Впечатоци од членови

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Не сум долго време член на форумов али мислам дека помина доволно време, доволно прочитани мислења и ставови за да можам да оформам по некое релативно реално мислење за некои форумџии :)
Anastasija ќе почнам со неа зошто таа беше првиот женски член кој ми пиша и тогаш дознав дека сме биле имењачки :D од тогаш ги следам нејзините мислења и ми се допаѓаат : )
parvati тој беше првиот машки член кој ми пиша и од тогаш не можам а да не му пишам кога ќе се уклучам на форум :sram ми остави едно многу позитивно па и најпозитивно мислење од сите членови со самото тоа што и самиот е најпозитивната личност која ја имам сретнато досега..ги обожавам неговите мислења, секогаш се реални и искрени...на шегите се смеам како будала :giggle, на убавите зборови се восхитувам... една бацка до него :*
МиГ 21 форумџијата кој најмногу ме изненади на форумов, сеуште неможам да си поверувам (shake)
melpomena според мислењата, очигледно е дека е зрела личност која веќе има оформено мислење и цврсти ставови во животот..ми се допаѓаат нејзините мислења и редовно ги читам, се обидувам секогаш да најдам нешто позитивно и поучно во нив : )
Solstice тотално позитивна личноста, делиме исти вкусови(особено за храна) хехе...а најмногу не поврзува Јуве :D
The_Mayor имам прочитано многу негови мислења...значи одам по темиве читам читам ама онака не многу "посветено" и оп Тhe_Mayor и застанувам и читам :D многу позитивна личност, заебана да не речам :p
Saladin (bravo) секое негово мислење вреди и зборува само по себе и почесто ме остава со подотворена уста..нема потреба да коментирам повеќе
Trajche ми се допаѓа неговата посветеност кон водење на здрав живот, внимавање на исхрана, вежбање...тежнеам и јас кон тоа па баш и затоа многу често ги читам неговите мислења и совети :)
Electra има многу оригинални мислења кои редовно ги читам :)
Martin_MKD личност која релативно брзо ја запознав но ми остави впречаток на искрена, интересна и отворена личност(иако тој тврди дека не е ;) )
Mila Kunis ми има оставено некој впечаток али сеуште неможам целосно да ја анализирам..има време : )
Nighty ваљда сега научи и знае како Јуве дава голови :p хехе

Засега доволно е, следен кој ќе ми остави впечаток го додавам на листа : )
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Темава ми е некако слична со „Кој член...“ но нема врска, here goes...

melpomena ми има оставено впечаток дека секогаш (не)намерно е капакот на тенџерето. :D
parvati дека 49% од својот хумор го базира на кумановскиот наглас’к, но 51% е уникат, ориџинал. :zelen
LoveDealer го базира животот на љубовта... Во ова модерно време... 21-ви век... WOW, just WOW! :eek
Luckky... целосно недефинирано... топло-ладно-топло-ладно-топло-ладно-ладно-ладно...
i_wanna_fly си игра на-ти-го-дај-ми-го со љубовта, но некако ко да губи трпение на тоа поле? (think)
Saladin си е од стара гарда на Кајгана, no peculiarities there. :D
Lepaa е нова, и сака да остави силен впечаток во што е можно пократок рок, особено со своите ставови за совршена љубов. Да речеме некоја поблага верзија на LoveDealer... засега... :giggle
Ана-Каренина... аххх, моето најспешл ФБ бади го знам во нешто поинакво и поопуштено издание на ФБ (и од една ретка прилика кога ја запознав)... Искрено бади, тие изданија повеќе ми се допаѓаат, си ЗНЕШ! :D
foREVer... прерано презрела пријателка...
Angiie знае да си жали и кука, али сето тоа спласнува кога либето и’ е тука. :D
Selene ми остави некој уметнички впечаток... не знам зошто... :unsure
Ночной охотник го доживувам како човек со обични очекувања од животот... со потајна желба за нешто конкретно што ќе го „здрма“.
Mila Kunis, навидум секогаш насмеана, но... опасност и неизвесност се крие зад тој осмех, како што некои членови забележале... на потешкиот начин. :ladno:p

Засега толку ми текнуваат...
Наредна прилика повеќе. :)
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Епа ајде кога инсистирате, да дооловам и јас што мислам за форумската нација, базирана и како вода негазирана чиста поштена психоанализа за секој по нешто.
Првото место го освојува parvati , најголемиот куртон на форумот, кој многу го почитувам и го дуам (на албански). Дечко со интересен ,опуштен, кумановски стил...темпераментен, хиперактивен, зборува како навиен, а јас ништо не го разбирам- мајке ми. Кога го сретнав во живо, под супстинцирана состојба, од што брбљаше многу ми идеше едно кроше да му мавнам...ама се уплашив да не го донавијам уште еднаш, па си се воздржав. Во секој случај вреди човекот, секој треба да го запознае, знае да биде добар другар...а за љубовник нема да кажувам, срам ми е.:sram
Секнд персон по автоматизам го редам Dr.Gonzo, гонзе- лудото чоече, мене ми е најблизок од сите тука после близнак ...си го имаме натиго дај ми го, фати го лапниго (упс шо реков), али добро искуство е братот. Си имаме двајцата по неколку тетоважи, си се пуштаме заедно на жени, си пивкаме си мезиме, и ред други работи....што значи шо и да напишам за него ќе биде во позитива. За да не пишувам и за близнакот повторно..нека го делат истото мислење, само ќе додадам за близнакот дека е едно 9 пати по откачен од гонзе- ин риал лајв. Сепак не сум пишман , што ги знам.:zelen
Девојчето кое инсистира за мојата анализа alba . Убаво убаво девојче, сака да ме провоцира, сака да си игра со мене од повеќе аспекти, но пуста кавалерност во мене и го дозволува тоа. Постојат и многу други причини кои не треба да ги изјаснам во јавноста, зошто тоа девојче е кул...имам добар впечаток дека е тоа што мислам. Постои една песна, што многу ме потсеќа на ова моме... ја сакам, како песната така и девојката.:*
Нареден на листа кој го редам Saladin ...неколку пати сум се изјаснал дека чест би ми било да разговарам со дечково во живо. Ми се допаѓаат неговите ставови, а најмногу од се ми се допаѓа што има богат речник... сум влегол во дебата со него- и мислам дека тоа беше најдобрата дискусија што сум ја водел на форумов, иако јас и тој бевме контра, али ме густа дуд, ме густа.:cool:
JaMi која мисли дека сум ја заборавил, али не е точно...мајорот не заборава, иако легионер така му вика:zelen Фешн ис јор профешн грл, фино девојче, отоврена, интересна, знае да љуби, да биде упорна да се бори. 4FUN иако не е моја работа да се мешам во приватноста, но неможам да премолчам и да не кажам- дека имаш направено одличен избор, ти си дечко со стил и префинет вкус...тоа го сакаат жените.(y)
Ночной охотник ти си мој човек, на сите сајбер простори... се согласувам со се што пишуваш, некогаш и ме нервираше кога изиграваше плачко- сакам да се откажам од форум... али јас бе другар како сум плачел на твојата форумска свадба, нема да дозволам да си одиш, па ако треба и на телефон ќе ти се јавам да ти кажам дека неправилен ти е потегот. Ми недостигаат времињата кога ги гледав кисчината, гушките, сликите со бакнежи..ах foREVer моме море , охриѓанче, една работа кај тебе не ми се допаѓа, тоа е твојата неактивност... иначе ај лајк ју вери вери мач...самбади дед ај јус ту ноуу...море да свртиме на турско, ти си бомбабомбабомба.ком.... сакам да кажам одличен избор на музика... респект моме охриѓанче.(bravo)
И уште нешто....100те евра , сеуште не ми се стигнати, секој ден одам во пошта да проверам, а тоа бабиштето на шалтер ми вика- еве имаш 100 евра (сериозна)...и после 5 секунди се насмевнува, ми го креват средниот прст и ми викат: ај гет ју хахаха. Ми идет да ја пукам, ебати бабата:mad
WomanInRed и street_chic ми се толку блиски во нивните карактеристики- како на форум така и во живо. Зрачат од скомност, многу прибрани, многу фини и убави девојчина... кој ќе ги кари од харемот мој има работа со мене да си има, така да си знаете... никому не ги давам- мој си се.(hug)
Човекот кој е мој ривал, не смеам да го испуштам во првиот дел од впечатоците Trajche ...стабилен, упорен, просперитетен во својата област... летово гледам бицепски , трицепси, паралено газцепси и цицепси, гледам јас и трајче, со 5 жени вкајче, чекам провод кул, задоволни од се- фул. И да ти се стомачните поголеми од моиве, дур не си ги мериме на маса органиве, капа не ти спуштам:mstickle
За сега доволно...сакам за сите да напишам по нешто, но моментално немам доволно инспирација. Ќе пишам и за другите- ветувам, никој не сум го заборавил.
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Темава ми е некако слична со „Кој член...“ но нема врска, here goes...

