Возрасни деца

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Дали сме сите во душа оние деца кои бевме,сега прекриени со маска наречена години која бара промени!??Можеме ли да речеме дека пораснавме,станавме возрасни личности а чувствуваме дека длабоко во нас чучи мало дете??Некои велат дека вечито дете е божја радост.Интернетов па ете и на форумов многу убаво се гледа,добар показател ни е дека сакаме да играме,сакаме да се забавуваме,да олабавиме кочници,да се рчнеме,караме, да се натпреваруваме,да се пожалиме,да се фалиме.........љубоморни сме ако комшијата има нова голема кола,другарката нови чевли итд итд..Мислам дека сите сме деца кои стануваат возрасни само во физички поглед и конституален...старееме.се дебелееме....Има ли дефиниција за возрасен човек-пристојна комуникација,свесна автоконтрола на сите полиња на агресија и во меѓучовечки односи?Во мене го чувствувам тоа дете кое сака да скока, да се забавува, да се смее...но морам да го потиснувам понекогаш а тоа станува побунтовно и понемирно:wavespinДали и во Вас длабоко во вашата душа чучи мало дете?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Се уште мислам дека сум дете...Не сакам ни да се освестам за своите години....Си викам, мало сум бе...кај јас ќе градам фамилија...Не сакам ни да помислам да остарам.
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
За да се каже дека сум возрасно дете,потребно е некој вид мерило.А што би било мерило ако не своите постапки во секојдневјето.Секојдневјето е тоа што не движи и води низ појавата наречена живот.Ако му се дозволи на некој да манипулира и тестира со нас и едноставно не се заштитиме од таквите личности,значи дека сме им дозволиле,да си поигруваат со нас,тогаш може да се наречеме дека сме возрасни деца,зошто нашето созревање уште е на пат и сеуште не пристигнало,а ако продолжите да им верувате на таквите манипулатори,тогаш би се прекрстиле во зелени возрасни деца.Што се тиче,мојата личност,сепак мислам дека во мене чучи тоа мало дете,и незнам кога би пораснало,ако не ја дожиувее во мене и таа негова детска старост.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Да се Љуби вистински треба да се порасне до Дете!-убаво рекол Мика Антиќ. Под тежината на животот,со срушените идали,неисполнетите желби,разочарувањата и сите негативни работи кои не пратат во животот,дозволуваме да го убиеме тоа мало дете кое чучи во длабочината на душата на секој човек.Понекогаш и самите сакаме да го сокриеме поради некои нешта,да се направиме некој и нешто итд.но сетоа тоа му штети на тоа мало дете склупчано во нас и изумира а со тоа и нашата душа и нашето срце.Затоа за некои луѓе ги нарекуваме ладни ко камен,немтури,заледени.Млад си се додека тоа мало дете живее во тебе.Еднаш згрешив во животот кога малтене го убив тоа во мене и сакав со сила да се прикажам зрела особа за да не ми се смеат и шалат со мене пријателите но имав среќа ....Не ми е срам сега да подадам раце кон некого,да му ја истегнам или расчупам косата,да седнам на трева и играм заедно со деца,да се препелкам или безразложно да се смеам.....Возрасни деца се како мелем на рана,раме за плачење,ковчег полн со интересни богатства, најсаканите особи на овој свет што на жалост малку ги има....На форумов на жалост освен едно Дете на забележав други, можеби и затоа иде во правец во кој е сега.....Достоевски рекол-Јаден е тој во кого нема ништо останато од дете !