Во стан или во студентски дом?

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Во студентскиот дом дефинитивно има повеќе забава и дружења. Ама да е добар. Тоа би ти било како 2 дом, цело време си таму, јадеш, пиеш, спиеш, се капеш, се` правиш таму. Но, сликите што ги видов се ужасни о.О Која катастрофа човече, јас не би поминала оттаму а не па да спијам таму. Како ли заби ќе мијам или ќе се капам? :О Не дај Боже, ги жалам тие што се таму.
Стан си е стан, ама за жал не секои имаат пари за да изнајмуваат стан, па приморани се да одат во студентски..ама ете тоа е тоа.
Јас лани седев во студентски и повеќе не стапнуем у студентски дом. Галами, гужви, турканици за јадење...уф, гадосии. Да не можеш да се одмориш на раат. А пак кога јас имав колоквиумска обично другите немаа и кога сакав да одморам пред колоквиум или испит, обично се наоѓаше некој од комшиите да си најде глупава причина за славење. Годинава станче пред факултет. Убавини. Си стануеш сабајле, нема кој да те замара, убаво одморен. Башка тоа јас уживам кога готвам и најубаво ми е да јадам нешто што јас ќе го зготвам. Студентски јок. А и горе-долу исти трошоци имам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marrie

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Живеам у стан веке трета година. Не можам да напраам некоја добра споредба бидејки немам живеено у дом. У дом предноста е шо не мислиш на готвење, плаќање еден куп сметки, па расправии со газди за нивни нерасчистени сметки, па идат време кое нив им одговара да собират кирија(обично у 9 сабајле за викенд:mad:). Во стан предноста е тоа шо имаш повеке соби на располагање, јадиш шо ке ти текне а не тоа шо има у менза. Е сеа дружењето се сведува на цимерите на чат пат ако дое некој колега на кафе (или пиење), за разлика од тоа у дом имаш над 1000 души за дружба.
 

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
На ист факултет ќе одиме 3 - јца другари, сакаме да бидиме цимери. Во студентскиве домови сами можеме да си ги избереме цимерите, или како што ќе одлучат од студентскиот дом? Или пак ако земеме стан, колку би плаќале месечно со се струја, вода, парно, интернет.. се што е потребно? За во Скопје прашувам.
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Јас би ти препорачала, ако имате услови секако, да си одите во стан. Цените му се околѕу 150-200 па и нагоре за кирија.
За во Студентски сами можете да си изберете кој со кого да биде, ама во соба мислам дека се по 4, а вие сте 3 и ќе ви тупнат уште еден со вас :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LMFAO

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Јас би ти препорачала, ако имате услови секако, да си одите во стан. Цените му се околѕу 150-200 па и нагоре за кирија.
За во Студентски сами можете да си изберете кој со кого да биде, ама во соба мислам дека се по 4, а вие сте 3 и ќе ви тупнат уште еден со вас :giggle
Гледавме огласи, и толку се околу 200 евра, само ова со водата, струјата, парното, интернетот ме збунува. Тоа сами си го плаќаме, башка од киријата за станот?
 

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Пошо сме 3 јца, ако киријата е 150 евра на пр. со се сметките би дошла околу 250, или не?:|
 

Dolphine

Истакнат Член
25 јуни 2012
304
302
63
Па така некако, но рачунај зимно време поради парното цената ќе биде многу повисока :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LMFAO

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Вкупно ако е за еден по 100 евра, мислам дека не е голема разликата со студентски дом, а да не зборуваме за условите..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Поубаво ти е да си плаќате сами струја, вода, парно..поефтино ќе ве фати :) Малце и ќе штедите и така :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LMFAO