Гасење на Фејсбук профил

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Последно време сме бомбардирани со вести од какви се не извори.
покани за игри, ова, она, дури и поке (ја изгуби својата првична функција ).
едноставно фејсбук стана едно големо пано за реклами.
Ви се јавила ли желбата да го гасете својот фејсбук профил или модерно наречен Акаунт ??
доколку да што ве навело тоа ?? и доколку биде во иднина што би било причината
инаку јас веќе го направив тоа
од неколку причини
1 губење доста време на нет за непродуктивна ствар
2 ради зависност која пред 4 години беше голема
3 виртуелните дружења не се исти како тие во живо
Се на се мислам дека фб профилот и дружењето на нет сепак нема некоја цел
Да слушнам и Ваши мислења по оваа тема
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnGelgirl24

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Добра тема и може доста да се разглоби од психолошката слика на секој еден (бивш) корисник на истиот.
Интересно е што многумина викаат дека целосно се повинети да го сторат бришењето на профил со огромна решителност, но после одреден број на денови, повторно се враќаат.
Оние кои го бришат перманентно профилот се да речам еден мал промил од целокупното глобално село. И тие всушност и не го бришат профилот туку едноставно забаталуваат дека имаат фејсбук профил.
Е сеа има и опција за деактивирање на профил на одредено време. Таа опција вала е далеку поупотребена, најчесто поради моменталната состојба дали психичко емотивна или поради тоа што навистина одзема време и влијае на професионалниот живот на единката. Некои тоа го прават од чист инает да привлечат вниамние (поголемиот дел), додека други попрагматичните, нити објавуваат дека ќе го сторат тоа, туку едноставно те зачудува после одредено време кога ги гледаш дека нивниот профил е едноставно неактивен.
 
fesbukot e vremenska dupka vleguvas na 2 min , izleguvas posle 4 sati :giggle
 
i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Јас пред неколку месеци го имав деактивирано профилот на фејсбук бидејќи бев буквално разочарана од се. Ама после месец дена морав да го реактивирам бидејќи сум поврзана со премногу пријатели, член сум во неколку важни групи од кои не можам да добијам никакво известување на било каков друг начин. До ден денес го користам профилот за суптилно испукување (покрај форумов) и комуникација со пријатели. А да имав друг избор секако дека ќе останеше деактивиран.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Морам да прокоментирам....
Гасење на Фб профил.... ми изгледа како кажување на дијалект, во смисла одлогирување.

А инаку, јас веќе почнувам четврта година како што не се дружам воопшто со овој медиум. Прво и основно поради што не знаев за поимот одлогирување. Играв покер, фарма, и триста чуда. За фармата дури и правев аларм(да не ми изгорат де). И реков чекај ало... и кога реков чекај ало, застанав го деактивирав, и се чувствувам полесно.
Сфатив дека всушност фејсбукот не ми користел за ништо. Со тие што комуницирав таму, сега можам да се слушнам на скајп. Ако сакам да видам како изгледа некој(ако не се гледаме ин фејс поради триста причини) ќе побарам слика да ми прати, да се видиме на камера... и пак исто...
Навистина сметам дека е непотребно...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Јас пред неколку месеци го имав деактивирано профилот на фејсбук бидејќи бев буквално разочарана од се. Ама после месец дена морав да го реактивирам бидејќи сум поврзана со премногу пријатели, член сум во неколку важни групи од кои не можам да добијам никакво известување на било каков друг начин. До ден денес го користам профилот за суптилно испукување (покрај форумов) и комуникација со пријатели. А да имав друг избор секако дека ќе останеше деактивиран.

Ова е оној булшит што никако не можам да го прифатам кај морето од корисници на ФБ. Да, во ред е да се користи како алатка за комуникација но не е ни единствен начин на остварување на истата. Ме нервира трендот а со тоа и ограниченоста како фејсбукот станува единствена алатка, ги засенува поелоквентните начини како e-mail-от, или пак мобилниот. Поради ова што горе го пиша, не го бришам целосно профилот. Другото, се` е минливо.
 
Ова болдираново
член сум во неколку важни групи од кои не можам да добијам никакво известување на било каков друг начин.
стриктно стои поради моето членство во групите на Млади на Црвен Крст на Република Македонија, ПХВ недела театар, Клуб на Млади на ООЦКП и групата за хендмејд арт. За она другото и јас се согласувам.

ЕДИТ: Да напоменам дека и мејлот и телефонот не ги запоставувам, поголемата комуникација ја остварувам преку нив и Скајп.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Чудно е како набрзина Фб -то стана опсесија на поголемиот дел од младинава , па дури и кај постарите до некаде. Се изгуби смислата за она преку телефон: Еј како си ајде да одиме на кафе , сега на кафе одат преку Фејсбук со прајќање сликичка кафе и одоздола пишува срцкааааааааа баш ми фалиш. Го немам направено тој чекор да го избришам фејсбукот бидејќи имам луѓе со кои комуницирам само преку фејсбук (иако незнам зошто не би направиле скајп ). Се останато во употребата на фејсбукот е чисто идиотизам во боја. Понекогаш би сакала да ги запрашам луѓето кои ставаат статуси како : На кафенце со мојата цуфка :eek: втф? кој му е гајле? или да се пофалат каде биле на одмор или со кој седеле. Друг пример за игрите пред некоја ден и се јавувам на една другарка и и викам еј како си ?ми вели : Мац неможам да правам муабет сега играм candy crush ќе и избегало незнам што. Да го направеа платен фб-то мислам дека ќе се врати се во нормала до некаде
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

i тоа 100 посто ти гарантирам дека ќе беше така
несвесно сите што правевме штом се будевме од сабајље е прво проверка на фб, што се има ново како нешто тоа да е најважно во живот
а исто едно големо оправдување на сите што се уште имаат фб е дека така и се запознаваат на фб (оваа теорија баш и ич не држе ) може да комуницираат колку сакаат ама ако не се најдат во живо се им е џабе.
 
BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
i тоа 100 посто ти гарантирам дека ќе беше така
несвесно сите што правевме штом се будевме од сабајље е прво проверка на фб, што се има ново како нешто тоа да е најважно во живот
а исто едно големо оправдување на сите што се уште имаат фб е дека така и се запознаваат на фб (оваа теорија баш и ич не држе ) може да комуницираат колку сакаат ама ако не се најдат во живо се им е џабе.

Сакам само да додадам уште еден пример на тоа колку Фб-то или некоја друга социјална мрежа може да ја уништи социјализацијата на некој во живо. Сум сретнала неколку луѓе кои на онлајн игра или социјална мрежа се тантара-пантара, а кога ќе седнеш на кафе незнаат да прават муабет, како да се губи самиот себеси кога ќе испадне од тој негов оклоп. Едноставно неможе да се опушти и да си биде тој што си е, бидејќи тој одамна заборавил како е да се биде тоа.