melpomena ми има оставено впечаток дека секогаш (не)намерно е капакот на тенџерето. :D
parvati дека 49% од својот хумор го базира на кумановскиот наглас’к, но 51% е уникат, ориџинал. :zelen
LoveDealer го базира животот на љубовта... Во ова модерно време... 21-ви век... WOW, just WOW! :eek
Luckky... целосно недефинирано... топло-ладно-топло-ладно-топло-ладно-ладно-ладно...
i_wanna_fly си игра на-ти-го-дај-ми-го со љубовта, но некако ко да губи трпение на тоа поле? (think)
Saladin си е од стара гарда на Кајгана, no peculiarities there. :D
Lepaa е нова, и сака да остави силен впечаток во што е можно пократок рок, особено со своите ставови за совршена љубов. Да речеме некоја поблага верзија на LoveDealer... засега... :giggle
Ана-Каренина... аххх, моето најспешл ФБ бади го знам во нешто поинакво и поопуштено издание на ФБ (и од една ретка прилика кога ја запознав)... Искрено бади, тие изданија повеќе ми се допаѓаат, си ЗНЕШ! :D
foREVer... прерано презрела пријателка...
Angiie знае да си жали и кука, али сето тоа спласнува кога либето и’ е тука. :D
Selene ми остави некој уметнички впечаток... не знам зошто... :unsure
Ночной охотник го доживувам како човек со обични очекувања од животот... со потајна желба за нешто конкретно што ќе го „здрма“.
Mila Kunis, навидум секогаш насмеана, но... опасност и неизвесност се крие зад тој осмех, како што некои членови забележале... на потешкиот начин. :ladno:p

Засега толку ми текнуваат...
Наредна прилика повеќе. :)

Шо ми фалит бе на форумов???? :place Изгледа појќе ќе требит да пишам да дијалект.:svirka
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nighty

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Еве ја темава, исчистена од оф топици (можеби во брзање да сум испуштила па така да ако видете некое мислење кое “штрчи“- ве молам пријавете го).

Темава да (не) речам е многу “осетлива“ и треба да внимавате што пишувате, бидејќи многу лесно можете да повредите некој, се надевам нема да треба повторно да се затвори и никогаш повеќе да не ја повратиме.
Од сега натаму доколку некое мислење не во ред(оф топик/навреда веднаш пријавете го) јас колку можам следам.
Исто темава ја префлрлив во друг форум кој што мислам повеќе одговара, епа ајде нови впечатоцианализички без оф топици и навредувања.

Благодарам на разбирање. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and melpomena

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
slb_bobo за многумина од форумот најголем мрчатор, али друже ти си надвор од конкуренција пред тебе ги има многу неможеш на ред да дојдеш од нив. Член кој ја кажува цело време вистината без да ги извртува зборовите, а вистината боли, па затоа ги погодува многумина.
melpomena мислам дека без неа форумот не би бил тоа што е денес. Мило ми е што имаме таков член овде.
Sarah Член кој прв ми остави впечаток, почнавме уште од самиот почеток како модератори па се` до ден денес и понатмау се дружиме, искрено ми фали што не е активна во последно време, но се радувам што е среќно заљубена :cool:
The_Mayor што да кажам за него, освен дека многу пати има ми го разубавено денот со неговите мислења, и секако должник сум му, ми напраив голема услога.
parvati Ах...ти кумановац, легенда од човек неможе никој за ништо да го изнервира, цело време е расположен за дружење, заебанции, многу позитивна личност во секој случај.
Марија Прекрасен спој на внатрешна и надворешна убавина, како и високо интелегентна особа. Многу ми е мила кога ја читам.
ShakaZulu Член кој е послабо активен, единствена причина е што сака квалитетни дискусии, кога наоѓа простор и време секогаш излегува со него став и „заледува„
JaMi Најпозитивниот член на форумот, секогаш е тука да не просветли дека и не е се така црно (sun)
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
јас па толку невпечатлива шо сум леееееееее:frantic

никој да не ме примети (facepalm):rofl
Фпечаток за тебе : )
Женска варијанта на Тони Михајлофски, роден риматор, лудо ненормална девојка, у пакет сс JaMi та најпозитиф сте туја на форум, побудала здравје Радово, мноо се предомислуе у врску сс собранке, те ке дојде те нема да дојде, те ке ву дојде : )

Едит: вииш Kitty дека си уочљива и фпечатљива : ) не биди плачидунде : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi, The_Mayor and Kitty

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Фпечаток за тебе : )
Женска варијанта на Тони Михајлофски, роден риматор, лудо ненормална девојка, у пакет сс JaMi та најпозитиф сте туја на форум, побудала здравје Радово, мноо се предомислуе у врску сс собранке, те ке дојде те нема да дојде, те ке ву дојде : )
нешто у стил на Сашко Коцев и Тони, ме погоди хахахахааа здравје Радово ххахахаха, да му веруваш на дедо...Ќе дојду на собиранку заедно сас 4FUN и JaMi .... или евентуално ти да дојдеш некој дн сас нас...:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN, JaMi and parvati

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Trajche што ти требаше да ја разгориш темава,знаеш дека фитилот ми е секогаш спремен :D
Изненадена сум од твојот впечаток во глобала,одприлика исти впечатоци сме имале со исклучок на некоја ситнчка.
Кога веке навратив би сакала да ги спомнам Luckky Oleri кои скоро секогаш со задоволство ги читам,поготово кога имам потреба да прочитам нешто без трошка гнев,омраза,ситничарење,нешто со голема доза на човечност,со доза на благост,искреност.
Knife во последно време ми е некако променлив,без разлика дали се согласувам со некој негов став или не ми се допага што претежно коментира пост а не личност.Тоа што си ја пази Lady* уште повеке ми прави да му прегледувам низ прсти за некои работи :D
Да го спомнам и Arkantos кој и не е така нов,но ми фалат малку повозрасни односно позрели размислувања,поткрепени со искуство.
ipopovski кој гледам скоро никој не се усудил да напише впечаток за него,па да го разбијам и тој лед.:ladno:D
Човек со неверојатна трпеливост,му заблазнувам,но можеби тој впечаток произлегува како резултат на неговата не толкава упатеност,мада не верувам,но сепак не сум сигурна.
Во глобала ми се допагаат неговите одлики само може да кажам дека се малку закаснати.Но можеби така и треба.
Доста го испофалив,да не испадне дека таа ми беше целта што го спомнав :D ,во негативни впечатоци за негоо би спомнала три работи.
Едната е што наклонетоста кон еден модератор е премногу впечатлива,втората е што дозволи да се избрише мојата критика кон него во соодветната тема,тоа според мене не смее да биде така,јас не упатив ниту еден навредлив збор,ниту пак бев офф топик.
Третата работа нема да ја спомнам,ке ја оставам за друг пат.(bandit)
Продолжи така и понатаму админе,во глобала екипата ти е добро избрана.Една кошница за да изгледа поубаво треба да биде разновидна.Така треба.

Имам впечаток општо спрема сите членови кои одат на собиранка пополека стануваат пречесто исто мисленици без разлика дали претходно имале бар едно слично размислување.
slb_bobo Ми е посебна приказна,би го опишала исто како Трајче и доколку не ми беше либенце ке удрев и збор два како негативна критика,но ете срце ми не даје :D .