Вродени идеи vs. Тabula rasa

Saturnia

Нов член
31 август 2012
27
24
3
Хмм... интересна тема!
Јас мислам дека се раѓаме ‘табула раса‘ и дека сите имаме исти способности за се!
Гените според мене одредуваат само физички карактеристики и мислам дека неможат да ни поттикнат таленти или со себе да носат одредени ставови и идеи во врска со нешто само заради тоа што некој си наш прадедо размислувал така. Околината има огромно влијание посебно кога сме мали но тоа е така само заради што нашите сетила за расудување не се сеуште добро оформени, не сме доволно информирани и околината на некој начин ни помага да се вклучиме во животното темпо. Понатака, зависи од нас самите и од нашиот глад за информации. Колку повеќе сме информирани толку повеќе и полесно можеме да се промениме и да станиме поприлагодливи, односно да си бидеме начисто со нас самите и сите околу нас. Тоа што можеби ни тргнале некои работи од рака што биле својствени за одредени наши предци нема никаква врска со гените, тоа зависи повторно од самите нас со тоа што таквото сознание само не поттикнало да се насочиме кон развивање на таа одредена способност. Секој е способен за се, потребна е само желба.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133

Многу погрешно. Гените не ги одредуваат само физичките карактеристики. Кај една личност препознаваме карактер и темперамент. Карактерот е оној дел од личноста кој се формира постепено од самото раѓање и е променлив, може да се надоградува. На неговото оформување влијае воспитувањето од страна на родителите, пријателите, училиштето, условите во кои живее и така натаму. Додека темпераментот е оној дел од личноста кој е вроден, постојан и неменлив. Врз него не влијаат околностите. Темпераментот се оформува благодарение на гените и останува таков за цел живот.
 
А преку што според тебе се отсликува карактерот, а преку што темпераментот, кои особини припаѓаат на едното а кои на другото? :D
 
kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Табула раса, дефинитивно, но со мало дополнување. Гените дефинираат одреден број на предиспозиции(физички и психички), а околината диктира кои предиспозиции ќе ги фаворизира единката. Соодветно и немаме којзнае каков избор(најчесто никаков) за тоа какви ќе бидеме и какви избори ке правиме(опишано во друга тема)
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
А преку што според тебе се отсликува карактерот, а преку што темпераментот, кои особини припаѓаат на едното а кои на другото? :D
Има четири основни поделби на темпераментот 1. меланхолик 2.флегматик 3.сангвиник 4.холерик
секоја поделба си има свои основни карактеристики кои играат важна улога во оформувањето на една личност. Како што напоменав овие карактеристики се вродени и не се менуваат, можно е да се модифицираат до некој степен...
ме мрзи да пишувам опширно сега, прочитај нешто повеке поединечно за секоја од поделбите на темпераментот и ке ти биде јасно.
 
Фалаа :)
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Вродени идеи - кои доаѓаат од каде? Од родителите или од искуствата во претходните животи? Ако постои реинкарнација, тогаш душата памети, само тие сеќавања се некаде длабоко „закопани“. Сепак делчиња од тие искуства наоѓаат начини да се пробијат до површината и да влијаат на она што сме. Ако не постои реинкарнација, тогаш би значи дека доаѓаат од родителите и дека е навистина возможно врз основа на гените точно да се предвидат/прерачунаат особините на било која личност.
Лично, повеќе си ја сакам првата можност, односно таа дека душата памети. И тие сеќавање ни се достапни токму толку колку што е доволно за тоа да не го нарушат текот на нормалното живеење.
Дека околината влијае, влијае. Но не верувам дека се раѓаме „празни“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Нормално, гените играат улога и даваат одреден правец, да речеме го дефинираат `хардверот` но умот, `софтверот`, останува да биде обликуван од средината.

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Инспириран од една книга за историја на филозофијата, ме заинтригира едно прашање. Можда е слично со една друга тема за искуството дали го прави човекот побрзо да учи, но сепак има мала дистинкција тука. Значи, дали ние имаме некои вродени идеи или се раѓаме комплетно без ништо - tabula rasa и сме подлегнати само на сетилата? Што со резонското размислување? Баш ме интересира вашето мислење околу оваа тема.
Човек се раѓа со интелигенција и со памет или ум, кој има способност да ја развива интелигенцијата низ животот.
Примери има многу..бебе од незнам каде што убаво и чисто збори на 6 мес...на 2 год.знае чисто да збори на два јазика, на 4 год.прават програми..вежбаат гимнастика, играат, пеат, се такмичат во шах со возрасни идр.Значи дека ние не се раѓаме табула раса...се останато што не прати во животот влијае на изградбата на личноста дали ке биде во позитивна или негативна насока.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki