1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Воспитна мерка - шамар?

Дискусија во форумот 'Деца' започната од Реми, 21 март 2012.

  1. Badgirl

    Badgirl Староседелец

    Зачленет на:
    4 јануари 2013
    Мислења:
    1,477
    Допаѓања:
    3,259
    Со разговор секако
     
  2. Fashion.Lover

    Fashion.Lover Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2015
    Мислења:
    297
    Допаѓања:
    83
    Се согласувам со тебе.Кога бев тука во Македонија пред месец-два,се враќам од продавница и гледам жена со дете 3-4 години,не го држи за рака и тоа падна,таа место да му помогне го изнатепа и го исповреѓа,тоа плаче ли плаче.Сите гледавме и сакавме да му помогнеме,но се плашевме дека и ние ќе го извлечеме подебелиот крај.
     
  3. incule

    incule Староседелец

    Зачленет на:
    5 јануари 2015
    Мислења:
    731
    Допаѓања:
    121
    Не,не оправдувам,со тепање ништо не се постигнува
     
  4. Babymom

    Babymom Нов член

    Зачленет на:
    5 мај 2018
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    Би сакала совет од искусни за мојот проблем.незнам како да се поставам со детенце од година ипол....постојано за се плаче ако малку не му е по ќејф сум пробала и со добро и со лошо да гооставам да плаче не попушта никако да престане и пак попуштам да му дадам тоа што сака на пр за во раце толку плаче ако не го земам веднаш вришти како којзнае што со солзи дури како да се дави ,неможам ни во луѓе да го вмешам од страм сите ми викаат леле ама лошо детево тие :(многу се нервирам дали до мене или што е како да постапам ...
     
  5. minion

    minion Нов член

    Зачленет на:
    18 мај 2018
    Мислења:
    12
    Допаѓања:
    7
    Не знам дали ќе ти бидам од помош,али ајде. Знам дека иста таква и ја сум била како бебенце, па мајка ми еднаш ме оставила да се исплачам додека не престанам сама од себе и од тогаш веќе немала проблем. Сеа нормално внимателно и со тоа, ако не се смирува, пробај некоја смирувачка музика,мелодија да пуштиш може ќе помогне.
     
    На Babymom му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Babymom

    Babymom Нов член

    Зачленет на:
    5 мај 2018
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    И така сум пробала да плаче да не му обрнувам внимание,и ништо уште повеќе ќе почне дури од нервоза ќе почне да закашлува и неможам да оставам да плаче страшно плаче неппдносливо занемува непрестанува никако...:( ќе полудам се мислам и помош да побарам многу станав нервизна и му викам неможам да се контролирам :( незнам дали е поради се што сака да биде по негово незнам како да постапам
     
  7. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,466
    Допаѓања:
    1,184
    Потруди се да го сжениш односот кон детето како авторитетен родител кој пружа многу љубов. Ќе знае така детето да кај му е границата. Збори му почесто, покажи му ги твоите однесувања како родител.
     
  8. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    345
    Але, аман бе луѓе, што тропате глупости..детето има ЕДНА И ПОЛОВИНКА години..па каде ви е умот:facepalm2 тоа се уште незнае да збори и да оди убаво, сигурно има мака некоја, сака прегртака, нежност, милување и пеење, и....:showoffа сигурно нејќе мајка која во раните часови, во 05 часот виси на празен форум и бара глупави совети:frantic
     
    На incule му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tetovchanka^^

    Tetovchanka^^ Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 јуни 2016
    Мислења:
    169
    Допаѓања:
    84
    Оправдувам шамар по задник , ама само ако заслужило детето . На пример , син ми е многу голем инает . Има 5 години , и знае дека каминот " к'са " и не смее да го допира . Ама он си продужуа да се мотка околу каминот со се сестра му ( и таа знае , ама е помала од него , па веројатно не размислува уште ) , и како ми изгледа еден ден двајцата ќе добијат по задник .
     

Сподели: