не се случува.
Чат-пат гледам во групите од факултет што се ако има нешто ново, и по некоја дебилана ако никне на пат, толку.
Ако сум толку неспособна и опседната со една проста страница ака скупштина сељачане, па да морам да ја деактивирам за да завршам обврски, сум го обрала бостанот. Треба да си апла со IQ на влечка-лајнарка, па да се занимаваш со тоа кој кај пиел кафица и кај се сликал со новите патики.
Абе, да не знаеш што е подебилно.
Иако, искрени да бидеме, најголемиот дел деактивира за да се врати по некој саат, евентуално ден-два. Патење по внимание, да те убедуваат дека онлајн просторот ќе е празен без твоето ценето присуство и после као да ти се радуваат и да ти галат нозе со пердуви кога ќе се вратиш. Бедно.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Пријателе ја би ти препорачал едно нешто...

-Не ве прави џекови ако на форуми го хејтате фејсбукот.

Оттука автоматски иде, дека неправилно го користите и тоа (не)свесно. Праќаш покани на 1921289312 пријатели, од тие те аднуваат пола и оттука ти праќаат такви ѓубрина од покани за игри итн.


Што заклучивме?

-Ти си крив. :D

.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
Друго лесно решение ти е да ги блокираш игрите..
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
еве еден успешен пример да се види
Саботни муабети
Еден поинаков свет, надвор од Феjсбук!
3F20F1D4BFC32C4AB2F71E185629DA57.jpg
Огнен Јанески
Точно 5 дена и 20 часа и не знам колку минути немам Фејсбук-профил. Едноставно, минатата сабота го исклучив. Се рехабилитирам. И сакам да видам што, впрочем, човек, којшто професионално и приватно станал зависен од Фејсбук, може да прави на денешницава доколку тој профил веќе го нема? Аш бубата – не постои! Сега, но, веројатно не и во вечни векови. Што значи – (не)амин!

Дали некој, на пример, ми знае еден од трите мобилни телефонски броја? Дали некој можеби знае каде живеам и која ми е адресата? Дали некој можеби знае која ми е електронската адреса? Дали можеби и случајно некој би знаел дека имам фиксен телефон дома? Дали ќе сретнам некого на улица, сосема случајно, така шетајќи, како што среќавав пред 4-5 години? Хммм...

И впрочем, како би контактирале луѓето со мене ако им требам за нешто? Ако им требам за кафе, за да однесам здравствена книшка во мое име за нив, за пијанка, за растовар и варосување, за нижење тутун? Или, на пример, доколку немам Фејсбук, дали повторно секој ќе може да ме најде кога сака и при тоа да се договориме за гостување во емисија? Или да си добијам критики и пофалби? Или дали некој ќе ми пушти СМС за да им притиснам „лајк“ на некоја фотографија, или ќе ми дотрчаат на улица, прашувајќи ме: „Ти се допаѓа мојата нова фотографија?“ И најјакото, дефинитивно – дали некој во клуб, на вечер, ќе дојде да ме праша (машко или женско, сеедно) дали сакам да имаме секс, па притоа да ми наброи сочни детали што би правеле, за време на коитусот. А да, ги заборавив и понудите за бракови и врски од обостран или едностран интерес.

Тууу, какви опции мајката нудел Фејсбукот! Многу прашања, а уште толку повеќе одговори, но и нови дилеми. А мојата рехабилитација, според реален животен „тајмлајн“, изгледа(ше) вака:



Ден 1. и ден 2. – АПСТИНЕНЦИЈАТА

- Неверојатно беше откривањето сосема нови светови откако го исклучив Фејсбукот, иако во овие два, најтешки први денови – имав... ретко, но – да, имав желба за да си го вратам профилот. Но, се воздржував, како и секој зависник од наркотици, лекови, алкохоли, храна, секс, музика, ТВ и сличните со нив. А, да! Новите светови! Сфатив, на пример, дека не мора да прочитам 20 статус-објави на Фејсбук доколку сакам да знам какво е времето надвор. Можам едноставно да излезам на тераса – браво! И среќа, не беа така тешки првите кризни дни.



Ден 3. и ден 4. – СФАЌАЊЕTO

- Сфатив дека не треба да се нервирам, оти некој ќе ми изговори „сВатив“, зашто и така звучноста е слична при реалниот говор, наместо на „чат“! Сфатив, дека можам да прочитам он-лајн весници, информации, а да не чекам некој да ги сподели.

Сфатив, дека наместо да „квачам на стол“, вртејќи го тркалцето од дигиталното глувче за да видам кој каде се „тагнал“ пиејќи кафе „грмкајќи си јакичко“, можам да ги допрочитам сите започнати книги во ЈСП, при возење низ историски збунетиов град. Сфатив дека можам да ги догледам сите започнати филмови и серии. Дека можам да излезам и да прошетам, притоа гледајќи ја природата. Сфатив дека можам да станувам од сабајле и да си пуштам песна наместо да најдам некој на ФБ што објавил, па да преслушам нешто нивно. Сфатив, дека гости за емисија можам и на телефон да договорам! Најважно, сфатив дека во реалноста, фотографските „дак-фејс“ ликови се ретка (не)сорта! И за време на вечерно излегување, сфатив дека либидото си работи нормално, како и при сајбер-секс.



Ден 5. и ден половинка – РЕАЛНОСТА

- Најстрашно ми беше соочувањето со реалноста. Таа вистина постоела, надвор од Фејсбук! Замислете, има луѓе, што живеат во некој паралелен универзум, кој ние сме го заборавиле! Вечното прашање: „Драга „таа“ – дали се тие трудни?“



П.С. Не плачете мили либиња, јас пак ќе се вратам. Кисис ту ол! (три срценца)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen and Strumfeta

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Последно време сме бомбардирани со вести од какви се не извори.
Не кликај се и сешто. Како кај мене нема такви објави. Не кликам на се и сешто и не дозволувам апликација да објавува во мое име.
покани за игри, ова, она, дури и поке (ја изгуби својата првична функција ).
Имаш блокирање на апликацијата (играта) и блокирање за било какви апликации од некоја личност. Која е првична ф-ја на Poke?
едноставно фејсбук стана едно големо пано за реклами.
Реклами? Па види вака, фејсбук се финансира од реклами, појди на кој било МК сајт и ќе видиш дека на сите има реклами.
Ви се јавила ли желбата да го гасете својот фејсбук профил или модерно наречен Акаунт ??
Не. Не ми се јавила желба досега. И тоа не е акаунт туку сметка. Златен јазик си имаме.
1 губење доста време на нет за непродуктивна ствар
2 ради зависност која пред 4 години беше голема
3 виртуелните дружења не се исти како тие во живо
А мислиш дека и дремењето на форум е продуктивна работа? Виртуелното дружење е исто. Реалното е различно. :)
***
На крај на светот има живот и надвор од клик на 'Одјави се'.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis and Saladin

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Не знам оти за постапки кои сами ги правите, за нешта до кои сами се доведувате мора да си најдете друг виновник?
ФБ не е крив што чмаеш 24/7, што приоритетни ти се дневните мениа на корисниците на инстаграм, статусите кои најчесто се безвезални какања ( пардоне муа), пописот на чекирања во Шехерезада и сл.
Користи го разумно и нема да има проблем.
Зашто да го деактивираш кога можеш и да не го отвораш, освен кога ти е потребен?
 

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
123
Никогаш не сум го деактивирал и искрено не гледам потреба. Не знам каква потреба имате вие да го деактивирате.
Во врска со фб многу ми е мило што не се заразив со игрите. На почеток играв малку Mafia wars ама тоа беше пред три и кусур години и од тогаш не играм воопшто. Сите популарни игри ги имам блокирано и секоја нова што ќе излезе ќе ја блокирам. Досадни луѓе ги решавам со тоа што правам така да не ми се појавуваат на њузфидот или да се појавуваат само кога имаат нешто ептен популарно.

Не би сакал да го деактивирам зошто поголема е шансата да ме контактира некој на фб отколку на емаил или на мобилен. Башка добивам порака секогаш кога некој ќе ми пише во инбоксот на фб, и имам смартфон со фб.... Што значи фб ме прави достапен во секое време.

Така да не верувам дека во скоро време ќе се откажам од фб.



Ако ви одзема премногу време можете да си го средите така да не ве замара до толку. Седете и избриште еден куп пријатели или направете така да не ви се покажуваат на нузфидот, блокирајте ги игрите и бидете раат.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
еве еден успешен пример да се види
Саботни муабети
Еден поинаков свет, надвор од Феjсбук!
3F20F1D4BFC32C4AB2F71E185629DA57.jpg
Огнен Јанески
Точно 5 дена и 20 часа и не знам колку минути немам Фејсбук-профил. Едноставно, минатата сабота го исклучив. Се рехабилитирам. И сакам да видам што, впрочем, човек, којшто професионално и приватно станал зависен од Фејсбук, може да прави на денешницава доколку тој профил веќе го нема? Аш бубата – не постои! Сега, но, веројатно не и во вечни векови. Што значи – (не)амин!

Дали некој, на пример, ми знае еден од трите мобилни телефонски броја? Дали некој можеби знае каде живеам и која ми е адресата? Дали некој можеби знае која ми е електронската адреса? Дали можеби и случајно некој би знаел дека имам фиксен телефон дома? Дали ќе сретнам некого на улица, сосема случајно, така шетајќи, како што среќавав пред 4-5 години? Хммм...

И впрочем, како би контактирале луѓето со мене ако им требам за нешто? Ако им требам за кафе, за да однесам здравствена книшка во мое име за нив, за пијанка, за растовар и варосување, за нижење тутун? Или, на пример, доколку немам Фејсбук, дали повторно секој ќе може да ме најде кога сака и при тоа да се договориме за гостување во емисија? Или да си добијам критики и пофалби? Или дали некој ќе ми пушти СМС за да им притиснам „лајк“ на некоја фотографија, или ќе ми дотрчаат на улица, прашувајќи ме: „Ти се допаѓа мојата нова фотографија?“ И најјакото, дефинитивно – дали некој во клуб, на вечер, ќе дојде да ме праша (машко или женско, сеедно) дали сакам да имаме секс, па притоа да ми наброи сочни детали што би правеле, за време на коитусот. А да, ги заборавив и понудите за бракови и врски од обостран или едностран интерес.

Тууу, какви опции мајката нудел Фејсбукот! Многу прашања, а уште толку повеќе одговори, но и нови дилеми. А мојата рехабилитација, според реален животен „тајмлајн“, изгледа(ше) вака:



Ден 1. и ден 2. – АПСТИНЕНЦИЈАТА

- Неверојатно беше откривањето сосема нови светови откако го исклучив Фејсбукот, иако во овие два, најтешки први денови – имав... ретко, но – да, имав желба за да си го вратам профилот. Но, се воздржував, како и секој зависник од наркотици, лекови, алкохоли, храна, секс, музика, ТВ и сличните со нив. А, да! Новите светови! Сфатив, на пример, дека не мора да прочитам 20 статус-објави на Фејсбук доколку сакам да знам какво е времето надвор. Можам едноставно да излезам на тераса – браво! И среќа, не беа така тешки првите кризни дни.



Ден 3. и ден 4. – СФАЌАЊЕTO

- Сфатив дека не треба да се нервирам, оти некој ќе ми изговори „сВатив“, зашто и така звучноста е слична при реалниот говор, наместо на „чат“! Сфатив, дека можам да прочитам он-лајн весници, информации, а да не чекам некој да ги сподели.

Сфатив, дека наместо да „квачам на стол“, вртејќи го тркалцето од дигиталното глувче за да видам кој каде се „тагнал“ пиејќи кафе „грмкајќи си јакичко“, можам да ги допрочитам сите започнати книги во ЈСП, при возење низ историски збунетиов град. Сфатив дека можам да ги догледам сите започнати филмови и серии. Дека можам да излезам и да прошетам, притоа гледајќи ја природата. Сфатив дека можам да станувам од сабајле и да си пуштам песна наместо да најдам некој на ФБ што објавил, па да преслушам нешто нивно. Сфатив, дека гости за емисија можам и на телефон да договорам! Најважно, сфатив дека во реалноста, фотографските „дак-фејс“ ликови се ретка (не)сорта! И за време на вечерно излегување, сфатив дека либидото си работи нормално, како и при сајбер-секс.



Ден 5. и ден половинка – РЕАЛНОСТА

- Најстрашно ми беше соочувањето со реалноста. Таа вистина постоела, надвор од Фејсбук! Замислете, има луѓе, што живеат во некој паралелен универзум, кој ние сме го заборавиле! Вечното прашање: „Драга „таа“ – дали се тие трудни?“



П.С. Не плачете мили либиња, јас пак ќе се вратам. Кисис ту ол! (три срценца)


Што направи овој бе,небаре се рокал со хорс во вена....уште му фалат долги ракави на +40 и наочари за сонце на зима...
А можеби и има поента, не би знаел, немам фејсбук.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood and Primrose