1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Врска со другар(ка) на бившите?

Дискусија во форумот 'Љубов и секс' започната од Давор, 20 јануари 2013.

  1. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,079
    Значи дали би започнале ваква врска?Затоа што во дваесет и првиот век има баш секакви врски,нема голем број добри пријатели,па дали би го направиле тоа и дали ќе ви биде грижа што мисли за тоа бившата?Би се обиделе или во старт се откажувате?Дали сте личност која традиционално гледа на работите или сте личност која сака авантури и го живее животот без разлика дали ќе ги повреди другите?
     
    На Rosana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Legioner

    Legioner Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 април 2012
    Мислења:
    999
    Допаѓања:
    606
    имаш полно рипчина во морето најди си друга :pusi
    Мирна ќе ти биде главата :kafe
     
    На Давор му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FallenAngel

    FallenAngel Староседелец

    Зачленет на:
    5 декември 2012
    Мислења:
    601
    Допаѓања:
    398
    Нема шанси. Ако му е другар тогаш сигурно знае многу работи за мене. Тој му има кажувано. И после ако останат другари ќе се фалат абе јас бев со неа ама и јас бев бе. Нема шанси ... Тоа е нешто невкусно...
     
    На Rosana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rosana

    Rosana Староседелец

    Зачленет на:
    24 јуни 2012
    Мислења:
    267
    Допаѓања:
    499
    и јас мислам исто :)
     
  5. Anacal

    Anacal Полноправен Член

    Зачленет на:
    19 јануари 2013
    Мислења:
    45
    Допаѓања:
    29
    Јас сум била со двајца од исто друштво. Всушност со ниеден од нив не сум била во врска, туку така, недела дена дали сме биле заедно, ништо сериозно. И зависи од тоа каков однос имаш со бившата и какво мислење има таа по оваа тема. И покрај тоа што ти е бивша треба да се запрашаш што мисли она и дали на неа ќе и пречи. Мој совет е немој, ама која сум па јас да кажувам дали да го направиш тоа или не, кога јас веќе сум го направила. :)

    А во мојов случај немало зборење за мене меѓу нив двајца или па со некој трет од друштвото, ниту пак да се фалат дека биле со мене или не знам што. А тоа го знам затоа што и со двајцата сега сум многу добра другарка и сите тројца сме од исто друштво.
     
  6. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,338
    Допаѓања:
    3,837
    Ако гледаш од аспект за тоа дека неможеш да бираш кој ќе те привлекува и со кого ќе сакаш да бидеш - зошто да не.
    Ако гледаш од аспект колку многу ниско ќе паднеш, и колку многу ќе повредиш некого кого си сакал/или само почитувал - дефинитивно не.

    Јас го одбирам вториот.
     
    На Luckky, melpomena, Slims и уште 5 други им се допаѓа ова.
  7. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,104
    Па, имало искри :) ама ништо озбилно, најдобра другарка на бившата е, а си ја сакам ко сестра :)
     
    На Сара.13 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Сара.13

    Сара.13 Староседелец

    Зачленет на:
    13 ноември 2012
    Мислења:
    1,260
    Допаѓања:
    3,101
    Не е ништо невозможно и недостижно, а ни толку трагично како што го сфаќаат сите
    Ама што е лично до мене јас не би се впуштила во такво нешто, пак ќе речам не дека е многу недостижно, али сепак, принцип.
     
    На Ночной охотник му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Caci

    Caci Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    872
    Допаѓања:
    1,101
    од толку многу, баш со другар/ка на бившите?? не би паднала под толку ниско ниво :)
     
    На JaMi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Largo

    Largo Полноправен Член

    Зачленет на:
    15 јануари 2013
    Мислења:
    90
    Допаѓања:
    96
    Прво ниско е.....се испаѓа еве не можев со неа сеа со другарка и ќе се влечам.Второ незнам како би зигледало тоа кога седат сите заедно на маса и цело време се прилапуваат пред бившата...не викам дека не е воизможно зависи од повеќе фактори ама сепак не е убаво.
     

Сподели: