Водно

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Водно е средновисока македонска планина сместена во јужниот дел на Скопската Котлина. Водно има поволна географска положба, бидејќи во негова близина се наоѓаат важни патишта, железници и најпрометното место во земјата, градот Скопје.
Највисоката точка на Водно е врвот Крстовар, висок 1066 м. каде се наоѓа Милениумскиот крст - најголем крст во свето. До крстот сообраќа кабинска жичница која го носи името на крстот.
Водно денес и покрај тоа што е значаен туристички центар има мала посетност на туристи и туристичко-угостителски објекти.
Државата треба повеќе да вложува во природните убавини што ги има планината Водно, но и посетителите не треба да ги оставаат огновите недогасени, ѓубрето често пати насекаде е расфрлано а има и доста диви депонии на кои се фрла смет во големи количини. Тоа е една од пречките зошто Водно нема доволно туристи. Но најголема пречка е тоа што Водно нема стратегија за развој на туризмот.
Посетеноста на Водно е релативно слаба бидејќи нема доволно информативен и пропаганден материјал со кој би ги привлекол туристите.

Туризамот на Водно може да го поделиме на:
  • Рекреативен (туристите дошле да го видат Водно и да ги посетат неговите: потоци,водопади пештери предели или на излет)
  • Културен (туристите ги посетуваат културните манифестаци, црквите, манастирите спомениците и др.)
  • Модерен (туристите дошле со намера да ги посетат: дискотеките, рестораните, хотелите, резиденциите.)
Жичницата „Милениумскиот крст“е жичарница со кабини на планината Водно во Скопје, чие главно и последно одредиште еМилениумскиот крст на Водно. Со неа стопанисува превозникот ЈСП Скопје.
Tендерот за изградба на жичарницата е распишан на 25 ноември 2009, со краен рок за пријава на проктанти и изведувачи на 11 февруари 2010. Проектот за жичарницата до Милениумскиот крст е изработен од Министерството за транспорт и врски и проектантската куќа ИНПУМА, а од него е наполно исклучена фондацијата „Милениумски крст“
Жичарницата (т.е. првиот дел) е пуштена во употреба на 3 јуни 2011.

Милениумскиот крст се наоѓа на врвот Крстовар на планината Водно, непосредно над градот Скопје. Изграден е во 2002 год. Со 66 м височина, ова е највисокиот објект во Македонија. Неговите архитекти се Јован Стефановски-Жан и Оливер Петровски. Изграден е во чест на две илјади години христијанство во Македонија и доаѓањето на новиот милениум.

Конструкцијата на крстот започнала во 2002 и била финансирана од Македонската Православна Црква, македонската Влада и донатори од Македонија и Македонци од целиот свет. Крстот е изграден на највисоката точка на планината Водно на место познато како „Крстовар“, што значи Место на крстот, бидејќи таму во минатото се наоѓал помал крст. На 8 септември 2008, денот на независност на Република Македонија, во внатрешноста на крстот бил вграден лифт.


Официјална страница на жичницата „Милениумски крст“
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Последен пат бев на крај на Фебруари, за прв пат на жичарата. Инаку, штом се стопли секоја година неколку пати месечно идам на Водно, на лето може и еднаш неделно, ако не и повеќе.

tumblr_m1ya2fLOfh1rn63u3o1_500.jpgtumblr_m1ya4zlnvi1rn63u3o1_500.jpgtumblr_m1ya7vFrp81rn63u3o1_500.jpg
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
миљон пут сам бија и увек ми е интересно, башка тамо кидаше у спортску ориентацију : ) увек прво фторо или трето место осфајаше : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mila mila

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Сум била, највеќе ми се допаѓа навечер кога свети Скопје. Глетката е феноменална :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
Како помала секоја недела ме носеле моите :)
До крстот имам отидено два пати,еднаш со кола и еднаш пешки (:|
А на жичарава уште не сум се возела